1Европа бара место во преговорите за Украина, дипломатските разговори продолжуваат во Москва и Даблин
Куриер и Руседски: Новак Ѓоковиќ е најдобриот тенисер на сите времиња, неговата статистика го потврдува тоа!
2Куриер и Руседски: Новак Ѓоковиќ е најдобриот тенисер на сите времиња, неговата статистика го потврдува тоа!
МакедонијаЛидерска средба за реформските закони и за укинување на техничката влада, не доаѓа само ФилипчеНа иницијатива на премиерот и претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, денеска во Клубот на пратениците треба да се одржи лидерска средба на претседателите на парламентарните партии кои имаат пратенички групи во Собранието.На иницијатива на премиерот и претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, денеска во Клубот на пратениците треба да се одржи лидерска средба на претседателите на парламентарните партии кои имаат пратенички групи во Собранието, на која, како што е најавено, ќе се разговара за реформските закони од правосудството, за изборот на народен правобранител, за Изборниот законик и за укинување на техничката влада, но и за други прашања на предлог на учесниците на средбата. Од опозициските пратенички групи, потврда за учество има од лидерите на Левица и на ДУИ, Димитар Апасиев и Али Ахмети, додека претседателот на СДСМ, Венко Филипче, го одби повикот на Мицкоски за консензус за клучните прашања за државата. Од коалициските партнери во Владата на средбата се очекуваат претседателот на ЗНАМ и градоначалник на Куманово, Максим Димитриевски, а од коалицијата ВРЕДИ, градоначалникот на Тетово, Биљал Касами. Како што информира на вчерашната прес-конференција координаторот на пратеничката група на Вреди, Беким Ќоку, коалицијата на лидерската ќе биде претставена од Биљал Касами. - Ние ја прифативме поканата и одлучивме да одиме налидерската средба. Таму ќе присуствуваме јас како координатор и Биљал Касами како еден од лидерите на „Вреди“. Во поканата нема конкретни прашања - рече Ќоку. Во однос на Пржинската влада, тој нагласи дека не ѝ прилега на една земја што преговара за влез во ЕУ да има техничка влада, како и дека земјата на локалните избори докажала дека и без пржинска влада може да организираат фер и демократски избори. ДУИ, одлуката за учество на Ахмети ја донесе синоќа на состанок на Генералниот совет на партијата во Мала Речица. Портпаролката на ДУИ Арта Биљали Зендели изјави дека одлуката била донесена едногласно од членовите на Генералниот совет, но не прецизира кои ќе бидат барањата на ДУИ на средбата на лидерите на парламентраните политички партии, посочувајќи оти „тоа е ексклузивно право на Ахмети“. Левицата најави дека прифаќа да се укине техничката влада, но само ако се воведе една изборна единица, а пратеникот Амар Мециновиќ на прес-конференција во Собранието информира дека Левицата ќе присуствува на најавената лидерската средба. - Како парламентарна партија, која една и пол година се обидува да воспостави комуникација со парламентарното мнозинство преку предлагање закони, преку консензус за некои државни прашања, сметаме дека сега е времето да влеземе во конструктивен дијалог, изјави Мециновиќ. Лидерската средба ја поздравија и ЛДП и ДОМ. ЛДП преку соопштение изрази подготвеност да присуствуваат на најавената лидерска средба, но не само за укинување или задржување на техничката влада како изолирана и празна тема туку заради одговори на клучните прашања, кои директно го засегаат животот на граѓаните. Од ДОМ ја поздравија можноста за дијалог за суштински политички консултации за важни реформски закони и процеси, кои треба да ги зајакнат нашата држава и демократијата и повикаа на агендата да се стави и да се разговара и за една изборна единица и отворени листи без изборен праг. Премиерот Христијан Мицкоски во празничното интервју на 7 јануари најави дека ќе упати покани до политичките партии за лидерска средба, која би се одржала пред неговото заминување на Светскиот економски форум во Давос, а теми на средбата би биле консензус за реформските закони и укинување на техничката влада. За клучните прашања за државата, Мицкоски рече дека очекува консензус од лидерствата на сите парламентарни коалиции, како и дека дневниот ред може да биде проширен и дополнет од страна на другите. - Да разговараме за изборот на народен правобранител. Да покажеме зрелост дека како политичари и како држава разговараме отворено на сите тие теми во врска со нашата цел - ЕУ и за законите што треба да се донесат. Ајде да седнеме и да разговараме. Јас не би сакал да влегувам во укинување на техничката влада без консензус затоа што тоа е политички некултурно, а ваков тип на измени во политичкиот систем треба да се носат со консензус. Ако велиме дека техничката влада е некаков имплант, ако велиме дека техничката влада можеби има проблеми и со уставноста, го кочи системот, не му дава доволно простор за маневар, ајде да ги направиме и тие измени - повика премиерот Мицкоски. Откога Филипче го одби, премиерот Мицкоски рече дека мислел оти ќе се покаже зрелост и широчина. - Тема на лидерската средба е само Законот за Владата. Ако ние се однесуваме неодговорно, како што се однесува тој, нам не ни е потребна лидерска средба, ние со 61 глас може да ја избришеме техничката влада, не ни е потребно мислењето на опозицијата. Но, сакавме процесот да биде инклузивен. Сакавме да поразговараме и за Изборниот законик, Законот за Јавното обвинителство, Законот за јавнообвинителската и судската служба, Законот за Советот на јавните обвинители, рече Мицкоски. Лидерот на опозициската СДСМ, Венко Филипче, на прес-конференција на 8 јануари го одби повикот за лидерска средба за укинување на техничката влада, обвинувајќи дека Мицкоски „бара алиби за распишување предвремени избори“. Според Филипчe, техничката влада мора да остане затоа што била гарант за фер избори и контролен механизам за да се спречи злупотреба на институциите. За реформската агенда, пак, рече дека дискусијата за законите ќе се води во парламентот каде што СДСМ ќе ги поддржи сите. Додаде и дека СДСМ во секој случај ќе учествува на парламентарни избори, ако бидат распишани. Движењето ЗНАМ - За наша Македонија ја поздрави иницијативата на претседателот на Владата за лидерска средба оценувајќи ја како можност сите релевантни политички фактори да покажат одговорност кон државата и граѓаните, а одбивањето дијалог на СДСМ е признание за слабост.Тагови: Владата Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветЕвропа бара место во преговорите за Украина, дипломатските разговори продолжуваат во Москва и ДаблинОд Абу Даби преку Москва до Даблин. Се интезивираат дипломатските напори за мировно решение во Украина. Додека американскиот двоец Виткоф-Кушнер замина кај Путин во Москва, околу 50 светски лидери во ирската престолнина разговараат за стратешките предизвици. Доминантно прашање на собирот на Европската политичка заедница, каде учествува и претседателката Синљановска Давкова е кој европски лидер или група лидери би седналe на преговарачка маса за Украина, откако вчера и завчера остана надвор од преговарачката маса во Абу Даби. Консензус нема, најзигледни фаворити се Кошта и Калас. -Toa e Aнтонио Кошта, тука е високата претставничка и потпретседателка, која ги претставува безбедносните прашања во Европа. Или пак, знаете лидерите би можеле да изберат поразлично и да ги отворат овие дискусии повторно. , изјави Каја Калас, висока претставничка на ЕУ. -Би рекла дека поважно од тоа „кој“ е да се осигураме дека ќе зборуваме со обединет, кохерентен и доследен глас. Тоа е тоа што им треба на нашите партнери. И мислам дека тоа ѝ треба на Украина. , изјави Роберта Мецола, претседателка на Европскиот Парламент. Во Даблин забележителен беше оптимизмот од преговорите во Абу Даби, каде што Русија и Украина во посредство со Вашингтон договорија размена на заробени војници од досега најголеми размери, но и натаму без напредок за територијалните прашања. -Од она што го слушнав од нашата делегација разговорите беа сериозни, а не празни. Постигнат е договор за размена на воени заробеници. , изјави Володимир Зеленски, претседател на Украина. -Слушнав некои позитивни сигнали од Абу Даби вчера и завчера. Имаме шанса и на средба со Американците да се постигне мир во Европа. Но, тоа е долг пат и по тој пат треба да одиме заедно. , изјави Фридрих Мерц, канцелар на Германија. Американскиот двоец Виткоф Кушнер, пак, според дел од медиумите, на Путин денеска му предложиле Русија да подготви нов нацрт-договор што ќе ги реши нејзините безбедносни грижи и барања, но исто така ќе утврди какви симетрични чекори е подготвена да преземе за да го деескалира конфликтот и да ја увери Европа дека нема да нападне во иднина.Тагови: САД - Русија - Украина Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаСе повеќе странски туристи ја посетуваат Македонија – најбројни гостите од Турција Се повеќе туристи, но не и подолг престој. Во септември земјава ја посетиле над 136.000 туристи, што е за 2,5% повеќе во споредба со период месец лани. На кумулативно ниво, во првите девет месеци од годинава бројот на туристи е зголемен за 3%. Сепак, податоците на Државниот завод за статистика покажуваат дека туристите во просек се задржуваат околу 2,5 ноќевања, додека во септември просекот е помал и од две ноќевања. Според професорот и поранешен директор на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот, Љупчо Јаневски, овие податоци покажуваат дека Македонија станува дестинација за транзитни и кружни патувања. Според него, потребно е поголемо внимание на постојните, но и создавање нови туристички атракции, повеќе чартер-летови и поголема понуда на пакет-аранжмани за престој во земјава. -Ние стануваме сè повеќе дестинација за кружни патувања и задржувањето на туристите е многу помало. Сметам дека ни се потребни дополнителни авионски линии, зголемување на обемот на странски туроператори коишто ќе оперираат во нашите туристички места со зголемена сезоналност, од мај до октомври. Поголем број на чартери и исто така пакет-аранжмани со останување 5 до 7 денови во дестинацијата,- доц. д-р Љупчо Јаневски – професор на Факултет за туризам. Но, предизвикот не е само како да се задржат туристите подолго, туку и како да се привлечат надвор од летната сезона. И минатата зимска сезиба бројот на туристи во периодот од декември до февруари бил зголемен за околу 6,5 проценти, но сепак бројот на ноќевањата се намалил за 1,5 проценти. Јаневски смета дека градовите треба навреме да подготват новогодишни програми и промоцијата да ја насочат кон туристите од регионот. Посочува дека не е доволно гостите да ја поминат новогодишната ноќ во Охрид или Скопје, а веќе следниот ден да заминат. Целта треба да биде развој на понуда што ќе ги мотивира да останат три до четири дена, преку градски, конгресен и друг вид туризам. - Сметам дека повеќе треба да се работи на конгресниот туризам, повеќе да се работи на сити-брејк дестинацијата за три до четири ноќевања. Исто така, поголем фокус треба да биде за стимулирање, реинвестирање во дестинацијата и исто така развивање и зајакнување на домашните туроператори коишто треба да бидат носители на аранжманите, а не само извршители, односно не локални DMC-ја во самата дестинација,- доц. д-р Љупчо Јаневски – професор на Факултет за туризам. Според податоците на ДЗС, во септември најмногубројни биле туристите од Турција, од каде пристигнале речиси 28 илјади гости. По нив следуваат туристите од Србија со над 8.300, Германија со над 6.600 и Полска со околу 4.700 туристи. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПо кривичната од Народна банка и СДСМ поднесоа кривична пријава против Славески и одговорни лица во НБРМ 15:00Продолжението на надзорната расправа во Собранието за АЛТА банка ќе биде дополнително утврдено 08:32Мицкоски: Уште во 2023 владата на СДСМ и ДУИ му дава насока на правобранителството да влезе во деловни односи со Давор Мацура18:20Лукаревска до Славески: Го урнисавте банкарскиот сектор, поднесете си оставка 15:16Случајот „АЛТА банка“ денеска на надзорна расправа пред матичната собраниска комисија11:21
По кривичната од Народна банка и СДСМ поднесоа кривична пријава против Славески и одговорни лица во НБРМ 15:00
Мицкоски: Уште во 2023 владата на СДСМ и ДУИ му дава насока на правобранителството да влезе во деловни односи со Давор Мацура18:20
МакедонијаСнопче: Додека зборував од моето место, бев прекинат од координаторот на ВМРО-ДПМНЕОна што денес се случува во Собранието претставува загрижувачки преседан за функционирањето на парламентарната демократија.На пратениците од опозицијата им е загарантирано правото во времетраење од два часа да поставуваат пратенички прашања до Владата. Но, кога се бара пауза, со што се прекинува можноста за остварување на ова право, а потоа образложението е дека двата часа веќе поминале, станува збор за апсурдно толкување на Деловникот на Собранието. Ова е еден вид политичка шизофренија: да имаш загарантирано право во времетраење од два часа, а потоа времето поминато во паузи да се користи како аргумент за да ти се ускрати токму тоа право! Додека зборував од моето место, бев прекинат од координаторот на ВМРО-ДПМНЕ, поради што не успеав до крај да го искажам својот став, објави Халил Снопче од Алијанса за Албанците.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook