- Канал 5

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Јанчев: Се гради повеќенаменски објект во с.Дреново

Продолжуваме силно, за Кавадарци!

Јанчев: Се гради повеќенаменски објект во с.Дреново

„Продолжуваме силно, за Кавадарци!

,,Повеќенаменски објект во село Дреновоʼʼ, објави на ФБ градоначалникот Митко Јанчев.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Почна лидерската средба

Во Клубот на пратениците почна лидерската средба што ја иницираше премиерот и претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски. 

Почна лидерската средба

Покрај Мицкоски, кој е придружуван од координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПНМНЕ Никола Мицевски, на средбата од коалициските партнери во Владата присуствуваат генералниот секретар на ЗНАМ и министер за јавна администрација Горан Минчев, како и градоначалникот на Тетово, Биљал Касами од коалицијата ВРЕДИ. Од опозициските пратенички групи присутни се лидерите на Левица и на ДУИ, Димитар Апасиев и Али Ахмети.

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, кој го одби повикот на Мицкоски, не дојде на средбата.

Пред почетокот на лидерската, изјава даде само Апасиев, кј ги повтори барањата на Левица - промена на Изборниот законик, укиниување на техничката влада и една изборна единица.

Како што е најавено, на лидерската средба ќе се разговара за реформските закони од правосудството, за изборот на народен правобранител, за Изборниот законик и за укинување на техничката влада, но и за други прашања на предлог на учесниците на средбата.

Премиерот Христијан Мицкоски на 7 јануари најави дека ќе упати покани до политичките партии за лидерска средба, која би се одржала пред неговото заминување на Светскиот економски форум во Давос, а теми на средбата, како што рече, би биле консензус за реформските закони и укинување на техничката влада. За клучните прашања за државата, Мицкоски истакна дека очекува консензус од лидерствата на сите парламентарни коалиции, како и дека дневниот ред може да биде проширен и дополнет од страна на другите.

Лидерот на СДСМ, Венко Филипче на 8 јануари го одби повикот за лидерска средба за укинување на техничката влада, обвинувајќи дека Мицкоски „бара алиби за распишување предвремени избори“. Според Филипчe, техничката влада мора да остане зашто била гарант за фер избори и контролен механизам за да се спречи злупотреба на институциите. За реформската агенда, пак, рече дека дискусијата за законите ќе се води во парламентот каде што СДСМ ќе ги поддржи сите. Додаде и дека СДСМ во секој случај ќе учествува на парламентарни избори, ако бидат распишани.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Коперник: Изминатата година беше трета најтопла во историјата на мерењата

Минатата година беше трета најтопла година во историјата на глобално ниво, покажуваат податоците што денеска ги објави Европскиот центар за среднорочни временски прогнози (ECMWF), кој раководи со климатската служба „Коперник“ (C3S).

Коперник: Изминатата година беше трета најтопла во историјата на мерењата

Глобалните температури беа за 1,47 степени над прединдустриското ниво (1850-1900), што е за нијанса постудено од 2023 година и за 0,13 степени под рекордната 2024 година. Сепак, просечната температура во периодот од 2023 до 2025 година го надмина прагот од 1,5 степени над прединдустриското ниво, што го означува првиот тригодишен период во кој е пробиена долгорочната граница на Парискиот договор.

„Извештајот потврдува дека Европа и светот се наоѓаат во најтоплата деценија во историјата“, изјави генералниот директор на ECMWF, Флоријан Папенбергер, нагласувајќи дека човечката активност и емисијата на стакленички гасови остануваат главни предизвикувачи на овие екстремни вредности.

Европа ја забележа својата трета најтопла година досега, со просечна температура од 10,41 степени. Половина од копнената површина на планетата се соочи со зголемен број денови под силен топлотен стрес (над 32 степени), што придонесе за катастрофални шумски пожари во Европа и Северна Америка.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер