Алгел: Вевчанскиот карневал уникатен и со традиција - Канал 5

Алгел: Вевчанскиот карневал уникатен и со традиција

Групни и индивидувални маски почнаа да се движат низ вевчанските улици. Полека се собираат кон збирното место, односно почетокот на селото од каде традиционално ќе тргне дефилето на Вевчанскиот карневал.

Алгел: Вевчанскиот карневал уникатен и со традиција

Претседателот на Федерацијата на европски карневалски градови, Ларс Алгел, втора година присуствува на карневалот и го оценува како уникатен со вековна традиција.

-Вевчанскиот карневал е нешто уникатно, традицијата е многу стара. Мислам дека е најстар Карневал во Европа. Бев овде минатата година и беше толку убаво. Моите сеќавања се прекрасни. Некои луѓе ме прашуваат што е најдобро? Најдобро е да се има уникатен карневал и со оваа традиција единствен во Европа, тоа е неверојатно, рече Алгел.

Градоначалникот Спасе Кочовски очекува уште едно успешно карневалско издание.

-Се надевам дека ќе поминеме уште еден од нашата плеада убави денови. Денес и утре ќе биде забавно во Вевчани и ќе ја почнеме новата година со нова енергија, истакна Кочовски.

За темата и содржината на маските вели дека не знае, но и доколку се препознае во маските рече дека ќе го прифати нормално.

-Ако сум згрешил нешто ќе го видите и тоа. Незнам какви маски ќе има. Ќерка ми се маскира, но незнам во што. Во една куќа се маскираат во друга, ја довршуваат маската со шминки, рече Кочовски.

Тој вели дека иако имал состанок со двете василичарски групи Горна и Долна маала, не може да им сугерира во однос на содржината на маските. Сепак, вели Кочовски, Вевчанскиот карневал е татар на отворено и не треба да има лутење. Целта на карневалот, нагласува, не е навредување кон никој.

Бројот на маски, учесници на карневалот, според туризмологот Александра Велкоска, расте поради учеството на се помали дечиња. Годинава најмалиот василичар е три месечно девојче.

-Бројот на маскирани никогаш не го знаеме, ниту пак знаеме какви ќе бидат маските. Во тоа е и убавината на карневалот, во неговата спонтаност и таинственоста на маските се до дефилето, вели Велкоска.

Дефилето под маски се очекува по 14 часот кога двете василичарски друштва Горна и Долна маала ќе тргнат од влезот на селото, традиционално предводени со зурли и тапани, зетот, невестата, двата ѓаволи, Глупавите Августи. По нив се движат останатите маски инспирирани од актуелните политички и секојдневни случувања.

Секое карневалско издание за вевчанци е доживување. Инспирација за изработка на маските црпат од актуелните случувања во годината што изминала. Вевчанци ќе кажат се, но до дефилето не откриваат во што ќе се маскираат.

Манифестацијата завршува со традиционалното василичарско оро и палење на маските во центарот на Вевчани, на 14 јануари.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ВМРО-ДПМНЕ: Сакајќи да се извлечат, Барбов, Филипче и Заев дополнително се зеплеткаа во лагите

Сакајќи да се извлечат, Барбов, Филипче и Заев дополнително се зеплеткаа во лагите, како е можно невролог да дава мислење за хируршкa интервенциja во Бугарија?

ВМРО-ДПМНЕ: Сакајќи да се извлечат, Барбов, Филипче и Заев дополнително се зеплеткаа во лагите

Сакајќи да се извлечат од случајот со Ива Михаилова, Барбов, Филипче и Заев дополнително се заплеткаа во сопствените лаги.

Така, обидувајќи се да се дистанцира од случајот и да се претстави како некој што не бил запознаен со сите околности, докторот Барбов отвори дополнителни дилеми за начинот на кој постапувал и за оправданоста на преземените медицински чекори.

Јавната изјава на Барбов дека не знаел за каква сообраќајка станува збор, но знаел дека Михаилова имала бугарско осигурување, е повеќе од трагикомична и наместо да се дистанцираат и да се правдаат, триото Заев, Филипче и Барбов треба да дадат одговор на неколку суштински прашања.

Како е можно невролог да дава мислење за хируршки интервенции и врз основа на што била дадена конзилијарна препорака, ако пациентката не била упатена на лекарски конзилиум и не поднела барање за конзилијарно мислење?

Зошто пациентка по претрпена траума, Барбов не ја упатил на соодветен преглед кај неврохирург или трауматолог и дали заедно со Филипче и Заев сакале да му направат услуга на Румен Радев со тоа што набрзина сакале да го затворат случајот и Михаилова да ја упатат на лекување во Бугарија?

Фактот дека Македонија и Бугарија имаат билатерална соработка во областа на здравственото осигурување не значи дека може да се постапува произволно, туку постојан јасно пропишани правила, кои пациенти во кои случаи добиваат лекарска грижа или лекување во други држави, а не вака како што Барбов го скроил упатувањето.

А, со ваквата препораката за лекување на Михаилова во Бугарија, Барбов, Филипче и Заев дополнително ги поминале своите ингеренции.

Ова трио целосно се соголи, веќе е јасно којшто направил и која улога ја имал, но наместо со изјави да се вадат од случајот со Мијаилова, Барбов, Филипче и Заев треба да дадат одговори за постапките, улогите и за одлуките што биле донесени.

Со почит,

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Напаѓач уби четири лица, од кои три деца, во основно училиште во Орегон во САД пред да биде застрелан

Шеснаесетгодишен напаѓач отвори оган во основно училиште во Бенд, Орегон,САД убивајќи четири лица, меѓу кои и три деца, пред да биде убиен од вооружен член на заедницата кој го гонел напаѓачот во училиштето, соопшти полицијата.

Напаѓач уби четири лица, од кои три деца, во основно училиште во Орегон во САД  пред да биде застрелан

Напаѓачот влегол во основното училиште пукајќи низ заклучени врати, соопшти полицијата, без да даде никакви детали освен возраста на осомничениот. Загинатите се деца на возраст од 5, 8 и 11 години и еден наставник.

Покрај тоа, еден 7-годишен ученик и еден 54-годишен наставник се однесени во болница со критични повреди, изјави началникот на полицијата.

Гувернерката на Орегон, му се заблагодари на членот на заедницата кој „херојски интервенирал за да спречи понатамошно губење на животи“.

Градот Бенд е со околу 100.000 жители во руралниот централен дел на Орегон. Учелиштетео каде беше пукањето е за деца од градинка до петто одделение, на возраст од приближно 5 до 11 години, и има околу 450 ученици и 40 членови на персоналот, соопштија официјални лица.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

СДСМ: Ново задолжување од 92 милиони евра на 20 октомври, уште колку?

Државата повторно излегува на пазар да се задолжува. 92 милиони евра државни хартии на 20 октомври. 

СДСМ: Ново задолжување од 92 милиони евра на 20 октомври, уште колку?

Уште едно задолжување, уште една бројка, уште милиони.

Уште една дупка. Уште еден кредит што граѓаните ќе го враќаат.

Колку уште? Четири милијарди евра Мицкоски направи долгови за две години.

Половина од долгот од независноста. Втор ребаланс, трет најавен.

Секоја недела нови десетици милиони евра врз грбот на народот. Сега 92 милиони евра. Утре пак.

Арамијата Мицкоски полни дупки со нови задолжувања наместо да прави буџет за следната година.

Парите одат на криминални тендери, на Гета од 5,53 милиони, на провизии. Не на пензии. Не на плати, не за поголема минимална плата. Не за земјоделците.

Министерката Кочовска зборува за стабилна економија. Стабилна со 4 милијарди долг?

Стабилна кога три минимални плати не ја покриваат кошничката со ќирија за стан за едно семејство?

Стабилна кога младите се пакуваат и заминуваат?

Светска банка вели имаме третина од стандардот на ЕУ. Не трета економија во Европа. Третина од стандардот во ЕУ.

Задолжувањето не е развој. Задолжувањето е сметка за идните генерации.

Додека арамијата црта бајки, државата се задолжува. Народот плаќа.

Власта ќе се врати во рацете на граѓаните. Бандата ќе одговара. Пред независно судство и пред Лаура Ковеши.

Скопје, 16.10.2026

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер