ЛДП: Потпишувањето на договорите за третата фаза од железничкиот Коридор 8 е важен чекор во поврзувањето со Европа
Нови можности: Нови вработени ја започнаа својата професионална приказна во Lidl Логистичкиот центар во Куманово
1ЛДП: Потпишувањето на договорите за третата фаза од железничкиот Коридор 8 е важен чекор во поврзувањето со Европа
2Нови можности: Нови вработени ја започнаа својата професионална приказна во Lidl Логистичкиот центар во Куманово
МакедонијаПетрушевски: СДС и ДУИ во Тетово донесоа измени во ДУП со кои директно му овозможија бизнис од 200 милиони евра на прорускиот бизнисмен ДакаВласта на Заев и Ахмети, во 2020 година, на само еден ден по изборот на новата влада, во Тетово донесе измени во ДУП со кои директно се овозможи бизнис од 200 милиони евра на прорускиот бизнисмен Миодраг Давидовиќ – Дака. Станува збор за просторот на некогашниот гигант ШИК Јелак, кој тогаш е откупен од страна на Миодраг Давидовиќ – Дака, преку фирмата „Јелак Градба“, се вели во соопштениеот на ВМРО-ДПМНЕ од денешната прес-конференција на Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ. На истиот овој простор крими коалицијата предводена од СДС и ДУИ, во Тетово донесе нов детален урбанистички план само еден ден по изборот на владата во 2020 година. Со новиот ДУП, планирано било на овој простор да никне урбана џунгла со над 2.000 станбени едници во вредност од 200 милиони евра. Да потсетиме, дека ако не беше ВМРО-ДПМНЕ, во Тетово заради бизнис интерес на врвот на тогашната власт на Заев и Ахмети, на местото на некогашниот гигант ШИК Јелак ќе никнеше бетонска џунгла со над 2.000 станбени единици, илјадници метри квадратни деловни простории и трговски центри. Ова е разликата помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДС. Ние се бориме против криминалот и корупцијата, тие се криминалот и корупцијата. Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиШокантни податоци за намалувањето на бројот на првачиња08:47Канал 5 дознава: Утврдени се пропусти во лекувањето на 19 годишната родилка од струмичко, Станка Михајлова15:00Во владата потпишани се договорите за финансирање на изградбата на железничката делница Крива Паланка – Деве Баир11:04Сончево и многу топло,температурата до 39 степени08:23Македонија во портокалова фаза поради екстремно топлото време15:00
Канал 5 дознава: Утврдени се пропусти во лекувањето на 19 годишната родилка од струмичко, Станка Михајлова15:00
Во владата потпишани се договорите за финансирање на изградбата на железничката делница Крива Паланка – Деве Баир11:04
МакедонијаЛДП: Потпишувањето на договорите за третата фаза од железничкиот Коридор 8 е важен чекор во поврзувањето со ЕвропаЛиберално-демократската партија (ЛДП) го поздравува потпишувањето на договорите со Европската Унија, Европската инвестициска банка и Европската банка за обнова и развој за финансирање на третата фаза од железничкиот Коридор 8.Ова е важен чекор за подобра регионална поврзаност, економски развој и поблиска интеграција на Македонија во европската транспортна мрежа. Истовремено, потсетуваме дека државата веќе изгуби околу 60 милиони евра европски грант за овој проект поради неисполнување на роковите и слабата реализација на проектот. Таквите пропусти не смеат никогаш повеќе да се повторат. ЛДП со години укажува дека инфраструктурните проекти што ја поврзуваат Македонија со Европа се национален интерес кој треба да има поддршка без разлика која политичка гарнитура е на власт Затоа, за ЛДП ваквите проекти не смеат да бидат предмет на дневнополитички пресметки. Очекуваме по потпишувањето на договорите да следува навремена, ефикасна и транспарентна реализација на проектот, затоа што на Македонија ѝ се потребни резултати, а не само свечени потпишувања. ЛДП ќе продолжи да поддржува секој проект што ја доближува Македонија до Европската Унија, ја подобрува регионалната поврзаност и создава услови за економски развој.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаНови можности: Нови вработени ја започнаа својата професионална приказна во Lidl Логистичкиот центар во КумановоТимот на Lidl во Македонија продолжува да расте.Од почетокот на август, 17 нови вработени го стартуваа својот професионален пат во Логистичкиот центар на компанијата во Куманово, откако успешно го поминаа процесот на селекција. Lidl активно продолжува со вработувања во логистичкиот центар и маркетите низ целата држава. „Веруваме дека долгорочниот успех на компанијата зависи од луѓето и затоа наша цел е да изградиме стабилен, професионален и посветен тим кој ќе расте заедно со Lidl. Вложуваме во внимателен избор на кандидатите, во нивниот професионален развој и во создавање работна средина во која секој од нив ќе има можност да учи, да напредува и да се чувствува ценет“, изјави Теодора Хаџи-Димова-Танаскоска, директорка за човечки ресурси во Лидл Северна Македонија. Секој нов вработен минува низ јасно структуриран процес на воведување во работата. Oбуките траат од шест до осум недели, зависно од работната позиција и се насочени кон стекнување практични знаења и вештини, со постојана поддршка во текот на целиот период на обука. Со над 400 вработени во земјава, Lidl обезбедува стабилност и можност за кариерен развој во рамките на еден од најголемите европски малопродажни синџири. Работењето во Lidl се темели на вредности како што се почит, доверба, високи перформанси, приземност и заедништво. Во таква работна средина секој вработен е важен дел од тимот, а учењето, развојот и меѓусебната поддршка се препознаени како основа за долгорочен успех. Компанијата продолжува со вработувања и во наредниот период, а повеќе информации за отворените работни позиции и процесот на аплицирање се достапни на jobs.lidl.mk.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиШокантни податоци за намалувањето на бројот на првачиња08:47Канал 5 дознава: Утврдени се пропусти во лекувањето на 19 годишната родилка од струмичко, Станка Михајлова15:00Во владата потпишани се договорите за финансирање на изградбата на железничката делница Крива Паланка – Деве Баир11:04Сончево и многу топло,температурата до 39 степени08:23Македонија во портокалова фаза поради екстремно топлото време15:00
Канал 5 дознава: Утврдени се пропусти во лекувањето на 19 годишната родилка од струмичко, Станка Михајлова15:00
Во владата потпишани се договорите за финансирање на изградбата на железничката делница Крива Паланка – Деве Баир11:04
МакедонијаСерафимовски во Струмица: Министерството активно работи на стабилизирање на откупот на пиперкатаМинистерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Борче Серафимовски, денеска во Струмица оствари одделни средби со претставници на регистрираните откупувачи - трговци и со производителите на пиперка од Струмичко.Во разговорот со откупувачите беа отворени прашањата за тековната динамика на откупот, цените според класата и намената на производот, количините што можат да бидат преземени, извозните можности и навремената исплата кон производителите на пиперка. На средбата министерот Серафимовски потсети на обврската условите за откуп да бидат однапред познати, цените јавно истакнати, а класификацијата прецизна и доследна. „Цената ја определуваат пазарните услови, но начинот на кој се одвива откупот мора да биде законски, транспарентен и предвидлив. Улогата на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство е да ги сослуша аргументите на сите страни, да обезбеди почитување на правилата и да придонесе за откуп на пиперката што ќе го вреднува трудот на земјоделците и ќе овозможи непречен пласман“, истакна министерот Серафимовски. На одделната средба со производителите на пиперка беа сослушани нивните забелешки и барања поврзани со почетните откупни цени, производствените трошоци и последиците од временските непогоди врз годинашната реколта. Министерот Серафимовски истакна дека секој земјоделец, независно дали настапува индивидуално или преку здружение, има право неговите аргументи да бидат разгледани сериозно и одговорно. „Зад секој предаден килограм стојат вложувања, труд и приход на едно земјоделско семејство. Затоа разговорот за откупот не смее да се сведе само на бројки, туку мора да ја опфати и одговорноста на секој учесник во синџирот. Секој земјоделец што се соочува со реален проблем е легитимен соговорник “, порача министерот Серафимовски. Министерот Серафимовски информираше дека Државниот инспекторат за земјоделство продолжува со секојдневните контроли на откупните пунктови. Се проверуваат условите за вршење откуп, јавното истакнување на цените, класификацијата на производите, исправноста на мерните инструменти и уредноста на документацијата. За секоја утврдена неправилност за која постои законска основа ќе бидат преземени соодветни мерки. Во текот на наредната недела министерот Серафимовски ќе се сретне и со сопствениците на преработувачките капацитети, со кои ќе разговара за расположливите капацитети, планираните количини за откуп и можностите за пласман на годинашната реколта на пиперката.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter