Општина Аеродром го додели првото одобрение за градење со 0 денари за комуналии за млади до 35 години - Канал 5

Општина Аеродром го додели првото одобрение за градење со 0 денари за комуналии за млади до 35 години

Гоце од Долно Лисиче е првиот жител кој денеска од градоначалникот на Општина Аеродром, Дејан Митески, доби одобрение за градење со комплетно ослободени комуналии, се наведува во соопштението на Општина Аеродром. 

Општина Аеродром го додели првото одобрение за градење со 0 денари за комуналии за млади до 35 години

Овој момент не е само административен чекор, туку симбол на нов почеток, сигурност и поддршка за младите кои храбро чекорат кон својот прв дом.

Советот на Општина Аеродром ја усвои оваа мерка на својата прва седница, испраќајќи јасна порака дека младите се срцето и иднината на нашата заедница.

Сите млади до 35 години кои градат, доградуваат или надградуваат, добиваат целосно ослободување од комуналии од делот што е за Општина Аеродром.

Честитки до Гоце и до сите млади луѓе кои одлучуваат да градат и да живеат во Општина Аеродром.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Мицкоски во посета на ООУ „Љубен Лапе“ во Аеродром

Денес во 10:00 часот претседателот на Владата на Република Македонија, Христијан Мицкоски ќе присуствува на промоција на печатени учебници во ООУ „Љубен Лапе“ во Општина Аеродром.

Мицкоски во посета на ООУ „Љубен Лапе“ во Аеродром

Предвидено е тој да даде изјава за медиумите.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Граѓанската иницијатива „Стоп за Усје“ во 18 часот пред собрание повикува на марш за чист воздух

Граѓанската иницијатива „Стоп за Усје“ попладнево повикува на марш за чист воздух и прекин на практиката на толерирање на застарени гранични вредности за воздухот.

Граѓанската иницијатива „Стоп за Усје“ во 18 часот пред собрание повикува на марш за чист воздух

Маршот ќе почне од собранието во 18 часот, а ќе заврши пред министерството за животна средина кое е задолжено за издавање на а-интергрираните дозволи. Според „Стоп за Усје“, цементарница Усје бара обнова на дозволата за работа без никакви промени во однос на дозволата од 2020 година. Министерот за животна средина Муамет Хоџа неодамна во телевизиско гостување демантираше дека цементарница Усје ќе добие дозвола по старите правила. Усје уште сега ќе ги имплементира најновите и построги еколошки стандарди, иако новиот закон за индустриски емисии стапува на сила дури во септември 2027 година. Истото ќе важи за сите оператори кои поседуваат а интегрирана еколошка дозвола, изјави Хоџа.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Сиљановска-Давкова постхумно ќе ја одликува Наде Проева со Орден „8 Септември“

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денес– 23 јуни 2026 година, вторник, на свечена церемонија со почеток во 12:00 часот постхумно ќе ја одликува Наде Проева со Орден „8 Септември“.

Сиљановска-Давкова постхумно ќе ја одликува Наде Проева со Орден „8 Септември“

Проева се одликува за нејзиниот особен придонес во афирмирањето на македонската историографија како врвна и светски призната историчарка, професорка и авторка.

Орденот ќе ѝ биде врачен на Павлина Проевска, сестра на Наде Проева.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер