Гајдов: Нема демократија без демократизација на партиите - Канал 5

Гајдов: Нема демократија без демократизација на партиите

„Во Македонија тешко прифаќаме промени, затоа не мрдаме никаде“

Гајдов: Нема демократија без демократизација на партиите

Не може да има демократија во Македонија додека не се демократизираат партиите. Сте чуле некој од групациите во Собранието да гласа против „султанот“? -Нема такво нешто. Додека не се демократизираат партиите, да има фракции или да има една изборна единица, со слободни листи, каде што ќе бираме личност а не пиончиња и машини, најубава турска серија е Македонскиот Парламент, нема подобра серија што гледам.

Македонија не е изолирано островце, во Скопје има 60-тина Амбасади, се' што ние зборуваме вечерва истиот момент оди во Лондон, Париз, Моква, Пекинг, Вашингтон, сите знаат што се случува во Македонија.

Зошто Бугарија, да спроведе барем три од одлуките на Судот во Стразбур, а не четири или сите четиринаесет? Затоа што зад Бугарија стои Германија. Советот на Министри на ЕУ е должен да го надгледува спроведувањето на пресудите, а што прават само одложуваат. Зошто Русија и Белорусија ги исклучија од Советот на ЕУ? Бугарија и Франција се шампиони во неспроведување одлуки.

Во Македонија нема опозиција, СДСМ не знаат што да прават со себе. Опозицијата нема идеја, нема самокритичност. Лидер се создава и е човек што не лаже, интегритет, тоа што кажува -прави. Има визија за подобро утре и има тим, два примери давам: Исус Христос и Александар Македонски, да немал 12 Апостоли или таков генералски тим Александар немал да ја освои цела Азија. Никој не може да биде геније сам, потребен е лидерски тим, а во Македонија се уште нема лидер од Цар Самуил. Ние во Македонија тешко прифаќаме промени, затоа не мрдаме никаде, вели Љубомир Гајдов во Само Вистина.

YouTube video

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Просторот пред салата „Расадник“ добива нов, урбан лик

Просторот пред спортската сала „Расадник“ во Кисела Вода забрзано се трансформира во прекрасно и модерно урбано катче.

Просторот пред салата „Расадник“  добива нов, урбан лик

Градоначалничката Бети Стаменкоска Трајкоска денеска изврши увид во завршните работи од изградбата на новиот сквер, кој се протега на површина од 4.535 квадратни метри. Овој проект се реализира со средства обезбедени од Владата на Република Македонија, како дел од инвестициите за капитални проекти во општините.

Со врши поплочување со травертин, се гради светлечка фонтана, ќе бидат поставени нови клупи и модерно осветлување. Наскоро следи и целосно хортикултурно уредување кое дополнително ќе го оплемени овој дел од населбата. Со овие активности финално се заокружува целата слика за овој комплекс, особено ако се земе предвид дека и темелната реконструкција на самата сала „Расадник“, која ја реализира Министерството за спорт во соработка со Општина Кисела Вода, е веќе пред самото завршување.

-Ова е простор кој жителите на Кисела Вода многу го сакаат и навистина ми е драго што конечно го добива изгледот кој го заслужува. Со новиот плоштад, убавата фонтана и зеленилото, просторот пред салата „Расадник“ станува вистинско место за одмор и дружење на сите генерации. Министерството за спорт веќе ја завршува целосната реконструкција на самата сала, а преку овој проект, поддржан од Владата на Република Македонија, ние го уредуваме просторот околу неа. Така заеднички покажуваме како се работи за граѓаните и како еден култен објект за нашата општина комплетно заживува со нов, модерен и функционален лик-изјави градоначалничката Бети Стаменкоска Трајкоска.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Герасимовски: Бесплатни прегледи, спортски игри и активности со младите, пензионерите активно учествуваат во проектите на Центар

Градоначалникот на Општина Центар ,Горан Герасимовски,  одржа средба со претставници на Здружението на пензионери на Општина Центар, на која се разговараше за тековните и претстојните проекти.

Герасимовски: Бесплатни прегледи, спортски игри и  активности со младите, пензионерите активно учествуваат во проектите на Центар

Градоначалникот на Општина Центар ,Горан Герасимовски, одржа средба со претставници на Здружението на пензионери на Општина Центар, на која се разговараше за тековните и претстојните проекти, како и за поголемо вклучување на пензионерите во активностите што ги спроведува општината.

На состанокот, градоначалникот ги повика пензионерите да ја искористат можноста за бесплатни здравствени прегледи и консултации со тим специјалисти, што ќе се одржат во понеделник во општинскиот Младински центар Матично , во пресрет на Светскиот ден на здравјето.

„Здравјето е најважно! Дојдете, проверете ја вашата здравствена состојба и искористете ја можноста за стручни совети од лекарите“, рече Герасимовски.

На средбата во фокус беше и проектот „Застапеност на своевремениот наставен предмет домаќинство во образовниот процес во соработка со пензионерите“, преку кој учениците од седмите одделенија учат практични вештини од искуството на повозрасните, шиење, кроење, плетење и везење, подготовка на здрави оброци, како и сликање и дизајнирање.

Во мај се планирани нови активности за пензионерите : „Носталгија за Корзо во Општина Центар“, со прошетки, игранка на отворено и сеќавања на старите добри времиња , екскурзија и спортски игри.

Со ваквите иницијативи, Општина Центар продолжува да поттикнува активен живот, размена на искуства и вклученост на сите категории граѓани.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

МЗШВ: Исплатени над 1 милијарда денари поддршка за овчарството

 Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ) информира дека се исплатени над 1 милијарда денари поддршка за овчарството.

МЗШВ: Исплатени над 1 милијарда денари поддршка за овчарството

-Реализирана е исплата од 1.021.527.000 денари кон 2.139 одгледувачи за мерката 2.6 - директни плаќања за обележани грла овци постари од 12 месеци од Програмата за финансиска поддршка во земјоделството за 2025 година, се наведува во соопштението.

Од Министерството велат дека остануваат посветени на оваа сточарска гранка.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер