ТОК бара инспекција на Алта банка и на одговорните лица во НБС поради можен одлив на пари во странство.
1ТОК бара инспекција на Алта банка и на одговорните лица во НБС поради можен одлив на пари во странство.
Автомобилизам100 ПРОЦЕНТИ ЕЛЕКТРИФИЦИРАНОИЗВРШНИОТ ДИРЕКТОР НА OPEL, FLORIAN HUETTL, ПРЕТСТАВИ ЧЕТИРИ СВЕТСКИ ПРЕМИЕРИ ВО БРИСЕЛ• Новата Astra Electric: бестселер од компактната класа на Opel го прави своето целосно електрично деби • Прво појавување: врвните Astra Sports Tourer GSe и Grandland GSe • Проширен опсег: Mokka Electric сега со опсег до 406 km (WLTP). 100-иот саем за автомобили во Брисел ги отвори вратите денеска со пионерски модели, концепти и решенија за возење изложени до 22 јануари. Opel е присутен на првиот голем автомобилски саем на годишниот календар - со четири светски премиери кои се доказ за иднината: новата Opel Astra Electric го прави своето јавно деби, како и двата нови врвни модели, Opel Astra Sports Tourer GSe и Opel Grandland GSe. Дополнително, Mokka Electric за прв пат се прикажува со нова батерија и 20 проценти поголем опсег од порано. Севкупно, брендот Blitz во Брисел прикажува 100 проценти електрифицирана линија - модели со електрична батерија или со plug-in хибриден погон - во белгискиот главен град. Ова исто така важи и за комерцијалните возила Opel Combo-e и Opel Vivaro-e, кои посетителите исто така можат внимателно да ги погледнат на лице место. „Новата Opel Astra Electric ќе ја наелектризира публиката. Првата Astra со електрична батерија покажува дека Opel постојано го следи својот пат кон станување целосно електричен бренд во Европа. Во исто време, ние веќе ја нудиме вистинската алтернатива за возење за сите барања и преференции во важната компактна класа - од високоефикасни мотори со внатрешно согорување до особено спортската plug-in хибридна Astra GSe до целосно електричната верзија, без емисија на штетни гасови Astra Electric, “, изјави извршниот директор на Opel, Florian Huettl на отворањето на саемот за автомобили во Брисел. Електрифицирани врвни модели: Astra Electric, Astra Sports Tourer GSe, Grandland GSe Електромобилноста е мобилност на иднината – погодна за секојдневна употреба, емотивна и без емисија. Сето ова го овозможуваат моделите на Opel, до кои посетителите на заедничкиот штанд Stellantis 5101 во хала 5 од денес можат да се приближат. Со првата целосно електрична верзија на добитникот на „Златен управувач 2022“, новата Astra Electric, клиентите можат да поминат до 416 km во согласност со WLTP без емисија на штетни гасови благодарение на литиум-јонската батерија од 54 kWh. И кога треба да се полни, Astra со електрична батерија може да се наполни до 80 проценти од капацитетот на батеријата на станица за брзо полнење со директна струја од 100 kW за околу 30 минути. Во исто време, Astra Electric овозможува целосно уживање при возење. Електричниот мотор со 115 kW/156 КС и моќен вртежен момент од 270 Nm обезбедува брзо стартување на семафори до максимална брзина до 170 km/h. Новиот под-бренд GSe исто така се залага за чисто уживање при возење. Два од врвните модели на „Grand Sport Electric“ може да се видат во Брисел: Opel Astra Sports Tourer GSe и Opel Grandland GSe. Во споредба со останатите модели, моделите GSe се дизајнирани да бидат уште поагилни и попрецизни. Управувањето, суспензијата и сопирачките реагираат веднаш и директно на секоја команда од возачот. Во зависност од ситуацијата, технологијата KONI FSD овозможува различни карактеристики на амортизација за прецизно управување и одлична удобност подеднакво. Податоците за перформансите зборуваат сами за себе: со моќност од 165 kW/225 КС и максимален вртежен момент од моќни 360 Nm, и новата Astra Sports Tourer GSe и Astra GSe со пет врати обезбедуваат возбудливо искуство (потрошувачка на гориво според WLTP: 1,2- 1,1 l/100 km, емисија на CO2 26-25 g/km; комбинирано). На друго место, Grandland GSe ја комбинира моќноста на турбо бензинец со волумен од 1,6 литри и два електрични мотори - по еден на секоја оска. Тој обезбедува моќност до 221 kW/300 КС (потрошувачка на гориво според WLTP: 1,2 l/100 km, емисија на CO2 28-27 g/km; комбинирана) и исклучително моќен 520 Nm максимален вртежен момент. Plug-in хибридниот погон го прави Grandland GSe возбудлив SUV со перформанси со постојан електричен погон на сите тркала и одлична траекција и обезбедува најдобро забрзување во класата од самиот старт. Grandland GSe забрзува од нула до 100 km/h за само 6,1 секунди и испорачува максимална брзина од 235 km/h (135 km/h во чисто електричен режим). Помоќна и без емисија: Opel Mokka Electric Opel Mokka Electric е повеќе од кога и да е вистинскиот избор за сите што претпочитаат да возат субкомпактен SUV кој е уникатен и без емисија. Затоа што „Победникот на златен управувач за 2021“ ќе биде достапен со поголема батерија по желба. Аеродинамично дотеран и со нова батерија од 54 kWh во внатрешноста, Mokka Electric може да помине до 406 km наместо до 338 km без емисија на штетни гасови според WLTP - неверојатни 20 отсто повеќе од претходно. Дополнително, помоќниот електричен мотор обезбедува поголема моќност, сега со 115 kW/156 КС и 260 Nm вртежен момент. Електричните модели од другите класи на возила го заокружуваат „електризираниот изглед“ на Opel во Брисел - од најпродаваниот мал автомобил Corsa-e и компактното комерцијално возило Combo-e до повеќенаменското комерцијалното возило и „Меѓународно комерцијално возило за 2021 - Vivaro-e. Патем, патот до поседување ново електрично возило е многу лесен: спонтаните посетители на саемот можат да го нарачаат својот посакуван модел на „Blitz“ директно на штандот. Во „Mobility Corner“ производителот од Rüsselsheim ја претставува својата алатка за онлајн продажба.Овде, клиентите на Opel можат да го конфигурираат своето возило, да го прегледаат дигитално и, доколку сакаат, да се достави до нивниот дом.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЗабаваПознати фудбалер го освои срцето на фатална кантри пејачкаФудбалерот на Милан, Американецот со потекло од балканот Кристијан Пулишиќ има нова девјка, мегапопуларната канти пејачка Меган Морони.Љубовните животи на познатите спортисти и нивните партнерки повторно се во центарот на вниманието, а две убавици од светот на шоу-бизнисот веќе се шегуваат дека припаѓаат на новата генерација на таканаречени „WAG“ девојки. За време на гала-настанот „Time100“ во Њујорк, 29-годишната кантри-пејачка Меган Морони се сретна со својата пријателка Еиза Гонзалез. Двете ѕвезди разговараа за своите партнери за време на настанот. Гонзалез е во врска со тенисерот Григор Димитров најмалку од април 2025 година, додека новата романса на Меган Морони со фудбалската ѕвезда Кристијан Пулишиќ (28) неодамна стана предмет на јавен интерес. „Ние сме новата генерација девојки на познати спортисти“, се пошегува Гонзалез во разговор со Меган. Само една недела претходно, фановите со остро око забележаа значаен детал дека пејачката на „6 Months Later“ и фудбалерот се во врска. Меган потоа се појави на модната ревија на „Victoria's Secret“ за 2026 година и беше фотографирана со телефон во раката, на чиј екран можеше да се види фотографија во позадина. На фотографијата, Меган изгледаше како да е прегрната со ѕвездата на американската фудбалска репрезентација. Уште во јули, Меган наводно била видена со Пулишиќ во бар во Нешвил, додека пак, профил на обожавател посветен на фудбалерот објавил фотографија од него на нејзиниот концерт на Флорида, заедно со неговиот братучед, пренесува „Пипл“ (People).Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЖивотКејт Мидлтон објави досега невидена фотографија од принцот Луис за Ноќта на вештеркитеСопругата на британскиот престолонаследник, принцот Вилијам, Принцезата од Велс, Кејт Мидлтон ги изненади следбениците на кралското семејство, споделувајќи досега невидена фотографија од нејзиниот најмлад син, принцот Луис. Фотографијата е направена за време на Ноќта на вештерките пред неколку години, кога принцот имал само една година. Фотографијата е направена од самата принцеза во Норфолк и на неа се гледа насмеаниот, едногодишен Луис покрај голема тиква. На сликата, принцот носи син мантил за дожд, темни фармерки и светлоцрвени гумени чизми. Фотографијата, објавена на официјалните профили на социјалните мрежи на принцот и принцезата од Велс, е придружена со натписот: „Среќна Ноќ на вештерките! Принцот Луис, 1 година – фотографиран од принцезата од Велс.“Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
БалканТОК бара инспекција на Алта банка и на одговорните лица во НБС поради можен одлив на пари во странство.Јавното обвинителство за организиран криминал (ЈТОК) на Србија соопшти дека побарало од полицијата да го провери работењето на „Алта банка“ (Alta Banka), како и одговорните лица во Народната банка на Србија (НБС)Јавното обвинителство за организиран криминал (ЈТОК) на Србија соопшти дека побарало од полицијата да го провери работењето на „Алта банка“ (Alta Banka), како и одговорните лица во Народната банка на Србија (НБС), во врска со можни одливи на пари од сметките на банката и трансфери во странство. Исто така, денеска по електронска пошта до Обвинителството пристигна кривична пријава против „Алта банка“ како правно лице, како и против неколку одговорни лица во таа банка. Од Министерството за внатрешни работи, односно од Службата за борба против организиран криминал (СБПОК), е побарано итно да постапат и да го проверат целокупното работење на банката, како и сите околности што довеле до одземање на дозволата за работа. Од Обвинителството наведоа дека на 27 октомври, поради написи во медиумите и на социјалните мрежи за одливи на средства од сметка на банка кон странство, испратиле барање до НБС за прибирање на потребните информации и податоци за сите трансакции извршени кон странство во периодот од 27 септември до денот на доставување на извештајот. Постапувајќи по тоа барање, на 30 октомври, НБС ги достави податоците со кои располага во своите квартални извештаи, заклучно со 20 септември. „Извештајот за бараниот период, како што наведоа од Народната банка на Србија, ќе биде доставен по 4 ноември 2026 година“, соопштија од Обвинителството. На 29 октомври до НБС беше испратено ново барање за прибирање податоци, кое се однесуваше на конверзија и одлив на средства од сметката на „Алта банка“ АД Белград кон странство. Еден ден подоцна, на 30 октомври, обвинителството до СБПОК достави барање за проверка на работењето на „Алта банка“ и на одговорните лица во НБС, во врска со можни одливи од банкарски сметки и трансфери на пари во странство. Од Обвинителството соопштија дека денес добиле кривична пријава од НБС против банката и неколку нејзини одговорни лица, при што побарале полицијата итно да го провери целокупното работење на банката, како и околностите што довеле до одземање на дозволата за работа.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter