- Канал 5

Научници и дизајнери од Амстердам, претставија торба направена од кожа од Ти-рекс добиена по вештачки пат

Научници и дизајнери од Амстердам, вчера претставија торба направена од кожа добиена по вештачки пат, односно од колаген извлечен од фосили на тирaносаурус (Ти-рекс).

Научници и дизајнери од Амстердам, претставија торба направена од кожа од Ти-рекс добиена по вештачки пат

Проектот има за цел да ги прикаже можностите на лабораториски одгледуваната кожа и нејзината потенцијална примена во модната индустрија.

Торбата, во тиркизна боја, е изработена од материјал кој бил развиен од фрагменти на древни протеини издвоени од остатоците на диносаурусот. Таа ќе биде изложена во музејот Арт Зоо во Амстердам до 11 мај, по што ќе биде понудена на аукција со почетна цена поголема од 500.000 долари.

Истражувачите објаснуваат дека процесот на изработка вклучувал внесување на изолирани протеински фрагменти во клетки на животно, со што бил произведен колаген кој потоа бил претворен во кожа. Според извршниот директор на компанијата Органоид (Organoid), Томас Мичел, проектот се соочил со бројни технички предизвици и барал иновативни решенија за да се добие функционален материјал.

Директорот на компанијата „Lab-Grown Leather Ltd“, Че Конон, која учествувала во производството, истакна дека потеклото од тирaнозавр додава дополнителна вредност на производот. Тој нагласи дека лабораториски одгледуваната кожа претставува не само еколошки избор на традиционалната кожа, туку и значителен технолошки напредок во развојот на нови материјали.

Сепак, проектот предизвика и критики од дел од научната заедница. Палеонтологот Мелани Дуринг од Универзитетот во Амстердам наведува дека колагенот во коските на диносаурусите опстојува само во делови кои не се доволни за реконструкција на кожата. Таа предупредува дека користењето на терминот „кожа на ти-рекс“ може да создаде погрешни претстави кај јавноста. Американскиот палеонтолог Томас Холц од Универзитетот во Мериленд се надоврзува велејќи дека идентификуваниот колаген потекнува од коските, а не од кожата на диносаурусот, и дека му недостасува структурата на влакна која е карактеристична за животинската кожа. Одговарајќи на критиките, Томас Мичел додаде дека дебатата е составен дел од научниот процес и дека проектот има за цел да се истражат нови можности и иновации во областа на лабораториски одгледуваната кожа.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

СДСМ: Обвинителот Савески ги исполнува задачите што му ги додели Мицкоски, правдата е погребана

Новиот јавен обвинител, Ненад Савески, работи целосно под диктат на Христијан Мицкоски и за 24 часа ги има исполнето сите задачи што му ги додели.

СДСМ: Обвинителот Савески ги исполнува задачите што му ги додели Мицкоски, правдата е погребана

Последно, ја елиминираше Ленче Ристовска, независен и признат професиналец, која соработуваше и со Еуроџаст и беше прунудена да си замине.

Претходно ја отрфлија претставката на Ристовска за политички притисок од страна на Мицкоски кој јавно на телевизија ја навредуваше а потоа и ја исфрли.

Савески и ги одзеде предметите „Талир 1“ и „Талир 2“ за нелегално партиско богатење, незаконски стекнат имот, незаконска Бела палата на ВМРО-ОКГ.

Класична операција, по нарачка на Мицкоски за спас на криминалниот имот на ВМРО-ОКГ, најбогатата партија во Европа.

Ете зошто на власта и требаше обивнител под нејзина контрола. За пас на криминалците во врвот на власта.

Претходно, беше елимнирана и обвинителката која ги уапси вмровските началници, инспектори и полицајци осомничени за трагедијата во Кочани.

Беше укината суспензијата на вишиот Јавен обвинител Цветановски кој се откажа од гонењето на началникот Латас.

На голема врата се враќаат обивнителите од тефтерчињата на Мијалков.

Савески лично ја предложи Јасмина Костеска-Здравеска за Шеф на Вишото јавно обвинителство, позната од „бомбите“, каде Мијалков и Гордана Јанкулоска, го договараа нејзиниот избор.

А нејзиниот сопруг исто така, беше дел од процесот за лустрација на Славко Јаневски.

Тука секако треба да се спомене и Анита Топалова Исајловска, жена на заменик министер на ВМРО-ОКГ.

Наместо независно, имаме партизирано судство и обвинителство под контрола на Мицкоски и ВМРО-ОКГ.

Правдата во Македонија е целосно погребана.

Прес конференција на СДСМ, Богданка Кузеска – членка на ИО и портпаролка

YouTube video

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Видео: Шпанската престолонаследничка пилотираше со борбен авион

На воeна писта во југоисточна Шпанија, речиси незабележано, но со силна симболика, се случи важен момент за иднината на монархијата. 

Видео: Шпанската престолонаследничка пилотираше со борбен авион

Наследничката на шпанскиот престол, Леонор од Астурија успешно го изведе својот прв самостоен лет, правејќи значаен чекор во својата воена обука и личен развој, пишуваат шпанските медиуми.

Како што соопшти шпанската кралска куќа денеска, летот бил реализиран на 18 декември 2025 година, во Воздухопловната академија во Сантијаго де ла Рибера, во областа Мурсија. Принцезата управувала со авион целосно сама, додека инструктор ја следел со друго летало - што е стандардна процедура што потврдува дека кадетот ги совладал клучните вештини и безбедносни протоколи. Таа управувала со современиот тренажен авион „Пилатус ПЦ-21“ (Pilatus PC-21).

Иако често во јавноста се нарекува бомбардер, станува збор за напреден тренажен авион којшто овозможува симулација на сложени борбени мисии. Во рамки на интензивната обука, принцезата Леонор минала низ програми што вклучуваат формациско летање, симулирани воздушни борби, напредна инструментална навигација и тактички маневри - знаења неопходни за нејзината идна улога како врховен командант на вооружените сили.

YouTube video

Принцезата Леонор се приклучи на Воздухопловната академија на 1 септември 2025 година како кадет со чин потпоручник, следејќи забрзана програма во којашто тригодишното школување е збиено во една година. Овој лет е дел од поширока, внимателно осмислена воена обука што ги опфаќа сите три рода на војската.

Претходно, во 2023., принцезата Леонор ја заврши обуката на копнената војска во Сарагоса, а во 2024 година продолжи во поморската академија во Марин, каде што учествуваше и на шестмесечно патување со школскиот брод „Хуан Себастијан де Елкано“ (Juan Sebastián de Elcano). Нејзиниот пат ја следи и семејната традиција - и нејзиниот татко, кралот Фелипе VI е обучен воен пилот, што дополнително ја засилува симболиката на овој момент.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер