Фото: Алкараз изненади со нов имиџ - Канал 5

Фото: Алкараз изненади со нов имиџ

Вториот светски тенисер Карлос Алкараз изненади со нов изглед.

Фото: Алкараз изненади со нов имиџ

Шпанскиот тенисер се појави на тенискиот терен без препознатливата брада, но со мустаќи.

Карлос Алкараз се појави на мечот од второто коло во Шангај со нов, интересен изглед. Шпанскиот тенисер ја избричил брадата и остави само мустаќи, а потоа на теренот ја оправда улогата на фаворит.

Во второто коло го победи Аргентинецот Хуан Мануел Серундоло со 6:3, 6:3 и се пласираше во третото коло. Мечот траеше само 66 минути.

Новиот изглед не бил случаен. Алкараз открил дека сè започнало откако победил на турнирот во Токио, каде што ја освоил својата прва титула по враќањето по повредата на зглобот.

Тој се договорил со членовите на својот тим дека, доколку победи на турнирот, сите ќе пуштат мустаќи и ќе настапат во Шангај со тој изглед.

„Ќе ги задржат цела недела. Отсекогаш сум сакал да излезам на теренот со мустаќи. Пред Токио рековме: 'Ако победам на турнирот, сите мора да имаме мустаќи и да играме со нив во Шангај'. Навистина е забавно, се смееме и уживаме“, објасни Алкараз.

По победата, тој се потпиша на камерата со пораката „Тим Мустаќи“, со што дополнително покажа дека целата приказна ја прифатил како забавен предизвик заедно со луѓето од својот тим.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Се удавил 57 годишен охриѓанец откако му се првртело кануто

Вчера на 57 годишен Охриѓанец му се превртело кануто и починал – телото предадено на обдукција.

Се удавил 57 годишен охриѓанец откако му се првртело кануто

На 10.10.2026 во 18:30 часот во ПС ГН Охридско Езеро било пријавено дека во близина на месноста „Извиднички“, на околу 200 метри од брегот на Охридското Езеро, се превртело кану управувано од (57) годишен Охриѓанец. На местото биле упатени полициски службеници и екипа на Итната медицинска помош, чиј лекар констатирал смрт кај лицето. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР Охрид. По наредба на јавен обвинител телото е дадено на обдукција, стои во билтенот на МВР.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Видео: Трамп размислува да го преименува Атлантскиот или Тихиот Океан во „Океан на Трамп“?!

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека размислува да го преименува Атлантскиот или Тихиот Океан во „Трампов Океан “ или „Американски океан“ пред да му заврши претседателскиот мандат. 

Видео: Трамп размислува да го преименува Атлантскиот или Тихиот Океан во „Океан на Трамп“?!

Обраќајќи им се на гласачите во сојузната држава Тенеси, Трамп потсети на својата иницијатива да го преименува езерото Онтарио во езеро „Америка“.

„Размислував за Атлантскиот или за Тихиот Океан. Би ги нарекле ’Трампов Океан ‘ или ’Американски океан‘. Треба да го направиме тоа пред да си заминам“, рече Трамп.

Претходно денес, Трамп исто така изјави дека неговата администрација размислува да го преименува Ормускиот теснец по претседателот на САД.

Во септември, Трамп потпиша указ за преименување на езерото Онтарио во езеро Америка. Езерото е дел од системот на Големите езера и се наоѓа на границата меѓу САД и Канада, помеѓу американската сојузна држава Њујорк и канадската провинција Онтарио.

Канадскиот премиер Марк Карни изјави дека Канада ќе продолжи да го користи постоечкото име на езерото.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Џими Конорс: „Го отпишуваат Ѓоковиќ бидејќи има 39 години, како да не разбираат што прави Новак“

Легендата на светскиот тенис, Американецот Џими Конорс уште еднаш застана во одбрана на Новак Ѓоковиќ и му објасни на целиот свет дека прави голема грешка кога го отпишува.

Џими Конорс: „Го отпишуваат Ѓоковиќ бидејќи има 39 години, како да не разбираат што прави Новак“

Во Пекинг, најдобриотсветски тенисер во историјата, Новак Ѓоковиќ ја освои 102-рата титула во кариерата и со тоа се доближи до легендарниот Џими Конорс, кој има 109; меѓу нив се наоѓа Роџер Федерер со 103.

Токму човекот со најмногу трофеи повторно застана во одбрана на српскиот тенисер.

„Можете да зборувате што сакате за Ѓоковиќ, но тој не е играч што го земам здраво за готово. Сите мислат дека е готов бидејќи има 39 години. Никогаш не треба да отпишувате играч како него“, започна Конорс.

Тој детално објасни зошто смета дека луѓето претеруваат кога го отпишуваат Ѓоковиќ, како да не разбираат...

„Доаѓаш во фаза кога секој меч е најважен. Особено за него, нели? Сè уште има малку време, крајот на кариерата се ближи и тоа е јасно. Сепак, мора да се разбере дека Новак патува низ целиот свет, поминува време далеку од семејството; го прави тоа бидејќи е фокусиран и ја сака играта.“ „Премногу зборуваме за помладите“ Тој се надева дека српскиот тенисер ќе успее да се пласира на Завршниот мастерс во Торино. „Да видиме што ќе се случи. Синер се повлече, а тоа му го отвора патот кон Завршниот мастерс. Премногу зборуваме за помладите играчи, ајде малку да зборуваме и за ветераните“, заклучи Конорс.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер