103- годишна Италијанка се опорави од коронавирусот

Старица од северна Италија која треба да го прослави својот 104-ти роденден во август, го победи Ковид-19 предизвикан од новиот коронавирус, објави италијанскиот весник „Ла Република“.

Ада Занусо се разболела на почетокот на март во Домот за нега на стари лица ,,Марија Грација”  во провинцијата Биела, на околу 100 километри западно од Милано.

Во истиот дом, 21 други штитеници потклекнаа на „Ковид-19“, пренесува „Ла Република“.

„Некој горе заборави на мене“, рече Занусо.

Нејзиниот син Џампиеро, кој ја контактирал преку видео повик, вели дека сè уште чита без очила, е љубопитна и постојано сака да знае што прават “.

притисни ентер