АлтернАтивА: Изречените казни за пожарот во модуларната болница во Тетово е втор пожар

Денеска, кога беа изречени казните за пожарот предизвикан во модуларната болница на 8 септември 2021 година, при што загинаа 14 пациенти, уште еднаш се докажа дека, институциите на правдата не делат правда.

Катастрофална штета, во пожар изгореа 14 пациенти, да се казни со т.н. условни казни е втор пожар за жртвите и нивните семејства.

Основното прашање што се поставува во овој случај е дали ќе ја имавме истата казна доколку директорот на болницата не би бил брат на постојаниот министер на секоја влада, Фатмир Бесими?

Додека следното прашање е каква е улогата на Алијансата за Албанците, која раководи со Министерството за правда? Кој е нејзиниот придонес и која е неговата заслуга кон овие крајно политизирани пресуди?

Денешната пресуда ја потврдува нашата констатација, многупати изјавена, дека Европската Унија мора сериозно да размисли за овој аларм, бидејќи единствената надеж за правда во Македонија е судскиот систем целосно да се редефинира, со цел да се деполитизира и да се стави на услуга на сите граѓани.

АлтернАтивА – Скопје

Сандерс: Не е антисемитски да се каже дека владата на Нетанјаху уби 34.000 Палестинци

Американскиот сенатор Берни Сандерс денеска му порача на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху дека „не е антисемитски да се каже дека екстремистичката влада“ на Нетанјаху убила повеќе од 34.000 Палестинци.

Американскиот сенатор Берни Сандерс денеска му порача на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху дека „не е антисемитски да се каже дека екстремистичката влада“ на Нетанјаху убила повеќе од 34.000 Палестинци и повредила повеќе од 77.000 за нешто повеќе од шест месеци.

„Господине Нетанјаху, антисемитизмот е гнасна и одвратна форма на фанатизам што на милиони луѓе им нанесе невидена штета. Но, ве молиме, не ја навредувајте интелигенцијата на американскиот народ обидувајќи се да ни го одвлечете вниманието од неморалните и незаконски политики на вашата екстремистичка и расистичка влада“, напиша Сандерс на својот профил на мрежата X.

Почнува втората фаза од парламентарните избори во Индија

Денеска во Индија почна втората фаза од гласањето на најголемите избори во светот.

Денеска во Индија почна втората фаза од гласањето на најголемите избори во светот, додека актуелниот премиер Нарендра Моди и неговите ривали се фокусираат на горливите прашања како што се верската дискриминација, позитивната дискриминација на обесправените групи и даноците. Речиси една милијарда луѓе имаат право да гласаат на парламентарните избори во Индија.

Индиските 5-неделни парламентарни избори денеска влегоа во нивната втора фаза со гласање во 4 држави во североисточниот дел на земјата. Безбедносните мерки се на зголемено ниво заради спречување на обидите на вооружени сепаратисти или племенски групи да го нарушат гласањето.

Владејачката Индиска конгресна партија и партијата на Хинду националистот Баратија Џаната предводат коалиции од помали и регионални партии.

Изборите ќе се одржат во 10 фази и треба да завршат до 12 мај. Пребројувањето на гласачките ливчиња ќе трае до 16 мај, кога се очекуваат и првите резултати.

Во петте недели право на глас имаат околу 815 милиони луѓе.

Саудиски „Арамко“ нов глобален партнер на ФИФА

Саудискиот нафтен гигант „Арамко“ ќе биде главен глобален партнер на Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА) заклучно со крајот на 2027 година, соопшти ФИФА.

притисни ентер