Александра вели дека ја знае точната формула за разоткривање маж кој лаже - Канал 5

Александра вели дека ја знае точната формула за разоткривање маж кој лаже

Ако на социјалните мрежи ми се обрати маж кој е во врска, добро ќе ме запамети, вели Александра Брингли (45), која им помага на жените да откријат дали нивниот маж ги изневерува.

Александра вели дека ја знае точната формула за разоткривање маж кој лаже

Александра е менаџерка од Манчестер, меѓутоа, веќе седум години нејзино хоби е, како што вели, да ги разоткрива мажите кои лажат. Инспирацијата ја добила од сопственото искуство, но и од искуствата на нејзините пријателки кои многупати биле измамени.

Таа на социјалните мрежи објавува совети и трикови на кои треба да внимавате додека ги гледате фотографиите од мажите.

-На пример, овој човек. Се фотографирал во дневната соба каде ја чува целата козметика. Ова значи, станот го дели со некого. Треба да обрнете внимание на ваквите работи кога мажот ќе ви каже дека живее сам - вели Александра.

Таа ги советува жените, фотографиите што им ги испраќа некој маж да ги пребараат на Гугл, со цел да откријат дали профилот од кој разговараат е вистински или лажен.

- Најдобрата тактика е да го пребарате профилот на додворувачот и да ги прочитате сите коментари, како и коментарите на блиските пријатели и роднини, а исто така треба да ги проверите и нивните профили - често ми се случувало да налетам на свршеници на мажи кои тврдат дека се сами. На пример, еден човек, многу убав и наводно сингл, еднаш ми напиша на Тиндер. Ми кажа од каде е и дека е учител. Покрај тоа, го носеше симболот на факултетот на кој студираше на маичката. Го напишав сето тоа на Фејсбук и го најдов - само што се свршил, а неговата свршеница беше бремена - вели таа.

Извор: zena.blic.rs

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Рафиња, па Меси, а пред двајцата – Роналдо

 Бразилецот Рафиња и Барселона се недостижни за конкуренцијата во оваа рана фаза од сезоната.

Рафиња, па Меси, а пред двајцата – Роналдо

Каталoнците ја остварија својата седма победа во исто толку натпревари – и тоа седма убедлива и доминантна – во саботата навечер против Севиља (3:1).

Рафиња повторно беше централна фигура на натпреварот оваа сезона. Тој постигна нов хет-трик, втор по ред (му даде три гола и на Расинг во претходното коло) и ја продолжи својата неверојатна серија, потврдувајќи дека е во формата на својот живот. Со тоа, тој веќе го надмина рекордот на легендарниот Лионел Меси по бројот на голови во првите седум натпревари од сезоната.

Напаѓачот на Барса моментално има постигнато 12 гола во Ла Лига – еден повеќе од легендарниот Аргентинец – но сепак му недостасува уште еден гол за да го израмни рекордот на Кристијано Роналдо. Португалецот своевремено, во сезоната 2014/2015, постигна 13 гола на првите седум натпревари од сезоната.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Пет повредени во сообраќајка на магистралниот пат Охрид-Ресен

Министерсвото за внатрешни работи соопшти дека вчера во 17:30 часот, на магистралниот пат Охрид-Ресен, во близина на охридското село Опеница, се случила сообраќајна несреќа помеѓу две возила. 

Пет повредени во сообраќајка на магистралниот пат Охрид-Ресен

Министерсвото за внатрешни работи соопшти дека вчера во 17:30 часот, на магистралниот пат Охрид-Ресен, во близина на охридското село Опеница, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „сузуки витара“ со скопски регистарски ознаки, управувано од М.Ј.Р.(67) од Велика Британија и патничко возило „опел“ со битолски регистарски ознаки, управувано од Х.Б.(28) од битолското село Буково. Притоа, со тешки телесни повреди констатирани во болницата „Св. Еразмо“ во Охрид, се здобиле Д.С. и И.З., сопатници во возилото „опел“ додека кај М.Ј.Р (возач на возилото „сузуки витара)“ и А.С. и А.С., сопатнички во возилото „опел“, во Општата болница во Охрид, биле констатирани телесни повреди. По насоки на јавен обвинител, увид на местото на незгодата изврши екипа на СВР Охрид, стои во билтенот на МВР.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ВМРО-ДПМНЕ: Распродавачите на националните интереси СДС и Филипче, велат дека Македонија не е на продажба и не сакаат државата да се развива

Оние кои и ги направија најголемите предавства, кои го сменија името, потпишаа бланко документ за бугарските барања и ги распродаваа националните интереси, Венко Филипче и СДС, велат Македонија не е на продажба.

ВМРО-ДПМНЕ: Распродавачите на националните интереси СДС и Филипче, велат дека Македонија не е на продажба и не сакаат државата да се развива

Која иронија од оние кои додека го менуваа името ги убедуваа граѓаните дека со тоа Македонија ќе стане членка на ЕУ и така ќе ја омажеле во богата фамилија, а сега се против секој развој државата, а добивме само слика од авион.

Тоа се луѓето како Филипче и Зоран Заев кои дебело профитираа од промената на името и распродажбата на националните интереси, па сега имаат за златни визи и милионски инвестиции во високо катница, станови во Дубаи, додека државата се пљачкаше, а граѓаните осиромашуваа.

Тоа се тие Филипче и Заев кои ветуваа бесплатно европско здравство, а граѓаните добија руинирано здравство, само со провизии за вакцини, проценти за модуларните болници, наместени тендери и набавки.

Тоа се истите луѓе, кои ликуваат неуспех и застој на Македонија, со фирми во Бугарија, јахти во Грција, акции во индиски авиокомпании.

Додека владата се бори за инвестиција плус која ќе донесе развој на економијата, високата технолошка индустрија, рударството, повеќе работни места, СДС и Филипче се против.

Тие не сакаат во Македонија да се градат рудници и дата центри, зошто тие признаваат само марихуана економија со лиценци за медицински канабис само за блиските до струмичкиот клан.

Двојните стандарди на Филипче и СДС на кои му смета Дејвид Гета, но нема ништо против на приватна журка со Заев во Дубаи да му пее Харис Џиновиќ, нема да им поминат.

Тоа граѓаните го гледаат и затоа засекогаш ќе останат вечна минорна опозиција, пред исчезнување.

Со почит,

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер