3 Митесерите не мора да бидат редовен проблем – Како да се ослободите и да го спречите повторното враќање
СветЗеленски: Ситуацијата на бојното поле е најдобра во последните 10 месециУкраинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека ситуацијата на линијата на фронтот е најдобра за неговата земја во последните 10 месеци додавајќи дека украинските сили успешно ја одбиле руската офанзива минатиот месец.„Офанзивата што ја планираа за март беше спречена од дејствата на нашите вооружени сили. Затоа Русите сега, едноставно, ќе ги интензивираат своите офанзивни операции“, рече Зеленски преку денешното соопштение од неговиот кабинет. „Општо земено, линијата на фронтот се држи... Ситуацијата е комплицирана, но најдобра во последните 10 месеци“, додаде тој повикувајќи се на украинските и британските разузнавачки служби. Украинскиот лидер рече дека ги поканил американските преговарачи да го посетат Киев за време на виртуелен состанок претходно оваа недела и дека слушнал „позитивни сигнали“ како одговор на неговиот предлог. Тој ги покани со цел да ги обноват преговорите со Москва за прекин на конфликтот во Украина, кои се прекинати по избувнувањето на војната на Блискиот Исток, рече Зеленски, пренесуваат француските медиуми. „Ја поканив американската делегација задолжена за преговорите во Киев. Делегацијата ќе направи сè што е во нејзина моќ да дојде во Киев во сегашните околности, за време на војната со Иран“, рече украинскиот претседател, чии изјави беа под ембарго до денеска. „Ова е алтернатива на трилатерален состанок на ниво на технички работни групи. Американската група може да дојде кај нас, а потоа да замине за Москва“, додаде тој.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЖивотДенеска се празнува Мала Богородица: Еве каква ќе биде есента ако на овој ден осамне облачно утроДенеска, 21 септември, православна црква и верниците ја одбележуваат Мала Богородица, празникот Раѓање на Пресвета Богородица, со кој се поврзуваат бројни обичаи и верувања.Денеска, 21 септември, православните верници ја одбележуваат Мала Богородица, празникот Раѓање на Пресвета Богородица, со кој во македонската народна традиција се поврзуваат бројни обичаи и верувања. Едно од нив е особено интересно во овој период од годината – се верува дека времето на Мала Богородица може да навести какви ќе бидат есента и зимата. А денешниот ден во Македонија осамна облачно. Утрото го пречекавме под облаци, додека во текот на денот се очекуваат периоди на разведрување и појава на сончеви интервали. Токму поради тоа, ако се водиме според старото народно толкување, денешниот празник Мала Богородица би можел да се опише како своевидна „мешавина од знаци“. Не нè пречека целосно ведро и сончево утро, но облачноста не значи дека целиот ден ќе остане под облаци. Есента и зимата, фигуративно кажано, денеска „испраќаат порака“ – облачното утро според народното верување може да најави порано заладување, додека разведрувањето и сончевите периоди во текот на денот оставаат простор за верување дека нè очекуваат и уште многу убави и благи денови. Што вели народното верување? Според едно од распространетите народни верувања, доколку на Мала Богородица е ведро, сончево и без облаци во поголемиот дел од денот, претстојната есен и зима би требало да бидат благи, без многу студени денови. Спротивно на тоа, облачното време на овој празник во народната традиција се толкувало како најава за постуден период. Во некои народни преданија се наведува дека особено се набљудувала промената на времето во текот на самиот ден, па смената на облаци и сонце можела да се толкува како најава за променлива есен. Во минатото, кога немало современи временски прогнози, луѓето внимателно го следеле однесувањето на облаците, ветерот, температурата, животните и растенијата и врз основа на искуството создавале изреки и правила кои се пренесувале од генерација на генерација. Мала Богородица била важен пресврт во годината Не е случајно што токму со овој празник се поврзуваат толку многу верувања за времето. Мала Богородица се одбележува во периодот кога летото дефинитивно се приближува кон својот крај, а природата влегува во есен. Во традиционалниот живот во Македонија, овој празник имал и практично значење – се поврзувал со почетокот на есенските земјоделски работи, орањето и сеидбата на озимите култури, а периодот околу Мала Богородица бил поврзан и со почетокот на есенските свадби. Затоа, некогаш погледот кон небото на овој ден се сфаќал многу посериозно отколку денес. Времето не било само прашање дали денот ќе биде пријатен за прошетка или работа – од него зависеле земјоделските активности, приносот и подготовката на домаќинствата за постудениот дел од годината. А според денешното небо, по облачното утро, сончевите периоди во текот на денот оставаат простор за различни толкувања. Ако се протолкува во духот на старото народно верување, есента би можела да биде променлива – со први постудени периоди, но и со доволно сончеви и топли денови.Тагови: Мала Богородица православен календар празник Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветПартијата на Путин убедливо победи на изборите на руската Државна дума Тродневното гласање на изборите за деветтиот состав на руската Државна дума заврши со затворањето на избирачките места во најзападниот регион на Русија, Калининградската област.Според првичните резултати, владејачката „Единствена Русија“ освои најмногу гласови, додека втора беше Комунистичката партија на Русија. „Единствена Русија“ освои 57,54 отсто од гласовите според првите обработени податоци, соопшти Централната изборна комисија на Русија, пренесе „Спутник“. На второто место се најде Комунистичката партија на Русија со 13,80 отсто од гласовите. „Единствена Русија“, чиј претседател е Дмитриј Медведев, долго време го поддржува актуелниот претседател Владимир Путин. На третото и четвртото место се „Нови луѓе“ со 7,96 отсто од гласовите, односно „Праведна Русија“ со 5,16 отсто. Според податоците од 20:55 часот по московско време, прелиминарната излезност на изборите за Државната дума до крајот на гласањето изнесуваше 56,66 отсто. Последниот ден од гласањето, како и претходните два, започна на Далечниот Исток и постепено се поместуваше кон запад. Распоредот се разликуваше во некои региони. На пример, во самопрогласената Доњецка Народна Република (ДНР), избирачките места останаа отворени до 14 часот по московско време. Републиканската изборна комисија ја оправда оваа одлука со активноста на беспилотни летала и потребата за безбедно доставување на изборните документи по затворањето на избирачките места, пренесе ТАСС. Изборите за пратеници во Државната дума од деветтиот состав се одржаа од 18 до 20 септември. Жителите на регионот Донбас и на Новорусија за првпат учествуваа на изборите. На изборните листи за федералната изборна единица беа застапени десет партии: „Единствена Русија“, Комунистичката партија на Руската Федерација, Либерално-демократската партија на Русија, „Нови луѓе“, „Праведна Русија“, Руската партија на пензионерите за социјална правда, „Комунисти на Русија“, „Родина“, Руската еколошка партија „Зелени“ и Партијата за директна демократија.Тагови: русија Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски: Разговарав со државниот секретар на САД, Марко Рубио.08:31Црн викенд на македонските патишта – три жртви во две сообраќајни несреќи, седуммина повредени 15:00Сиљановска-Давкова: Нека нишката што ја започнаа браќата Манаки продолжи да се ткае и ткае, со знаење, вештина, храброст....09:16Трамп не го доби Гренланд, но договори трајно американско присуство15:00Трамп потпиша закон насочен против руската нафта, гас и поддржувачите на Москва09:10
Сиљановска-Давкова: Нека нишката што ја започнаа браќата Манаки продолжи да се ткае и ткае, со знаење, вештина, храброст....09:16
МакедонијаМисајловски на состаноци на министрите за одбрана во форматите CEDC и KREMSМинистерот за одбрана Владо Мисајловски престојува во Словенија каде денеска и утре (21 и 22 септември) во Брдо-Крањ, ќе учествува на редовниот годишен состанок на министри за одбрана.Министерот за одбрана Владо Мисајловски престојува во Словенија каде денеска и утре (21 и 22 септември) во Брдо-Крањ, ќе учествува на редовниот годишен состанок на министри за одбрана во рамки на Централноевропската одбранбена соработка – CEDC со земјите од Западен Балкан (Албанија, Босна и Херцеговина, Србија и Македонија) и на состанок на неформалната регионална иницијативата за одбранбена соработка меѓу земји од Централна Европа во формат Грац/Кремс со земјите од Западен Балкан. Фокусот на годинашните состаноците е безбедносната состојба во Европа, унапредување на регионалната безбедносна и одбранбена соработка преку заеднички проекти и размена на искуства со земјите членки на CEDC, воената мобилност, управувањето со кризи, хибридните закани, заеднички обуки и развој на капацитети и способности и идни активности кои ќе ја зајакнат улогата на земјите од Западен Балкан во евро-атлантската безбедносна архитектура Во текот на утрешниот ден предвидено е да се реализира и состанок на земјите членки на Балканските медицински наменски силиКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook