Боцевски: Не е точно дека Албанија не' претркала сна пат кон ЕУ со отворањето на сите кластери - Канал 5

Боцевски: Не е точно дека Албанија не' претркала сна пат кон ЕУ со отворањето на сите кластери

Вести Плус” со Ивица Боцевски

Боцевски: Не е точно дека Албанија не

Боцевски:

- Нам постојано ни се ветуваат брда и долини, Американците велат „торта во небото“, ние велиме „мижи Митро тулумби паѓаат“, а што добива земјата - ништо, едноставно ги дренира точките на државност, го држат овој народ и вербата.

- Македонија не постои затоа што решила некоја голема сила Македонија да постои, туку затоа што граѓаните сакаат Македонија да постои онаква каква што самите ја замислуваат.

- Корупцијата не е пречка за ЕУ, туку е пречка за нашиот живот, тоа што е загадено и ннекој го толерира очигледно е поврзано со незаконски активности, тоа мене ми пречи. Корупција има, бобрата е да се намали што повеќе.

- Штом сме станале земја членка значи сме ги исполните Копенхагенските критериуми и целиме да одиме ново погоре.

- Со ова темпо да продолжи Црна Гора да ги затвара поглавјата за ЕУ ќе ги заврши за следните 70 години.

- Не е точно дека Албанија не' претркала со тоа што ги отворила сите кластери, ниту Црна Гора и покрај тоа што има затворено 7 поглавја. Македонија не е запрена на европската интеграција, се што усвојува ЕУ како законодавство, Македонија имплементира.

Баба Ванѓа најави мрачна есен: Предвидела вистинска катастрофа до крајот на 2025.

Додека летото полека ѝ отстапува место на есента, многумина ги реинтерпретираат енигматските изјави на Баба Ванѓа, слепата јасновитка, со мешавина од љубопитност и страв.

Баба Ванѓа најави мрачна есен: Предвидела вистинска катастрофа до крајот на 2025.

Иако почина во 1996 година, нејзините визии, честопати криптични и отворени за дискусија, продолжуваат да интригираат, објавува Net.hr.

„Двоен оган“

За годината 2025, а особено месеците што следат по летото, нејзините визии - или поточно нивните толкувања - се особено вознемирувачки и вклучуваат сè, од природни катастрофи и политички превирања до технолошки откритија што би можеле да го променат засекогаш човештвото.

Баба Ванѓа наводно зборувала за „двоен оган што ќе се издигне од небото и земјата истовремено“, а постојат бројни толкувања на оваа морничава фраза. Некои веруваат дека тоа е метафора за разорните пожари што, поттикнати од климатските промени, ќе ја уништат планетата, во комбинација со вулкански ерупции.

Други се плашат од побуквално сценарио - удар од астероид или моќен сончев блесок што би можел да ја изгори Земјата.

„Скршена обединета рака“

Покрај пожарот, Ванѓа наводно предвидела и голем број други природни катастрофи за 2025 година. Разорни земјотреси и поплави се споменуваат низ целиот свет, со посебен акцент на голема катастрофа во Азија.

Со оглед на тоа што ваквите настани ретко се случуваат изолирано, есента би можела да донесе период на зголемена сеизмичка и климатска нестабилност, ако треба да се верува на визиите на јасновитката.

На геополитички фронт, есента 2025 година би можела да претставува и пресвртница. Визијата на Ванѓа за „скршена обединета рака, каде што секој си оди по свој пат“ многумина ја толкуваат како знак за пропаѓање на големите сојузи, како што се НАТО или Европската Унија.

Растечките тензии во рамките на западниот блок, како и растечкиот јаз меѓу Истокот и Западот, даваат тежина на оваа темна визија. Ванѓа наводно предвидела и избувнување на нов, разорен конфликт во Европа, кој би „го уништил населението“.

„Прв контакт“

Можеби најенигматската најава за 2025 година вели дека човештвото ќе се приближи до знаењето што „не сакало да го има“. Ванѓа наводно рекла: „Она што е отворено не може да се затвори“. Многумина го поврзуваат ова со развојот на вештачката интелигенција, генетскиот инженеринг и биотехнологијата.

Покрај војните и катастрофите, Ванѓа наводно предвидела глобален економски колапс, што се совпаѓа со сегашните стравови на економистите кои предупредуваат за кршливоста на глобалниот финансиски систем.

Како да не беше доволно сето ова, визиите за 2025 година содржат и еден сосема бизарен елемент - контакт со вонземјани. Според едно толкување, првиот „официјален контакт“ ќе се случи за време на голем спортски настан, што ќе го остави светот во шок и неверица.

Од друга страна, Ванѓа најави и позитивни научни достигнувања. Се вели дека во 2025 година нè очекува револуција во медицината, со подобрување на процесот на одгледување човечки органи во лаборатории, што би можело да спаси милиони животи. Се зборува и за откривање на нов, чист и речиси неисцрпен извор на енергија.

Татко се струполил и умрел додека ковчегот на неговиот син го внесувале во капела- пред 10 години погребал и близнаци

Норман Вајт (61) се струполил и починал додека ковчегот со телото на неговиот син Дејвид билo носенo во капелата во Северен Јоркшир.

Татко се струполил и умрел додека ковчегот на неговиот син го внесувале во капела- пред 10 години погребал и близнаци

Се верува дека таткото доживеал срцев удар од тага, што се покажало како фатално за него, објави Мирор.

Норман, пред десет години погребал близнаци, кои починале при раѓање.

Дејвид со години се борел со зависност и починал додека спиел на каучот на роднина.

Сестрата на Дејвид, Шантел, рекла дека тој од неодамна не користел дрога и дека постигнал напредок во третманот.

Таа сè уште е во шок и не може да поверува во трагедијата што го снашла нејзиното семејство.

„Сè е толку трауматично за сите нас. Никогаш не можев да замислам дека нешто вакво ќе се случи. Кога седнавме во капелата, сфатив дека татко ми го нема. Ги прашав сите дали го виделе. Потоа ми кажаа дека се онесвестил и веднаш истрчав надвор“, се сеќава неутешната жена.

Набрзо на местото на настанот пристигнала брза помош, Норман бил итно однесен во болница. Шантел отишла со него, додека остатокот од семејството останало на погребот.

Набрзо сите беа шокирани од веста дека Норман, за жал, исто така починал.

„Мислам дека почина од скршено срце. Тато никогаш немал проблеми со срцето. Јас сум во шок повеќе од една недела. Сè уште не знам што ни се случи“, вели Шантал.

Таа вели дека нејзиниот татко бил тренер по бокс со години и дека водел осамен живот.

Отровна змија каснала четиригодишно дете, додека си играл во градинка- воспитувачките не повикале помош (ВИДЕО)

Четиригодишно момче било хоспитализирано откако било каснато од змија со бакарна глава, вид отровна змија, во дворот на градинка во Северна Каролина, а неговите родители биле шокирани откако дознале дека воспитувачките дури и не повикале брза помош.

Отровна змија каснала четиригодишно дете, додека си играл во градинка- воспитувачките не повикале помош (ВИДЕО)

Момчето си играло во близина на песочната кутија на градинката во четврток кога змијата го каснала за левата рака, предизвикувајќи му оток на прстите, објавија медиумите.

Потоа еден работник во објектот ја убил змијата, објави „Њујорк пост“.

Сепак, според членовите на семејството, дури кога родителите отишле во градинката да го земат своето дете, им била кажана вистината.

„Директорот дошол и рекол дека го каснала змија. На почетокот си помислив, зошто не повикале брза помош? А потоа се запрашав дали другите родители знаат“, вели тетката на момчето, Брук Купер.

Таа исто така тврди дека градинката воопшто не повикала болничари за каснувањето од змија, туку дека родителите го однеле детето на лекар.

YouTube video

Итните служби потврдија дека не добиле никакви повици од градинката за каснувања од змии.

Каснувањата од змија со бакарна глава често резултираат со обемно отекување, модринки и крвни плускавци околу каснувањето, при што луѓето доживуваат гадење, повраќање, низок крвен притисок и крварење од отровот.

Симптомите може да траат 12 часа, а може да се појават и компликации бидејќи змијата со бакарните глава се дел од истата подфамилија змии како и ѕвечарките.

притисни ентер