2Општина Ѓорче Петров ја одбележа 25-годишнината од загинувањето на бранителите кај Љуботенски Бачила
325 години од загинувањето на 8 бранители кај Љуботенски Бачила,цвеќе се положи и пред споменикот во селото Љубанци
Македонија25 години од загинувањето на 8 бранители кај Љуботенски Бачила,цвеќе се положи и пред споменикот во селото ЉубанциУтринава цвеќе се положи и пред споменикот во селото Љубанци, а во 12 часот, одбележување ќе има и пред спомен-плоча во касарната „Илинден“, најавија од министерството за одбрана. Претседател на одборот на бранители Марин Најдов вели дека 25 години бранителите беа омаловажувани и партиски манипулирани. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вести25 години од масакрот кај Љуботенски Бачила: Армијата ќе им оддаде почит на осумтемина загинати08:34ЦУК предупредува на зголемен ризик од брзо ширење на пожарите15:08Лишен од слобода скопјанец кој управувал возило со 2,13 промили алкохол и без возачка12:0928 годишното момче со повреден врат транспортирано од Кушадаси 18:18Момчето со повреден врат се транспортира од Кушадаси, во владиниот авион и медицински тим од ТОАРИЛУЦ16:05
Момчето со повреден врат се транспортира од Кушадаси, во владиниот авион и медицински тим од ТОАРИЛУЦ16:05
МакедонијаСообраќајка меѓу камион со дрва и три автомобили на патот Гостивар-СтражаТри автомобили и камион натоварен со дрва учествува утрово во сообраќајна несреќа на патот Гостивар - Стража. Четири возила, меѓу кои и камион натоварен со дрва, се судрија денеска на патниот правец Гостивар – Стража, соопштија од Министерството за внатрешни работи. Сообраќајната несреќа предизвика значително отежнување на сообраќајот и создаде долги колони во двата правци. Според првичните информации од терен, во несреќата учествувале три патнички автомобили и еден камион што превезувал дрва. Од силината на ударот, дел од товарот на камионот се растурил по коловозот, дополнително блокирајќи го минувањето на останатите возила на оваа фрекфентна делница. Додека трае расчистувањето на коловозот и преместувањето на оштетените возила, сообраќајот се одвива наизменично по една коловозна лента, што создаде подолги колони автомобили во насока кон Кичево и кон Гостивар. Од СВР Тетово за МИА информираат дека несреќата била пријавена утрово околу 7:40 часот. Повредените се наоѓале во едно од возилата, а по незгодата се пожалиле на здравствени проблеми и биле пренесени во гостиварската болница за лекарска помош. „По незгодата, три малолетни лица и една жена кои биле во едно од автомобилите се пожалиле на здравствени проблеми и биле упатени во гостиварската болница за укажување медицинска помош“, изјави портпаролот на СВР Тетово, Фатмир Реџепи.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаОпштина Ѓорче Петров ја одбележа 25-годишнината од загинувањето на бранителите кај Љуботенски БачилаПо повод 25-годишнината од загинувањето на македонските бранители кај месноста Љуботенски Бачила, во Општина Ѓорче Петров на локации каде се наоѓаат спомен-обележјата денеска беше одржана комеморација. Со највисоки почести беше одбележан споменот на хероите кои во 2001 година ги положија своите животи, бранејќи ја татковината, мирот и слободата. На настанот присутни беа делегација од општината предводена од градоначалникот Александар Стојкоски, претставници на државните институции, припадници на Армијата и безбедносните сили, семејствата на загинатите бранители, како и бројни граѓани. - Повторно сме собрани на ова местото на сеќавањето, пред споменикот кој засекогаш сведочи за храброста, пожртвуваноста и љубовта кон татковината на нашите сожители Раде Јанковски, Ивица Златевски, Томе Димовски, Томислав Настевски и Ацо Ангеловски, како и на нашите браќа Томе Бадаровски, Гоце Чанкуловски, Бранко Јанев и Маријанчо Бошковски. Десетти август е ден кој не смее да се заборави, но и ден кога Македонија молчи од почит и се поклонува пред своите херои - рече градоначалникот на Општина Ѓорче Петров, Александар Стојкоски во обраќањето на споменикот во Волково. Тој упати посебна порака до семејствата на загинатите бранители, нагласувајќи дека нивната болка е и болка на целото општество. -Ниту еден збор не може да ја надомести загубата на син, сопруг, брат или татко. Но, постои нешто што како држава, општина и како народ сме должни да ви го ветиме - нивните имиња никогаш нема да исчезнат од нашата колективна меморија, и како и досега, со грижа и почит ќе продолжиме да се однесуваме кон нивните поколенија - рече Стојкоски. Градоначалникот се обрати и до припадниците на Армијата и безбедносните сили, истакнувајќи ја нивната улога во зачувувањето на слободата и суверенитетот. -Македонскиот народ отсекогаш знаел дека слободата не е подарок, туку дека таа се заслужува, се брани и се чува. Нашите бранители тоа најдобро го покажаа - додаде Стојкоски. На крајот од обраќањето, Стојкоски повика на трајно зачувување на споменот за бранителите и на нивната жртва.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вести25 години од масакрот кај Љуботенски Бачила: Армијата ќе им оддаде почит на осумтемина загинати08:34ЦУК предупредува на зголемен ризик од брзо ширење на пожарите15:08Лишен од слобода скопјанец кој управувал возило со 2,13 промили алкохол и без возачка12:0928 годишното момче со повреден врат транспортирано од Кушадаси 18:18Момчето со повреден врат се транспортира од Кушадаси, во владиниот авион и медицински тим од ТОАРИЛУЦ16:05
Момчето со повреден врат се транспортира од Кушадаси, во владиниот авион и медицински тим од ТОАРИЛУЦ16:05
ЗабаваСе омажи најмладата ќерка на Деми Мур и Брус ВилисСе омажи најмладата ќерка на некогашната холивудска брачна двојка, Деми Мур и Брус Вилис. За изработката на венчаницата биле потребни повеќе од 700 часа.Најмладата ќерка на Деми Мур и Брус Вилис, Талула Вилис, се омажи за Џастин Ејси. Двојката го изговорила судбоносното „да“ во Ајдахо на 8 август, пишува „Вог“. Поранешните сопружници Деми Мур и Брус Вилис за време на бракот добија уште две ќерки, Румер и Скаут. Подоцна, славниот актер доби уште две ќерки со Ема Хеминг – Мејбел и Евелин. За оваа пригода, Талула избрала венчаница со потпис на Пјерпаоло Пичоли, креативниот директор на „Баленсијага“. Според споменатите медиуми, ова била една од првите венчаници што Пичоли ги креирала откако ја презмала функцијата во познатата модна куќа. Венчаницата била изработена точно според желбите на невестата, а за нејзината изработка биле потребни 712 часа. Уште 405 часа беа потрошени на корекции во ателјето, додека за изработката на велот беа потребни околу девет часа. Талула ја објави својата свршувачка со Ејси на 23 декември. Споделувајќи фотографија на Инстаграм на која парот се држи за раце над патека од ливчиња од рози, со свршеничкиот прстен во преден план, таа кратко напиша во описот: - Секој ден. Тагови: Деми Мур Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter