Ален Исламовиќ: Односот со Тифа ми е никаков, одработуваме и потоа секој оди по свој пат - Канал 5

Ален Исламовиќ: Односот со Тифа ми е никаков, одработуваме и потоа секој оди по свој пат

Ален Исламовиќ проговори за односот со колегата од Бијело Дугмет, Младен Војичиќ Тифа. Тој ја допре темата по повод неговиот прв концерт во Сараево по 17 години.

Ален Исламовиќ: Односот со Тифа ми е никаков, одработуваме и потоа секој оди по свој пат

„И денес кога ќе кажеш Бијело дугме знаеш што ќе се случи. А тоа што го правиме јас, Горан, Тифа и денес се вика Бијело дугме со оркестарот на Горан. Но, без разлика на тие песни што ги напиша Горан, тоа е навистина големо богатство. Затоа што сѐ се случи во Сараево“, изјавил тој за Дневни аваз.

„Можеби некои од нив потекнуваат од други региони. Знам дека „Липе Цвату“ е создадена во Македонија, каде што Горан бил во некои албански таверни и слушал како луѓето свират интересна музика, па добил идеја да ја направи песната. Значи, тоа е богатство. Бијело дугме има широк спектар на песни за да ве разбуди. Затоа што која и да почнеме да ја изведуваме, сите пеат со нас. Но, пеат и овие нови генерации. Тоа е фасцинантно“, додаде тој.

Потоа се осврна на својата врска со Тифа.

„Тоа е измислена приказна што некој ја поттикнува. Прво, јас не сум типот што зрачи со негативност, не доаѓам на работа лут. Знаете, вие ги имате тие портири кои треба рано да стигнат на работа. Тој пцуе низ дома на сѐ што има, затоа што знае дека треба да стане во 3 и да дојде на работа во 5, знае што го чека.Чувар на таа капија до полноќ.Јас не ја третирам работата така.Доаѓам на концерти подготвен, одморен, сакам да ги забавувам луѓето, да си поминувам убаво, а не да правам проблеми“, започнал тој и искрено продолжи.

„Искрено можам да кажам, моите опдноси со Тифа се никакви. И нема потреба, затоа што не треба да бидат никакви. Подобро ако се некакви. Доаѓаме на работа, си ја одработуваме работата и секој на своја страна. Тоа е вистински професионализам.А кој не може да разбере...Мислите дека Кит Ричардс и Мик Џегер се сакаат?Воопшто не се сакаат, ама еве ги цело време на сцената.И дури и се гушкаат. Но, тие не се борат, тоа е силата на Ролинг Стоунс“, заклучил тој.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фото: Ријана ги покажа децата, ги одведе на своето посебно место

Светската музичка ѕвезда Ријана живее во нејзиниот роден крај, Барбадос, и ужива во одморот со своите три деца, што го покажа и на фотографиите што ги објави. 

Фото: Ријана ги покажа  децата, ги одведе на своето посебно место

Таа позира со своите синови и ќерката, која се роди пред единаесет месеци, а се фотографираа на улицата „Вестбери Њу Роуд“, која во нејзина чест од 2017 година го носи името „Ријана Драјв“.

Мегапопуларната Рири на своите деца им покажала каде израснала, а познато е и дека уште од почетокот на кариерата ја нарекуваат „убавицата од Барбадос“, па затоа е јасно дека ова за неа било многу емотивен момент.

„Во еден момент се чувствувам како она дете од Вестбери, а во следниот – ги носам сопствените деца на улицата на Ријана. Неверојатно е како функционира животот!“, напиша Ријана покрај фотографиите на Инстаграм.

Претходно овој месец, таа го прослави третиот роденден на својот син Раџот со раскошна забава на тема „Спајдермен“, а списанието „Пипл“ (People) објави дека прославата се одржала во нејзиниот дом на Барбадос.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фото: Легендарниот Федерер пристигна на Балканот: Погледнете каде ужива во својот одмор

Еден од најдобрите светски тенисери во историјата, сланвиот швајцарски тенисер Роџер Федерер ужива во заслужената пензија.

Фото: Легендарниот Федерер пристигна на Балканот: Погледнете каде ужива во својот одмор

Годинава, швајцарската ѕвезда го избра хрватската крајбрежје за летен одмор со семејството – дестинација што му ја препорачаа неговиот поранешен тренер и близок пријател, Иван Љубичиќ.

Судејќи според фотографиите што ги сподели со своите повеќе од 15 милиони следбеници на Инстаграм, поранешниот светски рекет број еден престојува во Истра, поточно во областа на Пула и Ровињ.

Швајцарскиот ас објави фотографии од крајбрежјето во Ровињ, од прошетките и пливањето во Јадранското Море, а се пофали и со интересните сувенири и магнети што ги пронашол таму.

– Сакам времето за одмор да го поминувам со семејството – напиша Федерер покрај објавените фотографии.

Покрај крстарењето со луксузен брод, Швајцарецот покажа дека во слободното време ужива и во едноставни активности, како што е возењето велосипед.

Неговото пристигнување на хрватското крајбрежје привлече големо внимание во регионот, а на социјалните мрежи уследија бројни позитивни реакции и пораки за добредојде од локалното население и од фановите.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ВРЕДИ: Каква врска има Груби со најавите на Ахмети за повлекување?

Обвинението за Артан Груби ги зовре страстите во ДУИ. Стравот од неговата меморија си го прави своето.

ВРЕДИ: Каква врска има Груби со најавите на Ахмети за повлекување?

Ахмети најавува повлекување од активната политика. Демек, тој сакал да се повлече, ама сопартијците не му давале. „Приказни за мали деца“, вели народот.

Одамна тврдиме дека Артан Груби е „црната кутија“ и дека од неговото присуство или отсуство зависат многу разврски.

Не случајно Бујар Османи, кој чека во низок старт, пласира прашања и теми со кои директно или индиректно го адресира Груби.

Улогата на Ислам Абази е многу важна за идните разврски во ДУИ, каде што очајно се обидуваат да создадат впечаток во јавноста дека ја контролираат ситуацијата, иако таа одамна им е надвор од контрола.

Односно, од тоа што прозборел Артан ќе зависи кој ќе оди курбан.

За Ахмети допрва доаѓаат тешки времиња. Угоре високо, удолу длабоко!

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер