Украдена е книга, чии корици од злато и скапоцени камења ја направи Салвадор Дали- тежи 210 килограми (ВИДЕО)
2Украдена е книга, чии корици од злато и скапоцени камења ја направи Салвадор Дали- тежи 210 килограми (ВИДЕО)
МакедонијаАндоновски: До 2026 година ќе бидеме подготвени за електронски попис на населениетоНашата политичка заложба е во 2026 год. да бидеме подготвени и по налог на Државниот завод за статистика, тогаш кога ќе треба, кога ќе се донесе законот да спроведеме електронски попис, изјави министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски.Директорот на Државниот завод за статистика, Дејан Станков, пак, вели дека следниот попис на населението е планирано на глобално ниво да се спроведе околу 2030 година и нагласува дека целта е следниот попис на население да биде спроведен електронски, односно со користење на административни извори. Нашата политичка обврска, нагласи Андоноvски е да ги направиме сите подготовки за дигитален попис. - Јасно е, тоа беше наведено и во програмата на Владата и програмата на партијата, дека во 2026 година треба да се работи на тоа, но ги знаеме правилата на Евростат дека тоа се случува на 10 години, што значи дека ние во овој период мораме да работиме на сите регистри, на интероперабилноста на податоците, за да бидеме подготвени да го направиме тоа. Имаме време од денес до рокот кога што треба да се спроведе тој попис, да ги тестираме фазите, секако под водство на Државниот завод за статистика, и сме сигурни дека во моментот кога ќе дојде пописот, ќе им веруваме и на резултатите и на методологијата врз основа на која што тој ќе биде направен – изјави Андоновски. Toj, исто така, се осврна и на критиките на Пописот 2021, нагласувајќи дека имало причини за тоа. - Голем дел од активностите не беа извршени на вистинскиот и правилен начин според методологијата. Второ, се вршеше попишување на лица во странство кои воопшто не се резиденти на државата, под неразјаснети околности и на неразјаснети начини. Се случуваше да има пакети со пасоши кои се попишуваа како да се луѓе, нешто што не смееме да го дозволиме на следниот попис – изјави Андоновски. Сега, според него, сме подобро подготвени, посочувајќи дека секој работи на своите регистри, а Државниот завод за статистика, по координација со сите нас, ја развива методологијата за тоа како тие податоци да се споделуваат и да бидат достапни за граѓаните и институциите. Директорот на Државниот завод за статистика, Дејан Станков, нагласи дека огласно меѓународните стандарди, исто согласно резолуцијата која што минатата година беше донесена на Генералното собрание на Статистичката комисија во рамки на Обединетите нации, следниот попис на населението е планирано на глобално ниво да се спроведе околу 2030-та година. -Државниот завод за статистика како сериозна институција започна со подготовки на следниот попис на население и започна со активности за воспоставување на статистички систем базиран на регистир. Нашата цел е следниот попис на население да биде спроведен електронски, односно со користење на административни извори – изјави Станков. За таа цел, посочи Станков, започнати се активности за воспоставување на статистички регистри на население каде што заедно со институциите кои се носители на административните збирки на податоци се работи на испитување на квалитетот на податоците. - Она што како држава мора да го направиме во наредниот период е сите заедно да работиме, сите институции за подобрување на квалитетот на административните извори, односно да го доведеме до ниво што е соодветно за статистичките стандарди и на тој начин спроведеме попоис базиран на регистри, рече директорото на ДЗС. Регистарот на население, нагласи Станков, овозможува и други придобивки, како што е процена на населението базирано на сите административни извори, а не само како што е сега врз основа на виталните статистики и податоците за миграција и емиграција, каде што извор е Министерството за внатрешни работи. -Со Министерството за дигитална трансформација имаме одлична соработка и тоа е нешто што ветува дека следниот попис на населението ќе биде успешно спроведен со користење на регистри, имајќи предвид дека во Министерството за дигитална трансформација се води и администрацијата на регистарот на населението. Така што продолжуваме заедно со Министерството за дигитална трансформација, како институција која што е носител на администрацијата на регистарот на населението, но и со другите институции кои што се носители на останатите регистри, да работиме заедно и како држава да го спроведеме следниот попис на населението исклучиво врз административни извори – изјави Станков. Според статистичките стандарди, тој нагласи дека законот кога се спроведува попис треба да биде донесен најмалку една година пред спроведувањето на пописот, и дека денес сме многу поспремни за разлика од пред 5 или 10 години за спроведување на електронски попис, со оглед дека применуваме кон користење на административни извори. Во однос на резидентното и нерезидентнот население, Станков вели дека е позната појава дека населението кое што стекнува резидентен статус во странство не го одјавува својот резидентен статус во државата и тоа е една од главните слабости, но тие слабости ги надминуваат со статистички методи. -Затоа велам дека не можеме единствено да се потпираме на еден административен регистар. Затоа ние, во рамки на статистичкиот регистар на население, користиме повеќе регистри и статистичка методологија која што овозможува точно детектирање на резидентноста на населението и елиминирање на овие поединечни слабости – изјави Станков. Државен завод за статистика, како што нагласи, ќе ја зема предвид препораката на Уставниот суд и постапуваме согласно овие принципи. -Ќе ја земеме предвид препораката на Уставниот суд, која е донесена во одреден временски период, согласно статистичката методологија и согласно генералните стандарди, нема потреба од опфаќање на нерезидентното население, затоа што целта на пописот е детерминација на резидентното население, односно населението кое што живее во државата, и тоа е и основна статистичка дефиниција – појасни Станков. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ХороскопДневен хороскоп за 7. октомври 2026 година Дневен хороскоп за среда, 7. октомври 2026 година. Вага 24.9.-23.10. Љубов До лилчноста што ја сакате ќе се обидете да дојдете со помош на гастрономски специјалитети . Веројатно е излегување на вечера со морско мени. Кариера Ќе се снаоѓате балансирајќи меѓу барањата на другите и своите планови и желби. Ќе успеете да најдете некаква средина. Здравје Не се нервирајте. Шкорпија 24.10-22.11. Љубов Веројатно ситуацијата ќе ве наведе на тоа максимално да е фокусирате на партнерот. Ќе размислувате како да продолжите заедно. Кариера Доколку договарате нова работа или проект, почекајте со одлуката барем до попладневните часови , зашто тогаш се ќе ви биде појасно. Здравје Намален имунитет и енергија. Одморете се. Стрелец 23.11.-21.12. Љубов Можно е со својата љубов малку да го задушувате партнерот. Дозволете му малку повеќе слобода. Кариера Вашите шефови на една , вие на друга страна . Сепак , не станува збор за судир , туку за различни методи до истата цел. Здравје Не играјте отворено . Јарец 22.12.-20.1. Љубов Денеска вашите пријатели ќе ве поттикнуваат и инспирираат за љубов. Кариера На некои вашите заслуги во работата нема да бидат целосно јасни , па ќе мора малку повеќе да се докажувате. Ќе бидете креативни и успешни. Здравје Вежбајте гимнастика. Водолија 21.1.-19.2. Љубов Денеска би можеле убаво да се забавувате , доколку излезете на место каде што име уметнички содржини. Игнорирајте ги фалбаџиите. Кариера На работното емсто ќе се озборува , а лажните приказни ќе бидат главните настани. Не обрнувајте внимание на ништо од тоа , туку работете она што требате. Здравје Останете будни и подготвени за промени. Риби 20.2.- 20.3. Љубов Откако ќе одработите дел од ,,домашните работи” , повторно ќе се свртите кон партнерот или кон личноста од работното место која ве сака. Кариера Не сте свесни пред какви можности се наоѓате. Освен што можете да покренете голем број новини , тука се и стабилните работи. Здравје Подобро отворете ги очите. Овен 21.3-20.4. Љубов Пртед вас е ден во кој одлично ќе ги поврзете своите внатрешни потреби со луѓето околу вас. Кариера Контактите и комуникациите со лица од странство се засилуваат. Денеска ќе преговарате околу некои детали. Здравје Ниту заморот не ве запира. Бик 21.4- 20.5. Љубов Ќе бидете настроени во целост да се впуштите во вашите фантазии , а вашите врски со љубовната реалност ќе се намалат. Кариера Денеска уметниците меѓу вас би можеле добро да работат. Другите ќе имаат пречки , не во идеите , туку во реализацијата. Здравје Можни се илузии. Близнаци 21.5.-21.6. Љубов Ќе настојувате саканата личност да ја наведувате на дневните тековни работи и така да ја приближите до реалноста. Кариера Ќе има некаква реорганизација на работното место . Новините се однесуваат на условите за работа , колегите , услугите и слично. Здравје Продолжете со новите здрави навики. Рак 22.6-22.7. Љубов Оние кои биле на чекор до вљубување, денеска конечно ќе сфатат дека сакаат и поотворено ќе тргнат кон таа насока. Кариера Нови периоди им следуваат на вработените во спортски , педагошки и забавбни дејности , а другите остануваат креативни. Здравје Дотерајте се. Лав 23.7-22.8. Љубов Друштвеноста и отвореноста денеска ќе бидат вашите главни квалитети. Оние кои уште се сами , ќе успеат набрзина да остваруваат контакти. Кариера Ќе се мерат вашите заслуги во работата. Истовремено ви доаѓаат прекрасни идеи полни со креативност. Здравје Прошетајте се на свеж воздух. Девица 23.8.-23.9. Љубов Фантазијата денеска ќе ви работи стотка на час. Некои во саканата личност ќе видат нешто што таа воопшто не е. Можни се нереални проценки. Кариера Ќе бидете способни да реагирате брзо и тактично. Ќе успеете да помагате и да читате меѓу редови таму каде што никој нема да може. Здравје Ова е ден на вашата сестраност.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаНикола Србов и Александар Трајановски во „Само вистина“Вечерва во „Само вистина“ гости ќе бидат Никола Србов и Александар Трајановски.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЖивотЉубов на прв поглед или само привлечност? – Пет знаци дека сте доживеале длабока поврзаностЉубовта на прв поглед не потекнува од умот, ниту пак се потчинува на логиката; таа е промена што се случува во еден миг, после која странецот повеќе не се доживува како непознат. Кога ќе се случи, таа со себе не носи ниту немир, ниту анализирање, туку чувство на длабоко, необјасниво присуство. Ако се прашувате дали сте доживеале ваква мистериозна средба, еве ги знаците што откриваат дека станува збор за нешто многу подлабоко од обична привлечност. 1. Внатрешен мир и спуштање на гардот Првите средби со нови луѓе речиси секогаш носат доза на воздржаност и претпазливост. Меѓутоа, во присуство на оваа личност, целиот внатрешен оклоп се топи без труд. Не вложувате енергија во тоа како ќе испаднете, нити ги преиспитувате правилата на однесување. Нема потреба да се докажувате и покрај оваа личност немате чувство дека сте излегле од вашата комфорна зона, туку како неочекувано да се враќате кон сопствениот мир. 2. Чувство на долготрајна блискост и препознавање Блискоста е чувство што обично го градиме со месеци или години, но тука се јавува парадокс: иако речиси ништо не знаете за личноста, длабоко во себе чувствувате дека отсекогаш сте ја познавале. Временските и просторни дистанци губат значење, разговорот тече лесно, нивната појава не ви е туѓа, туку препознавате некого кој ви е несфатливо близок. 3. Тивко откажување од менталната листа со критериуми Повеќето од нас носат во себе слика за тоа како би требало да изгледа идеалниот партнер, со што би требало да се занимава или како би требало да се однесува. Во моментот кога ќе се воспостави ваква поврзаност, сите тие однапред замислени услови веднаш стануваат неважни. Не ја споредувате оваа личност со вашите стари мерила, ниту се обидувате да ја вклопите во вашите претходни сфаќања. Ја прифаќате целосно – токму таква каква што е – сфаќајќи дека нејзината автентичност е единственото нешто што навистина ви е важно. 4. Говор на телото што го разоткрива поместувањето на границите Пред умот воопшто да може да дефинира што се случува, телото реагира прво. Вашата внатрешна состојба суптилно го менува вашето држење, гестикулациите и изразот на лицето. Движењата ви стануваат помеки, погледот постабилен, а говорот на телото несвесно се отвора кон другата личност. Без каква било намера или преправање, вашата физиономија испраќа тивок сигнал на прифаќање, дозволувајќи ѝ на другата личност да се приближи повеќе отколку што вообичаено би дозволиле некому што тукушто сте го запознале. 5. Присуство што не блее по разделбата Кога средбата ќе заврши и ќе се вратите на секојдневните обврски, енергијата на тој момент не исчезнува. Личноста останува присутна во вашите мисли – не како товар или опсесија, туку како благ, траен впечаток. Вашиот внатрешен простор останува исполнет со нејзиното присуство, а сликите од идните заеднички мигови сосема природно се редат во вашиот ум, без никаков притисок. Ако ова чувство не бледнее со минување на деновите, сосема е сигурно дека не сте доживеале само минлива занесеност, туку средба која ја носи моќта на вистинската поврзаност. Извор: sensa.story.hrКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook