Случај Ивана и Катја“: Наставничката сведочеше за семејното насилство и за последниот училишен ден на девојчето - Канал 5

Случај Ивана и Катја“: Наставничката сведочеше за семејното насилство и за последниот училишен ден на девојчето

Училиштето било информирано за семејното насилство во домот на првачето Катја уште на почетокот на учебната година, сведочеше нејзината класна наставничка на денешното судско рочиште во Основниот кривичен суд. 

Случај Ивана и Катја“: Наставничката сведочеше за семејното насилство и за последниот училишен ден на девојчето

Пред судот, таа детално го опиша однесувањето на Катја, контактите со нејзината мајка Ивана и таткото Стојанче, како и настаните кои му претходеле на 2 март, денот кога мајката Ивана се самоуби заедно со шестгодишната ќерка Катја скокајќи од стан во скопската населба Тафталиџе.

Наставничката посочи дека првите информации за проблемите во семејството ги добила на првата родителска средба во септември, на која присуствувала бабата на девојчето.

- Јас ѝ бев наставничка на Катја, таа беше прваче кога во септември ги прифативме првачињата. Катја и Ивана ги запознав на првиот училишен ден, при прием немаме контакти со родителите, но во првата седмица веднаш на 3 септември имавме родителска средба каде ги запознаваме родителите со програмата која што ќе се работи. На родителите им даваме одредени обрасци, формулари кои трбеа да ги пополнат. На оваа родителска средба родителите на Катја не беа присутни, туку присутна беше мајката на Ивана. По завршувањето на родителската јас ја прашав зошто не се родителите на Катја присутни, таа почна да плаче и ми рече дека Ивана не била во состојба да дојде, бидејќи во семејството се случува семејно насилство од страна на таткото на Катја, но формуларите рече дека ќе ѝ ги даде на Ивана да ги пополни - истакна наставничката.

За случајот веднаш бил известен училишниот психолог, кој дал насоки да се следи состојбата на ученичката. Алармот кај наставниот кадар дополнително се вклучил кога за време на детска игра, Катја рефлектирала сцени на насилство од нејзиниот дом, по што психологот извршил разговор со девојчето и со нејзината мајка.

- Разговарав со училишниот психолог во нашето училиште, по што ми даде насоки да ја следиме ученичката. По неколку дена во училницата девојчињата играа ирга и при таа игра забележав дека Катја падна на подот и ги прашав дали играат некоја игра во вид на драматизација на некоја приказна, Катја рече дека кога татко ѝ ја удирал мајка ѝ така таа паѓала. Веднаш го известив психологот на училиштето и психологот разговараше со Катја. Катја кажала дека нејзините родители се разделени и дека таа е со мајката. Психологот ја повика и Ивана, мислам дека беше 16 септември и психологот ми рече дека ѝ било укажано на Ивана каде да се обрати при семејно насилство и ми рече да внимаваме на Катја, појасни сведокот.

Во следниот период, според сведочењето, девојчето не покажувало знаци на вознемиреност или потиштеност. Според наставничката, Катја најчесто била земана од училиште од мајката или од бабата, а никогаш од таткото. Сепак, тој во една пригода влегол во училницата, а во друга ситуација дошол нервозен барајќи контакт од родител на друго дете.

- Сѐ изгледаше понатаму дека е во ред. На почетокот кога ја учиме темата кој сум јас и моето семејство, Катја ја црташе смо мајката на цртежите, кога ја прашав зошто само мајката, рече „јас сум со мама“. Во текот на месеците Катја се однесуваше како и сите други деца, не покажуваше потиштеност, не покажуваше вознемиреност или затвореност, беше отворена со сите ученици, изгледаше среќно, другаруваше со сите и не помисливме дека нешто се случува во семејството. Нејзините цртежи, еве како наставник, кажувам дека беа ведри, со убави бои, лицата на луѓето што ги црташе беа насмеани, сонцето насмеано. Мислам дека беше октомври на крајот, во училница влезе татко ѝ на Катја, на што реков дека не е дозволено родители да влегуваат во училница, тој се претстави рече дека татко на Катја. Катја кога го виде се израдува, го поведе кон шкавчињата каде што стоеја работите на Катја, нејзиното катче беше уредно. По неколку минути влезе и Ивана и заедно си заминаа. Така беше сѐ до пред Нова Година ми се чини, раскажа наставничката, додавајќи:

- Катја најчесто ја носеше мајка ѝ на Ивана и Ивана, ниту еднаш таткото на Катја. Еднаш ми пиша порака дека ќе ја земе брат ѝ на Ивана, односно вујкото на Катја. Уште еднаш дојде на училиште нервозен, бараше број од родител од еден ученик за кој рече дека ја задевал Катја. Советот мој беше дека тие се деца и дека ние ќе ги решоме работите на училиште и дека имаме механизми како да ги решиме проблемите, дека тоа се деца и секојдневни проблеми, вели наставничката.

Состојбата се променила пред новогодишните празници кога бабата Љубица го информирала училиштето дека Ивана се вратила кај таткото на Катја, изразувајќи загриженост за нивната безбедност.

- Пред Нова Година таа ми кажа дека Ивана се вратила кај таткото на Катја и рече дека е загрижена за состојбата. Следуваше Нова Година, а потоа и распуст на учениците. Во првата недела од второто полугодие имавме родителска средба на која ги информираме родителите за постигнатиот успех на учениците и за тоа што следува. На родителската средба дојде Ивана и за брзо си замина од родителската средба. Имав намера да разговарам со нејзе, но таа замина веднаш по завршувањето на родителската. Еднаш за земање од училиште Ивана дојде со еден човек, не знаев кој е тој човек. Го спомнувам тој човек бидејќи дошол сам еднаш да ја земе Катја од училиште и колешката се јавила на Ивана за да ја праша дали да ја пушти Катја, на што Ивана рекла дека е блиску до училиштето и дкеа ќе дојде да ја земе. По што дошла Ивана заедно со таткото на Катја и тројцата заминале - посведочи наставничката.

Во однос на кобниот 2 март, наставничката детално го опиша последното доаѓање на Катја на настава, сведочејќи дека девојчето тој ден било среќно, а наставата ја напуштило по завршувањето на часот по физичко образование, кога било земено од нејзината мајка.

- На 2 март, понеделник, бев прва смена. На училиште Катја ја донесе баба ѝ, мајката на Ивана, го носеше ранецот. Влезе во училница го предаде ранецот. Учениците се испогушкаа со Катја, многу ја сакаа, ги наместија работите во шкафчињата, беше денот убав, излеговме во дворот, на што забележав дека Катја не ја носи ученичката униформа, па ја прашав каде ѝ е, рече дека не знае. Забележав дека носи елек и блуза, кои беа нови и стоеја етикетите на нив. Рече вчера бевме на шопинг со мама, беше многу среќна. Во 12 часот направивме примопредавање со колешката, јас си заминав, а колешката ми се јави некаде околу 20 часот вечерта вознемирена затоа што една од родителите ѝ се јавила и ѝ рекла дека Катја и мајка ѝ се мртви. Секој ден се слушавме со колешката во смисла на тоа како поминал денот, таа ми кажа дека Ивана и се јавила околу 11.30 часот и ѝ рекла дека тој ден од училиште ќе ја земе нејзината мајка, но подоцна околу 13.30 часот Ивана била во училиштето, а учениците биле надвор на физичко, по завршувањето на часот физичко, Ивана ја земала Катја од училиште - заврши сведокот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Предизборен молк пред вториот крут на предвремените избори за градоначалник во Брвеница

Според информациите од Државната изборна комисија вкупно107 болни и немоќни лица денеска можат да го остварат своето право на глас. Таква можнмост имаат и 9 лица кои се наоѓаат на издржување казна затвор.

Предизборен молк пред вториот крут на предвремените избори за градоначалник во Брвеница

Гласањето на затворениците се спроведува во три Казнено-поправни установи на територијата на државата, лоцирани во скопје, штип и тетово.

Гласањето започна утринава во 7 часот, а вториот круг од изборите во Брвеница ќе го следат вкупно 61 акредитиран набљудувач, од кои 56 се домашни, а пет се меѓународни

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Протести пред Уставниот суд во Варшава,спорот околу Уставниот суд ескалираше со полициска интервенција и протести

Во Полска и денеска продолжуваат протестите пред Уставниот суд во Варшава, по синоќешните судири меѓу демонстрантите и полицијата. 

Протести пред Уставниот суд во Варшава,спорот околу Уставниот суд ескалираше со полициска интервенција и протести

Политичката криза ескалираше откако судијката Ана Корвин-Пјотровска донесе одлука за едномесечна суспензија на претседателот на судот, Богдан Швјенчковски, и неговиот заменик.

Одлуката предизвика остри реакции од десничарската опозиција, која ја оспорува нејзината законитост по што доцна синоќа пред судот избувнаа протести. Дел од демонстрантите се обидоа да го пробијат полицискиот кордон. Според полицијата приведени биле вкупно пет лица, меѓу кои и маж осомничен за напад врз жена, кај кого биле пронајдени нож и гасен пиштол.

Ескалацијата на кризата го натера полскиот претседател Карол Навроцки да го прекине патувањето кон Сенегал и итно да се врати во Варшава. По полноќ, придружуван од обезбедувањето, влезе во зградата на Уставниот суд, при што дојде до турканици на влезот. Навроцки повика на почитување на правото и враќање на уставниот поредок во земјата, оценувајќи дека случувањата претставуваат незаконско преземање на институцијата.

На кризата ѝ претходеше соопштението на министерот за правда и главен јавен обвинител Валдемар Журек дека поднел пет барања за одземање на имунитетот на двајцата судии од Уставниот суд.

-Како главен обвинител, поднесов пет барања до Уставниот суд за одземање на имунитетот. Овие барања имаат вкупно 224 страници. Овие случаи вклучуваат различни видови кривични дела и во суштина се се однесуваат на две лица: вршителот на должноста претседател на Уставниот суд и неговиот заменик. Веќе знаеме дека највисоката судика Ана Корвин-Пјотровска, ги суспендираше претседателот на Уставниот суд и неговиот заменик. Таа тоа го стори врз основа на релевантни одредби согласно Уставот суд – изјави– Валдемар Журек, министер за правда на Полска.

Демонстрантите, пак, ја обвинуваат Владата дека се обидува да воспостави контрола врз независните институции и најавуваат продолжување на протестите.

„Уставниот суд во Полска е заземен од полициски сили испратени од премиерот Туск. Владата се обидува да ги контролира сите независни институции, веројатно за да го избегне поразот на изборите следната година.“ изјава – демонстрант.

Премиерот Доналд Туск ги отфрла обвинувањата и тврди дека Владата работи на враќање на владеењето на правото, додека опозициската партија Право и правда, најавува продолжување на протестите.

Политичката криза е последица на долгогодишниот спор околу легитимноста на Уставниот суд. Владата го оспорува начинот на кој дел од судиите биле именувани за време на претходната власт, додека сегашната опозицијата ги оценува актуелните е промени како незаконско преземање на институцијата.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Хуманоидните роботи стануваат реалност, Скопјани се дружеа роботот Нео

Хуманоидните роботи не се некоја далечна иднина туку реалност која на денешницата. 

Хуманоидните роботи стануваат реалност, Скопјани се дружеа роботот Нео

Тие последниве години со брзо темпо се развиваат и напредуваат во своите можности. Тоа пред граќаните го покажа и Нео хуманоидниот робот кој за да покаже како лесно се снаоќа во просторот и да демонстрира дека нема проблем со движењети и рамнотежата ги забавуваше најмалите со својот танц.

Но неговата реална намена не е за да биде атракција и шоу туку да работи тешки работи за почетоко во индустријата, во фрабриките, хотели, болници и старски домови каде ќе им помага на луѓето и ќе биде продуктивен со работа деноноќно без престан додека за домовите проценката е дека би го почнало масовно да се употребува за две до три години додека да се усоврши и да се истестираат сите негови перформанси.

Се работи хуманоидни роботи кои се произведуваат во Кина но програмирањето за тоа што ќе прави односно мозокот на роботот е дело на словенечки програмери кои нагласуваат дека е значајно што сите податоци остануваат локално каде што се користи роботот.

Сегашната намена е главно да им помагаат на луѓето со тешка физичка работа во градежништвото бидејќи робото куче може да носи градежни материјали по скали исто како и хуманоидниот робот кој може да носи товар тежок 50 килограми.

Нивната вредност варира од неколку десетици илјади евра па се до 150 илјади или 200 илјади евра во зависност од тоа што треба да прави но според пресметките заменува 4 до 5 работника што го прави исплатлив за околу 2 години

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер