74 филма на „Браќа Манаки“ за најубава светлина во Битола (опширно) - Канал 5

74 филма на „Браќа Манаки“ за најубава светлина во Битола (опширно)

ИФФК „Браќа Манаки“ и Вип оператор денес во Сити хол ја објавија програмата на 34. издание на Фестивалот „Браќа Манаки“, која под мотото „Пушти ја светлината“ во 10 програмски целини донесува врвни 74 наслови од светската и од македонската кинематографија, меѓу кои четири премиери, потоа два кандидати за Оскар, голем број наградувани филмови на светските фестивали, познати автори и филмски таленти.

74 филма на „Браќа Манаки“ за најубава светлина во Битола (опширно)
Во главната програма има 12 исклучителни филма, Новите визии претставуваат жестоки 6 проекти, документарната селекција 8 провокативни наслови, во натпреварувачката програма на краток филм - 9, 4 филма се дел од омажот за Кирил Ценески, Вип оператор пред најмладите ќе прикаже бесплатно 5 филмови за деца, 11 наслови ќе се „вртат“ во склоп на македонската панорама, 14 краткометражни проекти во програмата „Short matters!“ на Европската филмска академија. Покрај тоа, ќе бидат проектирани 2 филма „Во чест на“ лауреатите Хосе Алкаин (Кожата во која живеам) и Ањес Годар (Дом).







Централен настан оправдано се очекува да биде Црно-бело со пијано, каде заедно со Кинотека на Македонија, првпат ќе бидат прикажани сите дигитализирани филмови од оставината на браќата Манаки во пијано придружба на групата „Маротови“, што ќе ги евоцира почетоците на филмската уметност и автентичноста на филмот пред неговото озвучување.

Од премиерите, две се во главната програма и по еден во програмата на документарен и на краткометражен филм. Најпрво Соба со пијано, за кој има толку голем интерес што е обезбедена и втора проекција од 23.00 часот, на која пред битолчани исто така ќе се поклони целата екипа. Првпат за публиката ќе бидат прикажани и Барајќи ја среќата на Марија Џиџева за ергените од Битолско кои бараат невести во Албанија и Слатки на еден од најинтригантните израелски режисери, Јосеф Пичадѕе, а македонската премиера ќе има и стоп-анимацијата Алерик на Вук Митевски, којa минатиот месец беше учесник на Сараевскиот ФФ.

„Секојпат велам дека ќе го имаме најквалитетното издание, но сега ќе оставам сами да ја разгледате програмата и да увидите дека овој пат најмногу ќе ги озариме лицата на гледачите со огромен број врвни филмски остварувања и реномирани имиња. Годинава имавме една ретка прилика да бидеме причина за мал, интересен спор. Имено, еден од кинематограферите во главната селекција, г-динот Фред Келемен, самиот инсистираше кај продуцентите на филмот Слатки интернационалната премиера да ја има токму на 'Браќа Манаки'. И светските и домашните кинематографери гледаат на фестивалот како на нешто свое. Затоа од година во година имаме сѐ повеќе предложени филмови, а со тоа се зголемува и бројот на гости.

Се наоѓаме пред исклучително богато фестивалско издание. Годинава сум особено горда на мошне разновидната програма. Со цела сила се обидовме да ја донесеме најубавата нордиска светлина во Битола. Светлина која ќе даде една неверојатна динамика овие седум фестивалски дена. Програма исполнета со квалитетни филмови, најголем број на работилници досега, конференции, промоции, неверојатни автори и гости, програмски иновации кои им ги нудиме на сите филмски зависници. Сметам дека сите заедно ќе уживаме во секој момент од ова издание, токму затоа ги поканувам сите што можат да ни дојдат нагости во Битола.“ истакна Лабина Митевска, директорот на Фестивалот.

Покрај филмската програма, предвидени се и други изненадувања. Претставувањето на три балкански катедри за кинематографија (од Белград, Љубљана, Скопје), што ќе ја покаже иднината на професијата и младите автори. Исто така, на фестивалот ќе гостува дебатниот клуб од Битола Контра кадар со филмска дискусија. Од останатите дополнителни настани Фестивалот ќе понуди и 3 разговори со наградените со наградата за животно дело и со специјалната награда „Златна камера 300“, четири работилници, Втората балканска конференција на директори на фотографија со поддршка на ИМАГО, промоција на книгата Теоријата и практиката на документарниот филм од Антонио Митриќески, сценариското катче, итн.

„Горди сме што како официјален партнер на Интернационалниот фестивал за филмска камера 'Браќа Манаки', четврта година по ред, придонесуваме за одржување на неговото заслужено високо реноме, кое во голем дел зависи од амбициозноста и квалитетот на официјалната програма на фестивалот, но секако и од придружните елементи кои му даваат дополнителна вредност на самиот фестивал. Еден од тие елементи, секако е детската програма. Одличниот прием на содржините од минатогодишните програми наменети за најмладите нѐ поттикна годинава да одиме чекор понатаму, па покрај 5-те најнови филмски остварувања, во рамки на годинaшната 'Вип детска програма', креативните работилници за децата оваа година ќе бидат насочени кон креирање на уметност како спој на креативноста и технологијата“, изјави Никола Љушев, генерален извршен директор на Вип.

Во рамки на фестивалот се одржува и споменатата Вип детска програма со пет филмови од најновата продукција, со што најмладите стекнуваат навика да посетуваат кино и да ги почитуваат уметничките вредности. Работилниците ќе бидат за моментално најактуелната техника на стоп-анимација во термин од 15 часот секој фестивалски ден од понеделник до четврток. Годинава куриозитет е што еден од филмовите од детската програма ќе биде придружуван со позамување на гласот од професионален актер.

Селекторот на главната програма, Благоја Куновски-Доре, пак, накратко ја претстави главната селекција која донесува максимум предвидени филмови во трка за трите „Камери 300“.

„И годинашното издание го задржува високиот рејтинг на главната компетиција, по која нѐ препознаваат во светот, зашто е стожер на фестивалот 'Браќа Манаки', со избор на најдобрите филмови што ги потпишуваат, како најголемите и докажани светски кинематографери, така и новите имиња кои се наметнуваат со својот талент, притоа водејќи сметка за континуитетот во опусите на потврдените имиња чија афирмација, се сврзани токму за нашиот фестивал, на што сме горди. Специфика на мојата селекција е што се случи сосем оправдано да имаме и 4 филма во црно-бела фотографија со високи естетски вредности. И како да не бидеме со престижна конкуренција кога за трите награди ќе решава одново високоавторитетно жири на чело со великанот Хосе Луис Алкаин. Исто така ми импонира што конечно ја добивме и првата дама, наш заслужен лауреат на специјалната награда 'Камера 300', Французинката Ањес Годар.“

Од аспект на селекторот на, исто така, натпреварувачката програма Нови визии, Сунчица Уневска, беше кажано следното:

„Петтото издание на програмата Нови визии годинава во чест на јубилејот носи уште посмел и поинтригантен избор. Шест филма од кои дури четири дебитантски и еден втор игран филм, но и нешто што е многу поретко, а тоа се две директорки на фотографија, Марија Секо од Канада и Софија Огиони од Колумбија. Ова издание првпат филмовите не доаѓаат од Европа, освен еден, а тоа е откачената трагикомедија Адрија Блуз на Мирослав Мандиќ, авторот кој има работено со Емир Кустурица и Желимир Жилник, а сценарист е и на култната серија Топ листа на надреалистите. Другите филмови се од Колумбија, Јаже, филм што извира од вечната убавина и сила покрај Андите, од Гватемала Златен кафез, наслов од една тажна мексиканска балада, од Иран Табор, научнофантастична алтернатива на Техеран. И два еднакво жестоки филма од Израел, Младост за еден невообичаен терористички чин и Падот на Касбах, уште една рок тема, сместена во жариштето на Газа. Овој избор ќе понуди многу различни филмови, на кои единствено заедничко им е бескомпромисниот поглед кон животот.“

Селекторот на документарната програма, Гена Теодосиевска, ја претстави селекцијата без која фестивалот не би бил тоа што е во последните години:

„Документарниот филм отсекогаш нагласува дека реалноста ги допира вистинските херои, не само на нашето, туку на сите времиња кои поминале и на оние кои штотуку доаѓаат. Таа реалност сѐ почесто е сурова, незамисливо тегобна, но и возбудлива, смешна, духовита, инспиративна, неверојатна а вистинита, реалност што не сакаме да ја чуеме, да ја знаеме, да ја запаметиме. Колку сме подготвени да се соочиме со реалноста или пак со 'очите ширум затворени', ќе останеме неми посматрачи на сопствената ментална атонија. А таа реалност е магична, многу често волшебна. Реалноста станува и останува нечија состојба, но авторите на документарниот филм нема никогаш да се согласат со таа пасивна и инертна дефинираност на случувањето само како процес. Тие секогаш ќе бидат ГЛАСОТ.
Осумте документарни филмски стории кои ги избрав се стремат кон создавање на линк на меѓусебна доверба меѓу гледачот и ликовите, оние кои се ликовно поставени на маргините на филмското платно а 'тежат' со приказната што ни ја раскажуваат. Со неизмерна верба во себе, во својата идеја, особено со верба и почит кон своите ликови, на реалните протагонисти на настанот, оној за кој тие сметаат дека и ние треба да дознаеме, Марија Џиџева, Жељко Мирковиќ, Амнон Злаит, Дебора Ван Дам, Барбара Милер, Дрор Морех, Бен Луис и Марат Саргсијан создале филмски стории, кои засекогаш ќе ги имаме како дел од нашето постоење, драгоцен вијадукт до следниот 'извор'. Тие ги имаа вистинските херои пред своите камери и се чини дека само во документарниот филм ликовите можат да ја 'надзборуваат' камерата.“

Годинава во рамки на Фестивалот и Друштвото на филмските професионалци на Македонија одлучи да му додели посебна Златна камера 300 за особен развој на македонската кинематографија на режисерот Кирил Ценевски.

„Филмовите на Ценевски беа (и остануват засекогаш) вистинските почетоци на новата македонска кинематографија. Црно семе и денес е со истата силина, предизвикувајќи стоечки овации по проекцијата. Како некогаш! Но не помала вредност е силното влијание на Ценевски врз осамостојувањето на МАКЕДОНСКАТА кинематографија и нејзината автентична естетика и специфичниот кинематографски исказ. За тоа беше потребна визија на пионер но и храброст на голем борец. Речиси не постои македонски филмски професионалец што не се калеше во огнот на неговите филмови. Во Црно семе, Јад, прекрасните документарци и серијалите за лауреатите на Струшките вечери на поезијата.
Како уметнички раководител на Вардар филм, ги испиша таму златните години на македонскиот филм, ги подигна професионалните и техничките стандарди на ниво кое никогаш потоа не успеавме да го достигнеме. Секогаш бараше нови форми и технологии во филмската продукција.
Заслужи да го ставиме во редот со најзаслужните.“, Горјан Тозија, директорот на ДФПМ.

И годинава отворањето и затворањето на „Браќа Манаки“, директно од црвениот тепих ексклузивно ќе се пренесува на првиот канал на МТВ.

34. издание на „Браќа Манаки“ ќе се одржи од 14 до 20 септември 2013 година во Битола и ќе биде отворено со премиера на македонскиот филм Соба со пијано на режисерот Игор Иванов. Шпанскиот кинематографер Хосе Луис Алкаин е добитник на „Златната камера 300“ за животно дело во 2013, а француската снимателка Ањес Годар на специјалната награда „Златна камера“ за особен придонес во светската филмска уметност. Жири-комисиите што ќе ги одредат наградите во натпреварувачките програми се во состав од реномирани интернационални личности од светот на културата и уметноста. Покрај сценариото на гламурозната српска актерка Мирјана Карановиќ, на Сценариското катче „Браќа Манаки“ се одбрани уште пет проекти.

Со ИФФК Браќа Манаки и Вип оператор, многу повеќе светлина во Битола и во Македонија.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Се подготвува историски состанок меѓу Трамп, Си и Путин – се огласи Кина

Пекинг за прв пат потврди дека се дискутира за историски состанок меѓу кинескиот лидер Си Џинпинг, американскиот претседател Доналд Трамп и рускиот претседател Владимир Путин. 

Се подготвува историски состанок меѓу Трамп, Си и Путин – се огласи Кина

Портпаролката на кинеското Министерство за надворешни работи, Мао Нинг, на прес-конференција оваа недела изјави дека Кина „комуницира со релевантните страни за состанокот на тројцата шефови на држави“, објавува „Гардијан“. Средбата би можела да се одржи на крајот на овој месец на маргините на самитот на АПЕК во Шенжен.

Иако, ако се случи, тоа би бил историски настан, експертите истакнуваат дека е малку веројатно тројцата лидери да разговараат за нешто конкретно бидејќи нивните интереси се дијаметрално спротивставени. Поверојатно е дека сè ќе се сведе на заедничка фотографија, со внимателно испланиран протокол насочен од Кина. „Мислам дека состанокот ќе се одржи. Тоа е само прашање на формат и содржина“, рече Сун Јун, директор на програмата за Кина во Центарот Стимсон. „Кина ја сака сликата, но не сака да ги сноси трошоците“.

Различни интереси, високи влогови

Пекинг е домаќин на овогодинешниот самит на Азиско-пацифичката економска соработка (АПЕК), групација од 21 земја, вклучувајќи ги САД и Русија. Се очекува Трамп да отпатува во Шенжен за својот трет состанок со Си оваа година и да се обиде да одржи кревко трговско примирје кое истекува во јануари.

Како знак дека тензиите остануваат, трговскиот претставник на САД, Џејмисон Грир, го повика Пекинг да преземе „конкретни чекори за целосно спроведување на претходните обврски“ за време на видео повик со кинескиот вицепремиер Хе Лифенг во петокот, објави Асошиејтед Прес.

Според соопштението од канцеларијата на Грир, ова првенствено се однесува на купувањето земјоделски производи, ретки земни метали и други клучни минерали. Кинеската државна новинска агенција Синхуа во саботата објави дека разговорите биле суштински и конструктивни, но дека Кина изразила загриженост во врска со рестриктивните економски и трговски мерки на Вашингтон.

Интересите на тројцата лидери на трилатералниот состанок се сосема различни. Трамп изјави дека би сакал да разговара за контрола на нуклеарното оружје со Си и Путин. Путин, од друга страна, е фокусиран на војната во Украина, за која сака да разговара без Киев.

Аналитичарите веруваат дека Русија веројатно ќе се обиде да го искористи самитот за да ги доближи Кина и САД до својата позиција за Украина. „Путин има најмногу што да добие од оваа трилатерална средба. Русите очигледно стојат зад иницијативата за средбата, што би бил дипломатски успех за нив“, рече Дени Расел, поранешен висок функционер на Стејт департментот, а сега соработник во Институтот за политика на азиското општество.

Тој додаде дека Трамп, поради неговиот „склон кон авторитарни лидери“, со задоволство би ја прифатил средбата, иако советниците го предупредиле да се држи подалеку од темата за Украина. Сун Јун верува дека Кина нема да се вклучи во преговори за контрола на оружјето или во длабински дискусии за Украина или Иран, туку ќе се држи до својата вообичаена дипломатска реторика за важноста на мирот.

Најголемиот предизвик за Пекинг, истакна таа, ќе биде впечатокот што средбата ќе го остави врз јавноста, бидејќи „не треба да се изедначува со трите големи сили што меѓусебно го делат светот“. Крег Синглтон од Фондацијата за одбрана на демократиите заклучува дека сè може да се сведе на фотосесија што ќе му овозможи на Путин да се појави покрај американскиот и кинескиот лидер. „Спектаклот може да биде историски без да донесе никакви значајни резултати“, рече тој.

Војна во Украина: Нови напади и повици за одбрана

Украина беше исто така под силни руски напади во саботата, 1.718 дена од војната. Претседателот Володимир Зеленски ги повтори повиците до сојузниците итно да достават ракети за системот Патриот во Киев со цел да ги одбранат градовите.

Во петокот, тој предупреди дека војската се подготвува за нови руски напади врз клучната инфраструктура. „Имаме разузнавачки информации дека Русија подготвува нови напади врз енергетиката, мостовите на Днепар и цивилната инфраструктура“, рече Зеленски во своето вечерно обраќање.

Киев и другите украински градови се под речиси постојани напади со недели. Градоначалникот Виталиј Кличко објави дека станбена зграда во главниот град е оштетена во руски ракетен напад рано наутро во саботата. Воената администрација на градот објави на Телеграм дека две лица се повредени и дека е оштетена и градинката.

Во исто време, дипломатските напори се во тек. Зеленски бара конкретни писмени гаранции од западните сојузници за повоена безбедносна поддршка, по дводневните разговори во Брисел за безбедноста и реконструкцијата. Трипартитните мировни разговори меѓу Украина, Русија и САД се закажани да се одржат во Абу Даби следната недела, први од ваков вид од февруари.

„Важно е сè да биде јасно на хартија“, рече Зеленски во интервју за телевизијата 1+1. „Прашањето не е во десетици точки, туку во разбирањето на исходот: ако Русија повторно нападне, што ќе се случи? Кој ќе направи што, со какви средства и кога?“

На состаноците во Брисел присуствуваа претставници од САД, Велика Британија, Франција, Германија и ЕУ, како и претставници на Светската банка и американската инвестициска група „БлекРок“. Главниот украински преговарач, Рустем Умеров, објави дека конкретно разговарале за руските закани кон Украина и Европа и заедничките чекори за нивно спротивставување.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Ги прашаа Меган Маркл принцот Хари за апесењето на нејзиниот татко: Немаме коментар

Меган Маркл и принцот Хари нема јавно да коментираат за апсењето на Томас Маркл постариот за поседување детска порнографија. 

Ги прашаа Меган Маркл принцот Хари за апесењето на нејзиниот татко: Немаме коментар

Војводата и војвотката од Сасекс нема да се мешаат во случајот, дознава ексклузивно „Пејџ Сикс“. Апсењето се случило само неколку дена пред нивното прво патување во странство, закажано за 10 ноември. На прашање на порталот, портпаролот на двојката кратко рече: „Немаме коментар“.

Детали за апсењето и истрагата

Федералните агенти го уапсија 82-годишниот Томас Маркл во петокот во Домот за стари лица Маравид во Лејкленд, Флорида, изјавија извори за „Пост“. Тој треба да биде изведен пред суд во Флорида денес попладне.

Според федералната кривична пријава што ја виде „Пејџ Сикс“, ФБИ добило информации од повеќе сведоци. Агентите претресле два магацина во областа на Лос Анџелес на 30 октомври и 4 ноември. Властите заплениле 78 предмети, вклучувајќи слајдови, негативи и книги за кои се сомнева дека содржат материјал за сексуална злоупотреба на деца.

Во жалбата, исто така, се наведува дека Маркл се појавува на две фотографии со малолетно девојче, а еден од сведоците го препознал како возрасен на тие фотографии.

Обвинителството и изјавите на ФБИ

Првиот помошник на американскиот јавен обвинител, Бил Есаили, издаде соопштение. „Г-дин Маркл е обвинет за поседување материјал што прикажува сексуална злоупотреба на деца, вклучувајќи фотографии од него со малолетници. Овие обвинувања се исклучително сериозни и ние ќе го гониме г-дин Маркл во најголема можна мера според федералниот закон.“

Директорот на ФБИ, Кеш Пател, рече дека Маркл наводно ги таргетирал децата и се обидел да им ги украде детствата. „Во соработка со Министерството за правда, нашите агенти брзо реагираа, го пронајдоа експлицитниот материјал и го уапсија г-дин Маркл во Флорида. ФБИ ќе ги искористи сите расположиви ресурси за да ги заштити децата. Ниеден предатор што ги таргетира најмладите нема да биде безбеден во оваа земја, ниту на кое било друго место“, рече Пател. Маркл се соочува со казна до 20 години во федерален затвор.

Претходни обвинувања и семејни конфликти

Веста првпат ја објави „The Sun“, за кој полубратот на Меган, Томас Џуниор, рече: „Кога го најдов материјалот, бев ужаснат. Немав друг избор освен да го пријавам сопствениот татко.“

„Daily Mail“ потоа објави дека еден од нивните новинари пронашол „одвратни“ материјали во напуштениот магацин на Маркл во Мексико. „Сан“ пишува дека на Томас постариот му е дијагностицирана деменција. Претходно, по обвинувањата на неговиот син, тој сè го нарече „болни лаги“.

Изјава од Меган Маркл

Меган Маркл објави дека истрагата „длабоко ја потресла“ и дека првпат дознала за обвинувањата во 2018 година од писмо испратено до лондонската полиција.

„Писмо беше испратено до Метрополитенската полиција и до Кралското семејство и Службата за дипломатска заштита во 2018 година. Тоа писмо подоцна ми беше проследено. Содржеше сериозни и вознемирувачки обвинувања против мојот татко и бев уверена дека прашањето се истражува“, рече Меган во изјава за Page Six.

„Се надевам дека сега е јасно зошто се дистанцирав од мојот татко и зошто одлучив дека тој не треба да има контакт со нашите деца, и покрај тоа што некои медиуми со години ги искривуваат фактите. Имаше само една причина: нивната заштита. Верував дека надлежните служби го прават истото и за другите семејства“, заклучи таа.

Меган и Хари, кои повторно живеат во Англија од август, наскоро ќе патуваат во Брисел. Тоа ќе биде нивното прво заедничко патување откако се вратија во Велика Британија.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

САД нудат 20 милиони долари за информации за иранската нуклеарна програма

Соединетите Американски Држави нудат награда до 20 милиони долари за информации за нуклеарната програма на Иран, вклучувајќи информации за научници, персонал, технологии, објекти и сродни организации.

САД нудат 20 милиони долари за информации за иранската нуклеарна програма

Стејт департментот, преку својата програма „Награди за правда“, ги повика сите што имаат информации да ги достават преку апликацијата Signal или безбедната телефонска линија Tor, велејќи дека би можеле да имаат право на парична награда и преместување, објави Fox News.

„Владата на САД останува посветена на спротивставување на секој обид на Иран да развие програма за нуклеарно оружје“, се вели во соопштението на платформата за социјални медиуми X.

Објавата доаѓа во време кога американскиот претседател Доналд Трамп размислува за обновени воени напади врз Иран, додека Вашингтон и Техеран продолжуваат разговорите за нуклеарната програма на Иран.

Трамп во петокот повтори дека на Иран никогаш нема да му биде дозволено да има нуклеарно оружје, а еден ден претходно се состана со својот тим за национална безбедност за да разговара за можноста за продолжување на нападите.

„Дали сакаме да ги продолжиме нападите за да се осигураме дека нуклеарната програма на Иран ќе биде уништена и дека тоа никогаш повеќе нема да се случи? Подобро би сакал да избегнам уништување на остатокот од Иран, но можеби сè уште ќе можам да го направам тоа“, изјави Трамп пред новинарите во Овалната соба.

Централната команда на САД ги финализира подготовките за евентуално продолжување на големите воени операции во Иран, но сè уште не добила нова директива од Вашингтон, според американски функционер.

Како што објави „Фокс њуз“, високи американски функционери изјавија дека младата месечина на 9 ноември, која носи малку или воопшто нема месечина, би можела да обезбеди поволни услови за воени операции.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер