Продолжи судењето за самоубиството во Тафталиџе – сведочат братот на Ивана и наставничката на Катја - Канал 5

Продолжи судењето за самоубиството во Тафталиџе – сведочат братот на Ивана и наставничката на Катја

Стојанче Јовановски повеќепати и се заканувал на Ивана, и се заканувал и дека ќе и ја земе ќерката. 

Продолжи судењето за самоубиството во Тафталиџе – сведочат братот на Ивана и наставничката на Катја

Вака денеска во судница сведочеше Александар Стојановски, брат на Ивана која почина по пад од балкон со нејзината малолетна ќерка. Тој раскажа дека по смртта на нивниот татко, ја прекинале оставинската постапка поради ризик делот што требало да го наследи Ивана да и го земе сопругот. По случката кај Штип каде Стојанче ги оставил на автопат Ивана и Катја, таа се вратила во домот на родителите каде за прв пат на семејството му се доверила дека има сериозен проблем. А кога пак се вратила во станот со Стојанче, нејзиниот брат е уверен дека тоа го направила поради закани и уцени, но и страв за Катја.

-Ивана ми кажа дека се сомнева оти Стојанче направил фалсификат на некој документ околу постапката за да го добие делот од станот. Во неколку наврати забележав дека се плаши од него, а откако се врати во нивниот стан ги избриша профилите на социјалните мрежи а на мене и мајка ми, ни кажа дека Стојанче и ги контролира телефоните па затоа со неа комунициравме физички. Еднаш и ми се довери дека и е страв од Стојанче што може да направи, ми кажа дека кај него имал пиштол и дека и се заканувал за станот и дека ќе и ја земе Катја,- - Александар Стојановски – сведок (брат на Ивана).

Дека во домот се случува семејно насилство, наставничките на малата Катја дознале од нејзината баба која често ја носела на училиште. Нејзината учителка низ солзи раскажуваше за Катја како прваче кое го сакале сите соученици, но и за знаците дека насилството се случувало пред очите на детето.

-Еден ден девојчињата си играа и забележав дека Катја падна на подот. Ги прашав дали играат некоја игра или прават драматизација на некоја приказна. Катја рече дека татко ѝ кога ја удирал мајка ѝ, таа така паѓа. Веднаш го известив психологот и таа разговараше со Катја. Катја ѝ рекла дека нејзините родители се разведени и дека таа е со мајката. Психологот ја повика на разговор Ивана и ја упатила Ивана каде да се обрати во случај на семејно насилство,- -Натка Лазарева Симовска – сведок (наставничка на Катја).

Сосетка од зградата во Тафталиџе сведочеше за викањето, плачењето и удирањето со столици во станот на Ивана и Стојанче. Во два наврати и таа повикала полиција а во еден сличај како што рече инспектор дрско се однесувал и и се заканил дека ќе добие пријава за лажно пријавување.

Следно рочиште е закажано за на 6 април кога треба да се изведуваат материјални докази на обвинителството.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Сергеј Трифуновиќ и неговата сопруга приведени по инцидент во продавница?

Актерот Сергеј Трифуновиќ и неговата сопруга Исидора Мијановиќ наводно се нашле во центарот на инцидент во познат белградски трговски центар, што ја принудило полицијата да интервенира. 

Сергеј Трифуновиќ и неговата сопруга приведени по инцидент во продавница?

Драмата се одвивала во популарна продавница кога во Исидора се посомневало обезбедувањето, кое потоа сакало да ја претресе, пишува Телеграф.

Нејзиниот сопруг Сергеј, јавуваат српските медиуми, реагирал бурно на ова и не им дозволил да ги претресат нејзините работи, што ескалирало во вербален конфликт. Обезбедувањето потоа повикало полициска патрола која го однела парот во полициската станица.

Таа се огласи откако ја напуштила полициската станица

Исидора подоцна сама ја напуштила полициската станица, додека Сергеј, како што се испоставило, си заминал порано. Таа накратко им се обратила на собраните новинари пред станицата.

„Само дојдов да ги земам документите“, рекла кратко, одбивајќи да биде снимена, пренесува Телеграф.

Фото: ВИ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Кина отвора мегацентар за вештачка интелигенција. Ќе троши два гигавати (ВИДЕО)

Кина отвори индустриски парк за вештачка интелигенција во северниот регион Внатрешна Монголија, за кој инвеститорот тврди дека е најголем во светот.

Кина отвора мегацентар за вештачка интелигенција. Ќе троши два гигавати (ВИДЕО)

Комплексот „Envision Galaxy Campus“, сместен во градот Уланкаб, започна со работа во четврток. Компанијата за зелена технологија „Envision Group“ вели дека е најголемиот поединечен центар за податоци со вештачка интелигенција во светот во однос на капацитетот за обработка на токени, објави „Global Times“.

Капацитет и технички спецификации

Новиот комплекс е исто така најголемиот индустриски парк за вештачка интелигенција во Кина, со планиран капацитет од два гигавати. Зафаќа површина од 120.000 квадратни метри и е дизајниран да ја поддржи компјутерската моќ до еден милион единици за графичка обработка (GPU) кои можат да работат истовремено.

Зелена енергија и глобална иницијатива

Компанијата вели дека повеќе од 80 проценти од електричната енергија потребна за работа на центарот доаѓа директно од обновливи извори. Проектот е водечки развоен напор како дел од иницијативата „Mission Gobi“. Со оваа иницијатива, „Envision“ планира да изгради пет гигавати капацитет за зелено пресметување со вештачка интелигенција во пустински и сушни региони низ целиот свет до 2030 година. Планот комбинира големи центри за податоци со обновливи извори на енергија и системи за складирање.

Извор: Индекс.хр

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Само 99 примероци и 1.015 КС: Новото „Lamborghini“ оддава почит на „Miura“ (ФОТО)

„Lamborghini“ ги комбинира минатото и иднината: V12 хибрид инспириран од една од најголемите икони.

Само 99 примероци и 1.015 КС: Новото „Lamborghini“ оддава почит на „Miura“ (ФОТО)

„Lamborghini“ ја претстави специјалната серија „Revuelto Miura 60° Homage“, која ја одбележува 60-годишнината од лансирањето на легендарниот модел „Miura“.

Премиерата ќе се одржи за време на настанот „Monterey Car Week“, а производството ќе биде ограничено на само 99 примероци.

Специјалното издание е развиено од одделот „Ad Personam“, одговорен за персонализација на возилата.

На клиентите ќе им бидат понудени девет бои на каросеријата инспирирани од оригиналната „Miura“, со контрастни детали во златна или сива боја, ексклузивни тркала и значки „Miura 60“ на праговите.

Внатрешноста има седишта со мотиви инспирирани од оригиналната „Miura“, дополнителен кожен тапацир, вез „Miura 60“ и плочка што потврдува дека е еден од само 99 произведени автомобили.

Нема промени под хаубата. „Revuelto Miura 60° Homage“ е напојуван од познатиот „plug-in“ хибриден систем кој комбинира атмосферски 6,5-литарски V12, три електрични мотори и осумстепен менувач со двојна спојка.

Вкупната моќност е 1.015 КС (747 kW), што му овозможува на овој хипер автомобил да забрза од 0 до 100 км/ч за само 2,5 секунди, додека максималната брзина надминува 350 км/ч.

Компанијата вели дека специјалната серија претставува комбинација од богатата историја на брендот и модерните опции за персонализација по кои е познат „Lamborghini“ денес.

Извор: Б92

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер