24- годишна Турчинка, мајка на 22 деца сакала да има 105, но сопругот завршил во затвор (ФОТО) - Канал 5

24- годишна Турчинка, мајка на 22 деца сакала да има 105, но сопругот завршил во затвор (ФОТО)

24-годишната Кристина Озтурк се соочува со неизвесна иднина откако нејзиниот сопруг, турскиот бизнисмен Галип Озтурк (57) е уапсен за перење пари и фалсификување.

24- годишна Турчинка, мајка на 22 деца сакала да има 105, но сопругот завршил во затвор (ФОТО)

Од март 2020 година до јули 2021 година, парот потрошил повеќе од 168.000 евра на сурогат мајки кои родиле 21 бебе. На дадилки годишно трошат повеќе од 90 илјади евра, а планирале да имаат 105 деца.

Но, Кристина вели дека нивните планови сега висат на конец бидејќи Галип е уапсен во Грузија и таа е осамена и не може да го поднесе тоа што нејзиниот сопруг го нема.

"Чувството на осаменост не ме остава ниту со толку многу блиски луѓе во близина. Навикната сум сопругот да е дома, да е секогаш таму. Последниве години работи од дома, па секогаш бевме заедно. Ноќе, кога ги заспивавме децата, разговаравме. Ако одеше во Тбилиси или Истанбул, телефониравме со часови“, напишала таа на 9 јуни во емотивната објава на Инстаграм.

„Сега ми е потешко од кога било. Не можам да ја поднесам тишината, не можам да го поднесам неговото отсуство, не можам да спијам и да се будам сама. Не можам да ја слушнам неговото смеа, не му го слушам гласот, не ја чувствувам неговата прегратка“, додаде таа.

Mlada majka tjedno troši 36 tisuća kuna na potrepštine za bebe, a to uključuje 20 velikih paketa pelena i 53 kutije adaptiranog mlijeka. Sa svakim djetetom trudi se provesti vrijeme jedan na jedan i posvetiti mu se. Inače, Galip Ozturk je 2018. pobjegao iz Turske, nakon što je osuđen na doživotnu zatvorsku kaznu zbog ubojstva 1996. godine.

Кристина сега живее во трикатна зграда со своето семејство. Таа го родила девојчето Вика на 17-годишна возраст, а своето прво дете со Галип, синот Мустафа, го родила на 10 март 2020 година. Нивното 21-во заедничко дете, девојчето Џуди, се родило пред само три месеци.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Најмалку шестмина загинати и 28 повредени во напад на православна црква во Јордан, пукале за време на погреб

Најмалку шест лица беа убиени, а 28 ранети во денешниот напад врз грчка православна црква во Јордан, изјави портпарол на јорданската влада.

Најмалку шестмина загинати и 28 повредени во напад на православна црква во Јордан, пукале за време на погреб

Нападот се случил во Карак, на околу 180 километри од јорданската престолнина Аман, објави Ројтерс.

Порано во текот на денот, арапските медиуми објавија дека седум лица се убиени, а 10 се ранети, од кои некои се во критична состојба.

Некои сведоци рекоа дека возило пристигнало на местото на настанот и напаѓачите излегле, пукале континуирано пет минути, а потоа избегале.

Калид Буркан, кој присуствувал на погребот, изјави за Ројтерс дека на погребот се собрале неколку десетици луѓе и дека двајца мажи, едниот вооружен со пушка, а другиот со пиштол, отвориле оган врз нив и пукале неколку минути.

Никој сè уште не ја презел одговорноста за нападот, а јорданските власти не кажале кој стои зад него.

Ваквите напади се исклучително ретки во Јордан, кој е релативно стабилна земја, но се соочува со зголемени ирански напади оваа година откако САД и Израел започнаа напади врз Иран во февруари.

Христијаните сочинуваат малцинство од населението на Јордан, иако земјата е дом на неколку библиски места кои привлекуваат христијански аџии од целиот свет.

Во времето на нападот, во и околу црквата имало помеѓу 150 и 200 луѓе, рече Буркан, додавајќи дека повеќето од жртвите биле на возраст помеѓу 50 и 70 години.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Обвинителството отвори постапка за измами на граѓани со т.н. “кубански вакцини”

Основното јавно обвинителство Велес, постапувајќи во оформен предмет против едно лице за кривични дела – Измама од член 247 и Надрилекарство од член 209 од Кривичниот законик, обезбеди наредби за претреси на повеќе локации.

Обвинителството отвори постапка за измами на граѓани со т.н. “кубански вакцини”

Се постапува за обезбедување докази во однос на сознанијата дека осомничениот, со намера да прибави противправна имотна корист, довел во заблуда повеќе лица, лажно нудејќи им “кубански вакцини” против рак.

При претрес на работното место на осомничениот во Велес, пронајдени се докази кои ќе бидат предмет на вештачење. Одземени се и електронски уреди, а се преземаат и други дејствија на проверки.

Надлежниот јавен обвинител врши распити на оштетени и други лица кои би можеле да имаат сознанија важни за целосно испитување на настанот.

Основното јавно обвинителство Велес до судот достави и предлог за определување на мерки на претпазливост – одземање на патната исправа и обврска на осомничениот да се јавува во Судот.

Лицето во моментов е хоспитализирани во медицинска установа, каде му е врачено решението за определување на мерките.

Како што пристигнуваат дополнителни информации и сознанија, Јавното обвинителство и МВР продолжуваат да преземаат дејствија за обезбедување докази, соопштуваат од Обвинителството.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Британска банка укинува 5.000 работни места поради воведување вештачка интелигенција

Британската банка Барклис денес објави дека отпушта околу 5.000 работни места, или приближно пет проценти од вкупната работна сила.

Британска банка укинува 5.000 работни места поради воведување вештачка интелигенција

Британската банка Барклис денес објави дека отпушта околу 5.000 работни места, или приближно пет проценти од вкупната работна сила, како дел од програмата за намалување на трошоците, делумно водена од поголемата употреба на вештачка интелигенција.

Главната финансиска директорка Ана Крос изјави дека околу 1.000 отпуштања веќе се спроведени, додека преостанатите 4.000 се очекуваат до крајот на годината, објавува Гардијан.

Според менаџментот, инвестициите во технологија и вештачка интелигенција ја зголемуваат продуктивноста на вработените и ги поедноставуваат деловните процеси.

Банката планира дополнително да ја подобри оперативната ефикасност со заштеди од околу 1,1 милијарди фунти во текот на 2027 година.

Во третиот квартал од 2026 година, Барклис оствари добивка пред оданочување од 2,3 милијарди фунти, или околу 2,75 милијарди евра, што е за 12 проценти повеќе отколку во истиот период минатата година.

Вкупните приходи на банката се зголемија за 3 проценти на годишно ниво на 7,4 милијарди фунти, или повеќе од 8,8 милијарди евра.

Приходите од тргување со обврзници на „Барклис“ се намалија за 19 проценти, што е полошо од падот од 5 проценти забележан кај американските банки, а извршниот директор на банката, Ц.Е. Венкакришнан, изјави дека е разочаран од резултатите.

Банката објави нов откуп на акции во вредност од 500 милиони фунти, со што вкупниот износ вратен на акционерите оваа година достигна 2,8 милијарди фунти, или околу 3,34 милијарди евра.

„Барклис“ се подготвува и за можно зголемување на данокот на банките во Велика Британија, за кое се очекува владата во Лондон да одлучи како дел од буџетот што ќе биде презентиран на 28 октомври.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер