Американска механичарка добила отказ, откако колегите ги виделе нејзините провокативни фотографии (ФОТО)

Механичарка од американската држава Индијана ја загуби работата затоа што нејзините шефови откриле дека објавува експлицитни фотографии на интернет.

Кирстен Вон (24) била отпуштена во февруари од Дон Ајрес Хонда, што продава користени автомобили во Форт Вејн. Околу еден месец порано, таа се регистрирала на веб-страницата за возрасни „OnlyFans“, каде продавала свои фотографии и снимки.

На страната, претплатниците плаќаат за пристап до фотографиите и видеата од аматерска порнографија. Веб-страницата станала уште попопуларна за време на карантинот, а само во Сан Франциско имало 60.000 нови членови во март.

Кирстен била една од нив, но нејзината одлука да се приклучи на платформата ја чинела другата работа. Поранешната механичарка изјави за BuzzFeed News дека е лута откако била отпуштена од работа.

„Бев феноменален работник со одлични резултати и никогаш не направив проблем“, рече таа. „За време на работното време, ја завршував својата работа и бев добар работник“.

I can do both, and I WILL, currently working on getting my work permit so I can offer FREE diags to those in need on sundays and offer discounted services for 30$/labor hr 🙂 excited to get this ball rolling but with so much going on, its inch my inch, these days. And that's okay! Dont ever compare yourself to others. Compare yourself to YOU. Be the best YOU, YOU, CAN BE. I'm getting there, but still as determined and tenacious as ever, you can never snuff my fire! #femalemechanic #femalewelder #autoshop #femaleentrepreneur #workingforyourself #bluecollarbabes #bluecollarbabe #womenwhowrench #girlswhowrench #shecandoboth #nevergiveup #tenacious #explorepage #explore #discover #viral #womencandoboth #girlsinauto #womeninautomotive #tradebabes #tradielady #tradieladyclub #womenwhoweld #womenintrades #tattedbabes #tattedgirlsofig #tattedmechanic #mechanic #hondagirl #hondamechanic @stevenanselm

A post shared by Kirsten Vaughn (@ms.reds.wrenching) on

„Сè беше соодветно додека бев на работа. Носев работна облека. Го правев она што требаше да го направам“.

Таа признава дека го носела истиот работен костум на некои од фотографиите на нејзиниот профил на платформата, но вели дека го криела логото или што било што може да ја идентификува компанијата каде што работела.

Но, менаџментот на компанијата го открил нејзиниот профил откако вработените започнале да ги гледаат нејзините снимки на работа и и се потсмевале за тоа. Тие го нашле нејзиниот профил на OnlyFans, откако таа го спомнала на Инстаграм.

Нејзините колеги не се казнети затоа што гледале експлицитен материјал на работа или за нивното однесување кон Кирстен. „Ако гледаа порнографија дома, ништо од ова немаше да се случи“.

I'll post this because I'm not the only one to get this, so I'll say this loud and clear MY SKILLS AS A TECHNICIAN AERNT SUDDENLY GONE BECAUSE OF MY ADULT CONTENT, AND I AM MORE THAN MY BODY. You can have brains and embrace your sexuality and femininity. Period. This past few months has shown me a lot about people. But then again. It's a good thing I live MY LIFE, for ME. I wont stress over acclimating to a strangers vision of what or who I should be. So to anyone feeling guilty or bad about yourself, remember your life is for you, live one you're proud of and remember the source of your criticism, we all have opinions 🤷‍♀️🤷‍♀️ and some people's opinions shouldn't mean a thing to you. Life is to short #shecandoboth #femalewelder #femalemechanic #girlswhowrench #girlmechanic #bluecollarbabes #bluecollarbabe #goodvibesonly #positivevibesonly💯 #fuckthehaters #savagexfenty #hondagirl #hondatech #inspire #mechanic #dirtyhandshappyheart #dirtyhandscleanmoney #tattedwomen #inkedandfit #inkedbabes #tradeswomen #welderbabes #babeswhoweld #babeswhowrench #womeninautomotive #womenwhowrench #wrenchmonkey #womenempowerment #liveyourlife #tenacity

A post shared by Kirsten Vaughn (@ms.reds.wrenching) on

Компанијата одговори на прашањата на новинарите дека младата жена била отпуштена заради кршење на политиката на компанијата, не само заради „ OnlyFans “. Но, тие не прецизирале кои правила ги прекршила.

Кирстен исто така тврди дека не е единствената вработена што има профил на платформата. Таа додава дека еден нејзин машки колега се појавил со партнерот и бил задеван од другите, но не бил казнет.

Кирстен вели дека не жали за отворањето на профилот на OnlyFans затоа што сега заработува повеќе отколку што заработувала како механичарка.

Видео: Во руски ракатен напад урната ТВ кулата во украинскиот град Харков

Телевизиска кула, висока 240 метри, во украинскиот град Харков вчера се преполови и се урна на земја по рускиот ракетен напад врз телевизиската инфраструктура, соопштија локалните власти,.

Во прекин е емитувањето на ТВ сигналот во вториот по големина украински град, што во последните неколку недели беше цел на серија руски напади со ракети и беспилотни летала.

-Во моментов има прекин во дигиталниот телевизиски сигнал, изјави регионалниот гувернер Олех Синијехубов. Тој додаде дека нема жртви бидејќи работниците биле во засолниште.

На снимката од местото на настанот се гледа како главниот столб на кулата се крши и паѓа додека облак чад се крева на небото.

Од снимката не е јасно што ја погодило кулата, но властите во Харков рекоа дека Русија најверојатно во нападот користела крстосувачка ракета „Кх-59“.

Русија првпат ја нападна телевизиската кула во Харков на почетокот на март 2022 година, непосредно по почетокот на инвазијата врз Украина. Сигналот, и тогаш, беше во прекин. /МИА

Сообраќајот по влажни коловози, застои нема

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно влажни коловози.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

На денешен ден

23 април 2024

- Денеска е Светски ден на книгата и авторското право

1564.- Во Стратфорд е роден Вилијам Шекспир, англиски поет и еден од најголемите драмски писатели во светот. Во своите многубројни драмски дела уметнички силно ги прикажал универзалните човекови дилеми и заплети. Најпознати негови дела се „Хамлет“, „Магбет“, „Ричард Трети“, „Кралот Лир“, „Ромео и Јулија“ и „Отело“. Умрел во Стартфорд, на 23 април 1616 година.

1792.- Создадена била француската химна „Марселеза“ која не ја компонирал професионален музичар, туку инженерскиот капетан Руже де Лил и тоа како марш. Химната ја пееле револуционерните војници на маршот од Марсеј до Париз.

1858.- Во Кил е роден Макс Планк, германски физичар, основач на Квантната теорија, хипотеза дека енергијата се емитува и се апсорбира само со дискретни количества. Работел и на теоријата за хемиска рамнотежа и на формулирањето на термодинамичките принципи. Во 1918 година ја добил Нобеловата награда за физика. Умрел во Гетинген, на 4 октомври 1947 година.

1891.- Во Сонцовка е роден Сергеј Сергеевич Прокофјев, руски композитор и пијанист, еден од најоригиналните советски музички творци. Творештвото му е проткаено со руска национална музика, но во исто време и со модерна според стилот на тонското изразување. Негови познати дела се балетите „Ромео и Јулија“, „Пепелашка“ и „Приказни за камениот цвет“. Умрел во Москва, на 5 март 1963 година.

1897.- Роден е канадскиот државник Лестер Боулс Пирсон, шеф на дипломатијата од 1948 до 1957 година и премиер на Канада од 1963 до 1968 година. Добитник е на Нобеловата награда за мир во 1957 година.

1938.- Судетските Германци, побарале полна автономија во рамките на Чехословачка. Бидејќи автономијата не ги задоволувала, со Минхенскиот договор - со несакана согласност на западните демократии Велика Британија и Франција, во септември 1938 година тој дел на Чешка бил припоен кон Германија, со што во март 1939 година Чехословачка била целосно окупирана и распарчена. Од остатокот на Чешка бил формиран протекторатот Чешка и Моравска. Прикарпатска Русија (Украина) била припоена кон Унгарија, како и јужните делови од Словачка со што била формирана таканаречената независна Словачка.

1941.- Грчката војска во Втората светска војна капитулирала пред трупите на Германија, а кралот и владата ја напуштиле окупираната земја.

1945.- Советската армија во Втората светска војна ги ослободила германските логори Сексенхаузен и Равенсбирк.

1972.- Во Скопје бил поставен камен-темелник на Соборниот архиепископски храм на Македонската православна црква „Свети Климент Охридски“, кој е осветен на 12 август 1990 година.

1975.- Последната сајгонска (јуужновиетнамска) влада поднесла оставка, а претседателот на САД Џералд Форд едноставно признал дека Американците претрпеле пораз во Виетнамската војна.

1986.- Умрел американскиот филмски режисер од австриско потекло Ото Премингер, пионер во примена на „широкото платно“ кој внел длабока смисла за анализа на човечките карактери. Филмови: „Лаура“, „Ангелско лице“, „Кармен Џонс“, „Река без поврат“, „Човекот со златната рака“, „Св. Јованка“, „Бура над Вашингтон“, „Добар ден таго“, „Анатомија на едно убиство“, „Егзодус“, „Кардинал“.

1989.- Во Скопје умре проф. д-р Владимир Картов, професор на Правниот факултет во Скопје, истакнат научен работник, особено во областа на историјата на македонскиот народ. Роден бил во селото Смоквица, Гевгелиско, во 1934 година.

1990.- Кинескиот премиер Ли Пенг допатувал во Москва, во прва посета на Советскиот Сојуз како премиер на Кина после 26 години.

1992.- Умрел индискиот филмски режисер Сатјаџит Рај, еден од најголемите филмски творци на 20 век. Негови најпознати филмови се „Непобедливи“, „Апуов свет“, „Каменот на мудроста“, „Салон за музика“, „Рабиндранат Тагоре“, „Три девојки“, „Метропола“ и други.

1996.- Лансиран бил петтиот и последен модул на руската вселенска станица „Мир“ - научната лабораторија „Природа“, опремена со многу уреди, вклучувајќи оптички инструменти за истражување на ресурсите на Земјата.

1997.- Претседателите на Русија и на Кина, Борис Елцин и Џанг Цемин, потпишале декларација со која се спротивставиле на доминацијата на САД по завршувањето на студената војна.

1998.- Умрел грчкиот државник Константин Караманлис, претседател на Грција од 1980 до 1985 година, основач на партијата Нова демократија. Првпат станал претседател на владата во 1955 година, и на таа функција останал до 1963 година, кога доброволно емигрирал. Повторно составил влада во 1974 година, по падот на воената хунта, одигрувајќи клучна улога во обнова на демократијата во Грција.

2003.- Демаркациската линија под контрола на Обединетите нации која од 1974 година го дели Кипар на јужен грчки и северен турски дел била отворена за населението по цели 30 години. За само една недела околу 150.000 луѓе престојувале на територијата на другата етничка заедница.

2007.- Починал Борис Елцин, првиот руски претседател по распаѓањето на Советскиот Сојуз - од 1991 година до крајот на декември 1999 година. Роден бил на 1 февруари 1931 година во селото Бутка, во Талицкиот реон на Свердловската област. Автор е на книгите „Исповед на дадена тема“, „Записи на претседателот“ и „Претседателски маратон“.

2011.- Поранешниот холандски министер за надворешни работи, а потоа и дипломат кој ширум светот се бореше за заштита на човековите права, Макс ван дер Штул починал на 86-годишна возраст. Макс ван дер Штул, во Македонија посредуваше за надминување на проблемите со Тетовскиот универзитет, чие основање го најави демократскиот пресврт во релациите меѓу двете најголеми етнички заедници во земјата.

2015.- На 76-годишна возраст почина актерката Сузан Максут, доајен на НУ Турски театар. Од 1962 година е член на ансамблот на Турската драма при Театарот на народностите каде што има одиграно голем број улоги се до пензионирањето во 2001 година. Попознати актерски остварувања се Дездемона во „Отело“, Мерима во „Омер и Мерима“, Катрин Хауп во „Мајка храброст“, Ширин во „Легенда за Љубовта“, Медеа во „Медеа“, Ајше во „Цвеќарот Али“. Добитник била на наградите Актер на годината на весникот „Бирлик“и Награда на Град Скопје „13 Ноември“. Учествувала во голем број телевизиски, филмски и радио-проекти. Играла во филмовите „Најдолгиот пат“, „Исправи се, Делфина“, „Време, води“ и „Македонска сага. /МИА

притисни ентер