Алфа Ромео се подготвува за напад на германското трио - Канал 5

Алфа Ромео се подготвува за напад на германското трио

Познатиот италијански бренд ќе стане значително поинтересен за европските клиенти, но дали може да украде значителен дел од колачот на Audi, BMW и Mercedes?

Алфа Ромео се подготвува за напад на германското трио

Звучи неверојатно, особено за бренд кој неодамна падна на два сериозни модели. Но, конечно пристигна Тонале, а сега се најавуваат нови инвестиции од Стелантис. Првиот човек на Alfa Romeo, Жан-Филип Импарато, потврди за холандскиот Autoweek дека наскоро доаѓаат нови, големи модели.

Терминот голем овде значи дека тоа се модели над Stelvia во сегментот SUV и Giulia во сегментот на седан. Ако го преведеме ова на јазик што сите го разбираат, тоа значи дека Alfa Romeo би можела да им понуди ривали на BMW X5 и X6, но и на Серијата 7, на пример.

Звучи неверојатно, но работите стануваат појасни кога Imparato ќе појасни дека целта се сегментите со најголем профит, а тука е Кина, земја во која побарувачката за поголеми модели постојано расте.

Imparato веќе ги спомена новите SUV модели, а сега за прв пат потврди дека се работи за големи модели. Кога станува збор за помалите модели, познато е дека субкомпактниот кросовер сместен под Tonale треба да пристигне на пазарот во 2024 година. Инаку, Alfa Romeo до 2026 година ќе лансира дури пет нови модели.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Груби останува во куќен притвор до 13 септември

Поранешниот вицепремиер Артан Груби останува во куќен притвор, кој му е продолжен откако вчера беше поднесено обвинение за случајот ,,Лотарија”, информираа од Кривичниот суд.

Груби останува во куќен притвор до 13 септември

Судењето против Груби и останатите седум обвинети во овој случај ќе стартува на 24 август.

Груби ќе седне на обвинителна клупа, но не за „проневера во службата“, туку за „злоупотреба на службената положба“. Од обвинителството појаснуваат дека при одредување на правната квалификација во поднесеното обвинение, надлежниот јавен обвинител се водел од доказите прибрани во текот на истражната постапка.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

„Ертракторите“ цел дел гаснат над Рамни Габер, активни пожари има на осум места

Состојбата со пожари на отворен простор денеска е подобра во однос на вчера, но повторно досега има дваесетина пожари, од кои 8 се активни во овој момент, соопшти попладнево директорот на дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов.

„Ертракторите“ цел дел гаснат над Рамни Габер, активни пожари има на осум места

Како најкомплексен пожар за гаснење останува пожарот во Студеничани, над селото Рамни Габер. Цел ден дејствуваат етракторите, значително е намален поголем дел од горните краци, но потребно е уште многу работа за истиот да биде изгаснат – вели Ангелов.

Пожар попладнево избил и во атарот на село Борино и село Житоше, во Крушево. Ангелов вели дека се работи за тешко пристапен терен и таму ќе биде упатен еден полициски хеликоптер кој набргу треба да започне со дејство, бидејќи во близина има непосреден извор за полнење на вода.

Сериозен пожар попладневo избил и во велешко – во селото Салм. Ангелов вели дека пожарникарите водат битка да го заштитат селото, но посочи дека верува во нив и очекува уште денеска да биде изгаснат.

YouTube video

Ангелов соопшти дека вчера имало и иницент во прилепско, каде што двајца пожарникари биле физички нападнати.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

СДСМ: 21 век - Во Гостивар здравица за вода што цел месец беше фекална

Во Гостивар денеска видовме слика што ќе остане запаметена. Политичари и функционери држат здравица. Пијат вода пред камери. Велат „на здравје“ и дека е „многу вкусна“.

СДСМ: 21 век -  Во Гостивар здравица за вода што цел месец беше фекална

А цел месец граѓаните пиеја вода загадена со фекалии. Над 5.000 заболени.Повеќе од 2.000 хоспитализирани луѓе.

Болницата во Гостивар е нефункционална.Пациенти се префрлани во Тетово.

И сега, кога конечно рекоа дека водата е чиста, наместо одговорност - циркус.

Наместо извинување - здравица. Наместо одговорност - ПР спектакл.

Во 21 век во европска држава политичари пијат вода пред камери за да докажат дека повеќе не е отруена. Тоа не е успех. Тоа е срам.

Гостивар не требаше да чека еден месец. Гостивар не требаше да добие три цистерни за цел град.

Гостивар не требаше да гледа како функционери се фалат со „вкусна вода“ откако илјадници луѓе завршија во болница.

Оваа Влада и Мицкоски го претворија здравствениот и хуманитарен скандал во театар.

Граѓаните не бараат здравица. Бараат одговорност.

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер