Адвокатите на Џони Деп: Овде не стануваше збор за пари - Канал 5

Адвокатите на Џони Деп: Овде не стануваше збор за пари

Адвокатот на Џони Деп навести дека тој можеби нема да бара исплата од 10,4 милиони долари од неговата поранешна сопруга Амбер Херд, инсистирајќи дека е задоволен од неговата „тотална победа“ со која конечно го исчисти своето име.

Адвокатите на Џони Деп: Овде не стануваше збор за пари

„Очигледно е дека не можеме да ја откриеме комуникацијата меѓу адвокатот и клиентот, но како што сведочеше г-дин Деп, никогаш не се работеше за пари“, изјави еден од адвокатите на актерот, Бен Чоу, за Good Morning America на прашањето за стравот на Амбер дека не може да ја плати отштетата.

„Се работеше за враќање на неговата репутација - и тој го стори тоа. Тоа беше целосна победа за Џони“, внимателно рече Чоу. Во одвоено интервју во живо на шоуто Today's, Чоу исто така ја отфрли можноста актерката некогаш да ја поништи одлуката.

„Се чувствуваме многу уверени дека нема грешки што би оправдале каква било успешна жалба“, рече тој. Адвокатката Камил Васкез, која и самата стана славна личност и беше промовирана во партнер во нејзината адвокатска канцеларија оваа недела, го нарече „разочарувачки“ тоа што тимот на Херд ја нарече победата удар за правата на жените и движењето #MeToo, додавајќи дека победиле „користејќи нејзините зборови против неа“.

„Клучот за победата беше фокусирањето на фактите и доказите и можноста на Џони за прв пат да ја каже вистината. Секое поставено прашање беше поврзано со нешто што таа го кажала претходно. Веруваме дека доказите зборуваат сами за себе, поротата донесе едногласна одлука врз основа на тие факти“, изјави таа за GMA.

И двајцата ги отфрлија сугестиите дека социјалните медиуми имале влијание врз седумтемина поротници од Вирџинија во процесот на донесување одлуки. Чоу, исто така, рече дека е „апсурдно и неосновано“ да се сугерира дека огромната поддршка што Деп ја добива на интернет е дел од оркестрирана кампања. На отвореното прашање дали тимот на актерот помогнал да се зголеми поддршката, или дури платил за тоа, Васкез рече дека таквите тврдења се „целосно лажни“.

„Џони имаше свои проблеми. Беше многу искрен за проблемите со алкохолот и дрогата. Беше искрен за работите што ги правеше. И мислам дека тоа беше контраст со г-ѓа Херд која не презеде одговорност за ништо“, рече Чоу.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фото: И во петтата деценија нема проблем да се соблече во танга бикини

Таа е жена од соништата,  во петтата деценија од животот е вистинска секс-бомба.

Фото: И во петтата деценија нема проблем да се соблече во танга бикини

Израелската манекенка Бар Рафаели (41) ја продолжи успешната соработка со модниот бренд „Кастро“ во 2026 година.

Една од најпознатите светски манекенки е заштитно лице на новите кампањи на брендот, вклучувајќи ја пролетната колекција и линијата „High Summer“, кои таа ги претстави и на своите социјални мрежи.

Посебно внимание привлекоа фотографиите во бикини, на кои Бар повторно покажа беспрекорна фигура и завидна форма, исто како и пред неколку месеци, кога позираше во провокативна долна облека за една рекламна кампања.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фото: Кајли Џенер повторно воодушеви во секси бикини

Младата бизнисменка од кланот Кардашијан - Џенер, Кајли Џенер ги израдува фановите со претставување на уште еден модел на бикини, а притоа ја промовираше и својата најнова колекција

Фото: Кајли Џенер повторно воодушеви во секси бикини

Сексапилната Кајли подготви провокативно издание за своите фанови, позирајќи во мини бикини, и веднаш го сподели сето тоа на социјалните мрежи.

Покрај тоа што сакаше да ја истакне својата прекрасна фигура, таа повторно летово ја претстави и новата колекција на костими за капење.

„Навистина е жешко. А и моите бикини се жешки! Ги обожавам“, изјави убавицата

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Видео: Гламурозно порше 911

Славната француска модна куќа  „Louis Vuitton“ и компанијата Singer Vehicle Design од Калифорнија ги здружија силите за да претстават два исклучително ексклузивни модели на Porsche 911 на настанот „Monterey Car Week“.

Видео: Гламурозно порше 911

Славниот „Louis Vuitton“ и компанијата Singer Vehicle Design од Калифорнија ги здружија силите за да претстават два исклучително ексклузивни модели на Porsche 911 на настанот „Monterey Car Week“.

Овие возила, засновани на генерацијата 964, се изработени како целосно персонализирани автомобили.

Соработката започна со барање за пренослив часовник за на контролната табла, инспириран од колекцијата Tambour на Louis Vuitton, но прерасна во проект што го опфаќа дизајнот на автомобилите, ентериерите, багажот и модните додатоци.

Првиот автомобил, „Porsche 911 Reimagined by Singer – Classic“, се одликува со комбинација на бои во нијанси на шафран, кобалт сина и жолта, каросерија од карбонски влакна и атмосферски 4,0-литарски „flat-six“ мотор со 420 КС, поврзан со шестстепен мануелен менувач.

Вториот е „Classic Turbo Cabriolet“ во светла нијанса „Calcaire Lutétien“; неговиот дизајн е дело на Николас Гескјер, уметнички директор за женски колекции во „Louis Vuitton“, а го придвижува 3,8-литарски „flat-six“ мотор со два турбополначи што испорачува приближно 510 КС.

Француската модна куќа не застана само на логата и тапацирот; автомобилите се придружени со специјално изработен багаж, облека и модни додатоци од Louis Vuitton, додека моделот „Turbo Cabriolet“ се одликува и со елегантни дрвени украсни елементи, часовник „Tambour“ и детали што ги спојуваат световите на луксузните автомобили и високата мода.

Цените за овие два примерока не се обелоденети, но станува збор за исклучително ексклузивни проекти на компанијата „Singer“, каде што секој автомобил се изработува според специфичните барања на сопственикот; самата компанија е специјализирана за реставрација и модерна реинтерпретација на класичните модели на „Porsche 911“ со воздушно ладење, пренесува „Motor1“.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер