МВР: Засилени контроли насочени кон употреба на мобилни телефони, слушалки и други електронски уреди во сообраќајот
2МВР: Засилени контроли насочени кон употреба на мобилни телефони, слушалки и други електронски уреди во сообраќајот
МакедонијаСДСМ: Обвинителот Савески ги исполнува задачите што му ги додели Мицкоски, правдата е погребанаНовиот јавен обвинител, Ненад Савески, работи целосно под диктат на Христијан Мицкоски и за 24 часа ги има исполнето сите задачи што му ги додели.Последно, ја елиминираше Ленче Ристовска, независен и признат професиналец, која соработуваше и со Еуроџаст и беше прунудена да си замине. Претходно ја отрфлија претставката на Ристовска за политички притисок од страна на Мицкоски кој јавно на телевизија ја навредуваше а потоа и ја исфрли. Савески и ги одзеде предметите „Талир 1“ и „Талир 2“ за нелегално партиско богатење, незаконски стекнат имот, незаконска Бела палата на ВМРО-ОКГ. Класична операција, по нарачка на Мицкоски за спас на криминалниот имот на ВМРО-ОКГ, најбогатата партија во Европа. Ете зошто на власта и требаше обивнител под нејзина контрола. За пас на криминалците во врвот на власта. Претходно, беше елимнирана и обвинителката која ги уапси вмровските началници, инспектори и полицајци осомничени за трагедијата во Кочани. Беше укината суспензијата на вишиот Јавен обвинител Цветановски кој се откажа од гонењето на началникот Латас. На голема врата се враќаат обивнителите од тефтерчињата на Мијалков. Савески лично ја предложи Јасмина Костеска-Здравеска за Шеф на Вишото јавно обвинителство, позната од „бомбите“, каде Мијалков и Гордана Јанкулоска, го договараа нејзиниот избор. А нејзиниот сопруг исто така, беше дел од процесот за лустрација на Славко Јаневски. Тука секако треба да се спомене и Анита Топалова Исајловска, жена на заменик министер на ВМРО-ОКГ. Наместо независно, имаме партизирано судство и обвинителство под контрола на Мицкоски и ВМРО-ОКГ. Правдата во Македонија е целосно погребана. Прес конференција на СДСМ, Богданка Кузеска – членка на ИО и портпаролка Власта ја елиминираше Ристовска за да стави обвинител под контрола на Мицкоски Ленче Ристовска е елиминирана затоа што на власта и требаше обвинител под нејзина контрола, нагласи портпаролката и член на Извршниот одбор на СДСМ, Богданка Кузеска. На денешната прес-конференција пред Јавното Обвинителство, Кузеска посочи дека новиот јавен обвинител, Ненад Савески, ги исполнува делегираните задачи од Христијан Мицкоски, а една од нив е елиминирањето на Ленче Ристовска. „Ја елиминираше Ленче Ристовска, независен и признат професиналец, која соработуваше и со Еуроџаст и беше принудена да си замине. Претходно ја отрфлија претставката на Ристовска за политички притисок од страна на Мицкоски кој јавно на телевизија ја навредуваше, а потоа и ја исфрли“, рече Кузеска. Таа додаде дека и потегот со кој на Ристовска и беа одземени предметите „Талир 1“ и „Талир 2“, е само уште еден доказ дека новиот обвинител работи по нарачка на Мицкоски, за спас на криминалниот имот на ВМРО. „Савески и ги одзеде предметите „Талир 1“ и „Талир 2“ за нелегално партиско богатење, незаконски стекнат имот, незаконска Бела палата на ВМРО-ОКГ. Класична операција, по нарачка на Мицкоски за спас на криминалниот имот на ВМРО-ОКГ, најбогатата партија во Европа. Ете зошто на власта и требаше обивнител под нејзина контрола, за спас на криминалците во врвот на власта“, рече Кузеска. На прес-конференцијата Кузеска правдата во Македонија е целосно погребана. Таа потсети и на други вакви случаи на елиминирање на обвинители кои воделе предмети за лица поврзани со власта и поставување на партиски подобни обвинители, што јасно укажува дека наместо независно, имаме партизирано судство и обвинителство под контрола на Мицкоски и ВМРО-ОКГ. СДСМКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаДокторот Дарко Василевски заврши со шестдневниот штрајк пред Деканатот на Медицинскиот факултетДокторот Дарко Василевски заврши со шестдневниот штрајк пред Деканатот на Медицинскиот факултет, порачувајќи дека и покрај нарушеното здравје, си заминува со крената глава затоа што, како што напиша на Фејсбук.Докторот Дарко Василевски заврши со шестдневниот штрајк пред Деканатот на Медицинскиот факултет, порачувајќи дека и покрај нарушеното здравје, си заминува со крената глава затоа што, како што напиша на Фејсбук , укажал на неправдата со која се соочуваат дел од медицинските лица. Василевски посочува дека се надева оти неговиот случај ќе биде поттик во иднина повеќе и погласно да се зборува за ваквите ситуации. „Денес, по краткиот разговор со деканот на Медицинскиот факултет, сфатив дека како Дон Кихот, се борам со ветерници и имам преголеми очекувања од институциите“, напиша Василевски, додавајќи дека во текот на речиси една недела очекувал некој да го праша како е, да побара решение или да му понуди конкретен разговор.Тој се осврна и на реакциите од дел од своите колеги, од кои, како што наведува, очекувал барем збор на охрабрување. Според него, бил претставуван како неработник, а негови лични податоци биле јавно објавувани со цел да биде дискредитиран. Василевски вели дека не жали што го кренал гласот и што сам се обидел да се избори за себе и да укаже на неправдите.„ наведува тој. Василевски додава дека фер и транспарентната постапка ќе биде предмет на проверка пред надлежните инспекциски и судски органи.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаМВР: Засилени контроли насочени кон употреба на мобилни телефони, слушалки и други електронски уреди во сообраќајотДо 11 овој месец, министерството за внатрешни работи ќе спроведува засилени сообраќајни контроли насочени кон употреба на мобилни телефони, слушалки и други електронски уреди од учесниците во сообраќајот.Од МВР велат дека акцијата е дел од меѓународната кампања на Roadpol, „Focus on the road“, и ќе се спроведува истовремено во 34 европски држави. Целта, како што велат, е намалување на ризиците предизвикани од одвлечено внимание и поголема безбедност за сите учесници во сообраќајот. „Пишувањето пораки, телефонските разговори, проверувањето известувања или користењето социјални мрежи додека управуваме возило го одвлекуваат вниманието од патот. Доволни се само неколку секунди невнимание за возачот да пропушти навреме да забележи опасност и да реагира“,се вели во соопштението од МВР.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
БалканЈустина Широка Пуља избрана за претседателка на КосовоСобранието на Косово ја избра Јустина Широка Пуља, претседателка на Академијата на науките и уметностите на Косово, за претседателка на Косово.Собранието на Косово ја избра Јустина Широка Пуља, претседателка на Академијата на науките и уметностите на Косово, за претседателка на Косово, што е претежно церемонијална функција, непосредно пред истекот на уставниот рок, со што се избегнуваат нови предвремени избори. Нејзин противник беше универзитетската професорка Елиза Хоџа. „Овој мандат не припаѓа само на една личност. Тој им припаѓа на нашите граѓани. Јас ќе бидам претседателка на сите граѓани“, рече Широка Пуља по гласањето.Во парламентот со 120 места, 81 пратеник гласаа за неа, еден повеќе од потребниот број.Широка Пуља беше предложена од премиерот Албин Курти за претседател на Косово, неколку часа пред истекот на рокот за избор на претседател на 6 октомври. Претседателот на Демократската партија на Косово , Бедри Хамза, изјави дека нејзиното име е прифатливо за функцијата.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЕК предлага квалификувано мнозинство, наместо едногласност за време на преговорите по кластери17:59Пензискиот систем е под контрола, уверува премиерот Мицкоски15:08Македонија привремено ја одложи имунизацијата на БСЖ вакцината15:00Мицкоски: Стабилен е пензискиот систем11:16 Намалени цените на горивата: Бензините за 1,5 денар, дизелот за 3 денари по литар08:34