Алијанса за Албанците и АлтернАтивА: На Висар Бетон му донираме вреќа цемент

„Аирлија работа, Зелен градоначалнику!“

Денес сме овде пред Општина Чаир, со цел во духот на новата еколошка агенда објавена од Демократската унија за зеленило, да му помогнеме на градоначалникот на Чаир, г. Висар Ганиу, во неговите заложби за уредување на зелените површини во нашиот Чаир. Како што веќе знаете, Чаир е најдобрата општина во Македонија во поглед на зелените површини и затоа е номинирана за престижната меѓународна награда на ООН за „најзелена општина во светот“.

Како градоначалник кој веќе четири години успеа да го озелени секој агол од нашиот Чаир, да го елиминира вишокот бетон и да се бори против бетонирањето на Чаир, ние имаме обврска да му се заблагодариме и како благодарност да му подариме една вреќа цемент, со цел да изгради неколку бетонски пешачки патеки околу парковите и цвеќињата што ги има засадено во Чаир. Ние знаеме дека тој мрази бетон, па затоа нема изградено ниту една дланка бетон во текот на овие години во Чаир, но ние љубезно го замолуваме да ја прими оваа вреќа цемент, бидејќи тој самиот никогаш не би помислил да изгради милиметар бетон.

По освојувањето на наградата „Најзелена општина на светот“, сигурни сме дека Висар Ганиу ќе биде поканет да раководи со Градот Копенхаген, за да ги научи и Данците како се градат зелени општини. Неговото искуство во создавање зелени површини би било особено корисно за бетонираните региони, како што се скандинавските држави. Оваа е причината што денес го честиме со оваа вреќа цемент и го изразуваме нашети восхитување што нашата општина ја раководи толку квалитетен, толку еколошки и толку зелен кадар.

Всушност, работата на градоначалникот Висар Ганиу не може да се објасни поинаку, освен со албанската поговорка која од прилика гласи вака „градина не се гради со Договори, туку со лопати“. Аирлија работа, Зелен градоначалнику!

ЛШ во ракомет: Барселона на чекор до полуфинале

Ракометарите на Барселона направија голем чекор кон пласман на завршниот турнир во Лигата на шампионите со победата од 30-22 (11-14) на гости кај богатиот ПСЖ во првиот четвртфинален натпревар.

Екипата на Барселона направи „брејк“ на гостувањето кај најскапиот клуб кој настапува во Лигата на шампионите и со една нога е меѓу учесниците на завршницата во европската ракометна елита. Шпанскиот шампион на првиот четвртфинален натпревар против ПСЖ извојува голема победа од 22-30. Парижани одиграа одлично прво полувреме и имаа сигурна предност, но во второто на изненадување на сите и на разочарување на фановите во салата се распаднаа и доживеаја тежок пораз од осум гола разлика.

Медиуми: Израел е подготвен да прифати ослободување на помалку од 40 заложници

Израел е подготвен да прифати ослободување на помалку од 40 заложници, пишуваат израелските медиуми.

Израелскиот Воен кабинет сега е подготвен да прифати ослободување на само 20 заложници во првата фаза од договорот под услов да бидат ослободени жени, мажи над 50 години и тешко болни, а кабинетот вчера го овласти израелскиот преговарачки тим да разговара за пофлексибилен пристап со египетската делегација, која денеска во Тел Авив ќе има дополнителни разговори, објави израелската интернет страница Инет.

Израел е подготвен да го ублажи своето барање Хамас да ослободи 40 заложници во замена за привремен прекин на огнот во Појасот Газа, откако палестинската милитантна група ја одби понудата подготвена од преговарачите во Катар- Египет и САД, пишува Тајмс оф Израел повикувајќи се на израелски портали.

Претходниот предлог вклучуваше ослободување на 40 заложници во наведените категории, но Хамас соопшти дека нема толку многу жени, мажи над 50 години и тешко болни кои се уште се живи.

Посредниците од Катар, Египет и САД им дадоа на страните во конфликтот, Израел и Хамас, нов предлог за прекин на огнот во Појасот Газа, што треба да се спроведе во три фази. Првата фаза вклучува ослободување на 40 израелски заложници кои ги држи Хамас во Појасот Газа во замена за ослободување на 900 Палестинци од израелските затвори, меѓу кои и 100 со казна доживотен затвор. Второ, враќање на раселените Палестинци во северниот дел на Појасот Газа и трето, дневен влез во енклавата на 500 камиони со хуманитарна помош.

АСО: Поскапувањето на осигурувањето за регистрација на возилата е неоправдано

Агенцијата за супервизија на осигурување ја известува јавноста дека зголемувањето на цената на полисите за задолжително автомобилско осигурување е неоправдан чекор на осигурителните компании.

По добиените известувања од осигурителните компании дека ќе ја зголемат цената направени се актуарски пресметки за проверка. По извршените актуарски пресметки утврдено е дека зголемувањето на цената, со дадените образложенија, не е оправдано.

Поради тоа АСО го информираше и достави предлог до Министерството за финансии, во рамки на неговите законски надлежности, да иницира изготвување и донесување нова тарифа на премии за задолжително осигурување од автомобилска одговорност. И со тоа да го ограничи износот на режискиот додаток што ќе овозможи намалување на цената на полисите за задолжително осигурување од автомобилска одговорност, стои во соопштението од Агенцијата за супервизија на осигурување .

притисни ентер