Балканските лидери повикаа на помирување, но си упатија и обвинувања за двојни стандарди и злосторства
СДСМ: Дефокус и напад врз СДСМ токму на денот кога го објавивме планот за распродажба преку рудниците
1Балканските лидери повикаа на помирување, но си упатија и обвинувања за двојни стандарди и злосторства
2СДСМ: Дефокус и напад врз СДСМ токму на денот кога го објавивме планот за распродажба преку рудниците
Претседателот на Наполи најави стадион со капацитет од 70.000 гледачи и упати остри критики кон ФИФА и УЕФА
2Претседателот на Наполи најави стадион со капацитет од 70.000 гледачи и упати остри критики кон ФИФА и УЕФА
Стручната комисија утврди: Нема лекарска грешка во лекувањето на родилката од Струмица која остана неподвижна
1Стручната комисија утврди: Нема лекарска грешка во лекувањето на родилката од Струмица која остана неподвижна
МакедонијаСДСМ: Нема средба со криминалци, СДСМ останува на страната на граѓаните„Средба со криминалци нема да има. СДСМ останува со граѓаните, на вистинската страна“, порача денеска генералниот секретар на СДСМ, Александар Саша Димитријевиќ, на прес-конференција по повод средбата и обидите за укинување на техничката вТој нагласи дека „сите што денеска ќе одат на средба со Мицкоски за укинување на техничката влада стануваат соучесници во легитимирање на криминалот и корупцијата, во анти-ЕУ кампањата за изолација на земјата, во планот за предвремени избори и мигранти за пари“. „Тендер коалицијата ВМРО-ЗНАМ не сака дијалог, туку алиби за распишување на предвремени избори кои веќе им се договорени. Не сакаат реформи за ЕУ, туку покритие за намерна изолација на земјата“, истакна Димитријевиќ. Генералниот секретар на СДСМ додаде дека власта е во паника бидејќи се разоткриени коруптивните шеми. „Им се брза – им ја откривме корупцијата, им ги разоткривме плановите за мигранти, а во буџетот нема пари. Сакаат да ја укинат техничката влада затоа што не сакаат опозицијата да влезе во министерствата, да не се види што сè правеле со трошењето на парите на граѓаните на Македонија“, потенцирапе тој. Димитријевиќ нагласи дека Антикорупцискиот тим на СДСМ досега објавил само дел од скандалите. „Антикорупцискиот тим на СДСМ изнесе само дел од работите и скандалите, можете само да замислите што сè се случува таму. Затоа не сакаат да ја пуштат опозицијата во министерствата. Тоа е главниот проблем. Покрај 161 тендер за една фирма, 51 тендер за друга, 9 милиони евра тендери за трета и 1,2 милиони евра тендери во Пошта, може само да замислите што сè се прави“, додаде тој. Тој предупреди и на целосната партизација на институциите: „Злоупотребата на полицијата по целосната партизација е инструмент за притисок, закани и уцени, но и за заштита на криминалци“. Димитријевиќ истакна дека во буџетот недостасува една милијарда евра и дека власта „ги пополнува дупките со постојано трупање нови долгови“. „Сè е веќе јасно. Техничката влада мора да остане. Таа е единствената шанса, единствениот обид за некакви минимални услови за фер избори“, нагласи генералниот секретар на СДСМ. Тој обвини дека актуелната власт „ги злоупотребува институциите и државните ресурси за партиски и криминални цели“, врши притисок врз судството, носи измени на Кривичниот закон за спас на функционерите и ја злоупотребува полицијата, додека истовремено се носат резолуции „со кои практично се укинува слободата на говорот на опозицијата“. „Заклучокот е едноставен – не се созреани условите за укинување на техничката влада поради криминалната власт. Опозицијата мора да влезе во техничката влада и да се обиде да обезбеди барем малку услови за фер избори. Техничката влада мора да остане. Ако ја укинат техничката влада, ќе ја убијат и онаа малку шанса што постои за фер избори. Тоа не смееме да им го дозволиме. Заедно ќе ја вратиме власта во рацете на граѓаните“ рече Александар Саша Димитријевиќ, генерален секретар на СДСМ. Без техничка влада нема ниту минимални услови за фер избори Генералниот секретар на СДСМ, Александар Саша Димитријевиќ, денеска јасно порача дека укинувањето на техничката влада значи директен удар врз можноста за фер и демократски избори. „Техничката влада мора да остане. Таа е единствена шанса, единствен обид за некакви минимални услови за фер избори“, истакна Димитријевиќ. Сакаат да ја укинат техничката влада затоа што не сакаат опозицијата да влезе во министерствата, да не се види што сè правеле со трошењето на парите на граѓаните на Македонија, додадае тој. Димитријевиќ предупреди дека во услови на целосна партизација на институциите, техничката влада е неопходна. „Воспоставена е целосна контрола на обвинителството, се врши притисок врз Судскиот совет, се носат измени на Кривичниот закон за спас на актуелните функцонери, се партизира и се злоупотребува полицијата. Се носат резолуции со кои што практично се укинува слободата на говорот на опозицијата. Се злоупотребуваат парите во земјоделието. Масовниот надзор со 65 илјади камери нема контролни механизми ниту заштита од злоупотреби.“ потенцираше Димитријевиќ. Во вакви услови е јасно дека „не се созреани условите во општеството за укинување на техничката влада поради криминалната власт“. „Опозицијата мора да влезе во техничката влада и да се обиде да обезбеди барем малку услови за фер избори“, нагласи тој, додавајќи дека „СДСМ ќе ги искористи сите демократски механизми за да го заштити изборниот процес и слободната волја на граѓаните“. СДСМТагови: СДСМ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
БалканБалканските лидери повикаа на помирување, но си упатија и обвинувања за двојни стандарди и злосторства Од Косово и меѓународното право, преку европската иднина на регионот, до нов судир меѓу Белград, Загреб и Подгорица околу војните и минатото. Балканските лидери и од говорницата на Генералното собрание на Обединетите нации ги отворија старите регионални спорови додека регионот долго чека пред вратите на ЕУ. Најдиректен беше српскиот претседател Александар Вучиќ. Тој порача дека меѓународниот поредок заснован врз Повелбата на ОН е сериозно нарушен и оцени дека правилата повеќе не важат подеднакво за сите држави, особено за помалите. -Сакам да им се заблагодарам поединечно на сите 107 земји што не ја признаа еднострано прогласената независност на т.н. Косово. Знаеме дека многу од тие држави биле подложни на притисок и знаеме дека одржувањето на принципиелна позиција понекогаш е далеку потешка отколку што изгледа од надвор. Ви благодарам што бевте доследни во непризнавањето на дел од територијата на Србија – изјави Вучиќ. Веднаш по него, од говорницате, црногорскиот претседател Јаков Милатовиќ повика на трајно помирување на Западен Балкан, истакјувајќи дека сепак тоа не може да се гради врз негирање на минатото, селективна правда или величење лица осудени за воени злосторства. - Иднината на целиот Балкан е во рамките на ЕУ. Нашиот регион го носеше товарот на поделби предолго време. А новото поглавје се заснова преку соработка, поврзаност, економски можности и економска интеграција. Трајното помирување не може да се гради, врз негирање, селективни пристапи кон правдата и глорификација на оние кои сториле воени злосторства – изјави Милатовиќ. Но, регионалните несогласувања најсилно дојдоа до израз меѓу Белград и Загреб. Вучиќ ја обвини Хрватска за толерирање на фашистички и нацистички симболи и пораки и за, како што оцени, величење на делови од нејзиното минато поврзани со усташкото движење за коа што истакна дека Српскиот народ тоа нема да го толерира. На спрскиот претседател му возврати хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ, критикувајќи ја Србија поради почестите за Ратко Младиќ и кршење на европските вредности. -Помирувањето станува можно кога ќе се признае одговрноста за злосторствата од минатотто и кога ќе се отфрли нивното величење. Воените и официјалните почести укажани на Младиќ во Србија претставуваат навреда за неговите жртви и за пресудите на меѓународните судови. Учеството на државните претставници и јавното одобрување што следеше по церемноијата се во целост спротивност со вредностите на Унијата кон која Србија сака да пристапи. Сепак, балканските лидери во дел од своите говори од Њујорк повикаа на европска иднина и помирување на регионот, но покажаа дека старите спорови сè уште силно ја диктираат сегашноста.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаСДСМ: Дефокус и напад врз СДСМ токму на денот кога го објавивме планот за распродажба преку рудниците Токму денеска, кога го откривме планот на Мицкоски за распродажба на Македонија преку давање на рудниците и труење на народот за туѓи интереси и профити.Токму денеска, кога објавивме мегаскандал: приватна компанија за оружје плаќала над 1,5 милиони долари за лобирање за Мицкоски. Кога на јавноста ѝ станува јасно зошто Мицкоски договара антимон без да го праша народот: за милиони да завршат во приватни џебови. Денеска дефокус и напад врз СДСМ од платформата на Мицкоски, ЗНАМ 2.0. Дефокус и напад врз СДСМ и претседателот Филипче од луѓе купени со тендери вредни 1,6 милиони евра. Одговорот на едно едноставно прашање целосно ги разобличува: Кому му одговара да се пренасочи вниманието на јавноста со ваков дефокус? Кому му одговара да не се зборува за криминалот на Мицкоски и за распродажбата на Македонија? Одговорот е еден: На шефот на организираната криминална група, арамијата Христијан Мицкоски! Сè е јасно. Граѓаните и членовите на СДСМ не се наивни. Сите гледаат дека единствено СДСМ и претседателот Филипче се секојдневно на терен со граѓаните и деноноќно се борат против бандата на Мицкоски. ВМРО е во слободен пад. Арамијата веќе нема рејтинг. Не постои друга опозиција во Македонија. Затоа сакаат да ја срушат СДСМ, но од тоа нема да има ништо. Порака до сите нив: сите ќе одговарате, а власта ќе ја вратиме во рацете на народот. ЗНАМ 2.0 нема да помине! No pasaran!, се наведува во партиското соопштение.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЗдравјеСтручната комисија утврди: Нема лекарска грешка во лекувањето на родилката од Струмица која остана неподвижнаНема лекарска грешка во случајот со Станка Михајлова од струмичко Баница, која по породување со царски рез и остана неподвижна, потврди петчлената комисија која го испитуваше случајот. Комисијата била составена од гинеколог, анестезиолог, невролог, неврохирург и радиолог, а двајца од експертите биле од Србија и од Словенија. По извршениот надзор, заклучокот бил едногласен дека невролошката состојба на Михајлова не е последица на спиналната анестезија. Како најверојатна причина за состојбата, експертите го наведуваат спонтаното крварење од ретка малформација на крвните садови. Сепак, за конечно утврдување на причината е препорачана дополнителна дијагностика, како и продолжување на рехабилитацијата. Случајот во јавност го објавки свекрот на Михајлова, Велибран Стојанов , и побара помош од министерот за здравство Сашо Клековски. Министерството за здравство најави темелна проверка , а по налог на министерот, Државниот санитарен и здравствен инспекторат започна вонреден инспекциски надзор и со странски експерти од Словенија во трите установи каде што Михајлова била лекувана. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПочина 13-годишното дете кое беше избодено со нож во Чаир, ќе има ли преквалификација на кривичното дело? 15:00ОЈО ГОК во тек е акција под кодно име „Филтер 2“10:24Продолжи судењето за Лотарија - Груби и Бајрами повторно на обвинителна клупа15:00Тошковски: Има големи злоупотреби со боледувањата во државниот и во приватниот сектор11:04Средба на Сиљановска-Давкова со претставници на организацијата „Обединети Македонци во Канада“08:36
Почина 13-годишното дете кое беше избодено со нож во Чаир, ќе има ли преквалификација на кривичното дело? 15:00