Шоу бизЕд Ширан откри зошто не користи мобилен телефон (ВИДЕО)Популарниот британски музичар Ед Ширан донесе радикална одлука да го отстрани мобилниот телефон од својот живот пред речиси една деценија, поточно во 2015 година.Тој ја објасни промената, мотивирана од желбата за повеќе „вистински живот“ и помалку одвлекување на вниманието, во едно неодамнешно интервју. Ширан откри дека пред да стане светски познат, го имал истиот телефонски број од својата 15-та година. Меѓутоа, како што растела неговата слава, неговиот број на контакти експлодирал на дури 10.000, што довело до постојани пораки и повици. „Луѓето постојано му пишувале пораки“, се присетил Ширан. Вибрациите на неговиот телефон во џебот постојано ги прекинувале разговорите, одвлекувајќи му го умот од сегашниот момент. „Дури и да беше во мојот џеб, ќе разговарав со тебе вака и тој ќе вибрираше. И мојот ум немаше да биде во разговорот, туку ќе речеше... „О, кој е тоа?“ „Сѐ додека не го извадам од џеб и потоа не одговорам на порака, а потоа одеднаш, нашиот момент заврши и јас сум во ова, и сега сфаќам дека нема никаква врска со ништо. Луѓето не можат да ме контактираат, не можам да бидам прекинат. Одам на вечера со сопругата, одам на вечера со татко ми, одам на ручек со пријателите и сум во тоа“, рече Ширан. View this post on Instagram A post shared by sblga (@sblga) Оваа одлука му овозможи да биде поприсутен во неговите секојдневни интеракции со семејството и пријателите, без постојани прекини и притисок веднаш да одговори на пораките. Наместо телефон, Ширан сега користи iPad, а целата комуникација се одвива преку е-пошта, на која одговара еднаш неделно. Тој истакнува дека, за разлика од апликациите за пораки како WhatsApp каде што се очекува брз одговор, нема таков притисок со е-поштата. Ширан нагласува дека овој пристап му донел повеќе мир и подобро ментално здравје, како и му помогнал во неговата креативна работа. „Можам да живеам без тоа.“ „Имам е-пошта и одговарам на е-пошта секогаш кога сакам да одговорам на е-пошта“, заклучи Ширан, истакнувајќи ја ослободувачката природа на неговата дигитална детоксикација. Неодамнешните извештаи дури сугерираат дека Ширан ја засилил својата дигитална детоксикација, се откажал од својот iPad и сега користи камера само за снимање спомени, „како да е 1997 година“.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски: Македонија е посветена на реформите, но неправедно блокирана на патот кон ЕУ15:00Мицкоски: Денеска сум во Црна Гора, каде се одржува Самитот на Берлинскиот процес13:23Во Кривичниот суд во Скопје продолжува судењето на судијата во Апелацискиот суд, Ѓоко Ристов11:16Мицкоски учествува на Самитот на Берлински процес кој се одржува во Свети Стефан, Црна Гора 08:46Почна имунизацијата против сезонски грип – на располагање 30 илјади вакцини наменети за ризичните групи 15:00
Почна имунизацијата против сезонски грип – на располагање 30 илјади вакцини наменети за ризичните групи 15:00
ЕвропаКако протестите во Европа можат да влијаат врз проширувањето на ЕУ?„Вирусот“ на протести, поттикнати од т.н. GEN Z се шири нив Европа – последниот бран ја зафати Грција, откако илјадници ученици, студенти, наставници и други административни работници излегоа на протести во Атина и ширум земјата. Се бараат подобри услови во образованието и мерки за справување со високите трошоци за живот. Во меѓувреме се заоструваат антивладините протести и во соседна Албанија. Тензијата утринава се манифестираше и во парламентот, каде што дојде до физичка пресметка. Студентите и професорите продолжија да бараат оставка од премиерот Рама пред неговиот кабинет. Рама повторно понуди „столчиња за дијалог“, овој пат бетонски, откако демонстрантите во два наврати ги искршија дрвените. Анкета: Сите политичари, од двете партии, главните партии, треба да си заминат, во основа. Тоа е она што новата генерација го сака./ Корупцијата е на невидени нивоа, невидени во било која друга светска држава. Пред нов протест е и Италија, оние кои ќе бидат насилни и ќе вршат кражби ќе подлежат на остри санкции, а се најавуваат и 500 војници на улиците на Милано за в Сабота. Оние кои протестираат возвратија дека им е доста ОД моменталните услови за живот. Доста ни беше веќе од ова. Ние сме луѓе кои работиме, ние сме луѓе кои плаќаат кирија, ние сме луѓе кои плаќаме сметки и не можеме да истуркаме до крајот на месецот дури и со две плати. Преку глава ни е, ja преминавте секоја граница. Доста е, доста е и доста е. А, дојде и до физички пресметка меѓу насобраните, односно со мигрантите. Јас сум тунижанец, дипломирав тука, со италинаско државјанство и никогаш не сум направил глупост. Не гледате ли дека главата му е полна со пајажина. Искористи шампон. Решителна акција против насилството и грабежите најави и францускиот претседател Макрон, откако улиците низ земјата се претворија во хаос. Француската полиција пак најави забрана за протести во делови од Париз и воведе полициски час за малолетници Протестите се мешавина од GEN Z тренд и реални потреби и имаат сериозен потенцијал да го опфатат целиот континент, сметаат аналитирачите. Според нив, ваквите состојби можат да бидат сериозен удар за евроинтегративните процеси. -Во моментот немирите кои се случуваат низ цела Европа, кои имаат потенцијал да ескалираат, се уште се третираат како социјален феномен на домашните земји членки, но доколку тие продолжат и се претворат во задгранично, меѓународно движење, може да влијаат на политичкиот апетит на ЕУ за проширување. Може да ги зафатат политичките елити со барања за домашни проблеми, пред да можат да се свртат на проширувањето како гео – стратегија. - Петар Арсовски – Аналитичар. Според аналитирачите, сериозна опасност по евроинтегративните процеси е и растот на десничарските партии во „носечките“ земји на Унијата, како АФД во Германија партијата на Марин Ле Пепен во Франција, кои докодлку дојадат на власт најавуваат преиспитување на мигрантските политики, а особено и проширувањето на ЕУ. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски: Македонија е посветена на реформите, но неправедно блокирана на патот кон ЕУ15:00Мицкоски: Денеска сум во Црна Гора, каде се одржува Самитот на Берлинскиот процес13:23Во Кривичниот суд во Скопје продолжува судењето на судијата во Апелацискиот суд, Ѓоко Ристов11:16Мицкоски учествува на Самитот на Берлински процес кој се одржува во Свети Стефан, Црна Гора 08:46Почна имунизацијата против сезонски грип – на располагање 30 илјади вакцини наменети за ризичните групи 15:00
Почна имунизацијата против сезонски грип – на располагање 30 илјади вакцини наменети за ризичните групи 15:00
МакедонијаМинчев на средба со грчкиот амбасадор Малукос: Од експертска размена до конкретни резултатиМинистерот за јавна администрација, Горан Минчев, оствари средба со новоименуваниот амбасадор на Република Грција во Република Македонија, Јанис Малукос.Министерот за јавна администрација, Горан Минчев, оствари средба со новоименуваниот амбасадор на Република Грција во Република Македонија, Јанис Малукос, на која беа разменети мислења за досегашната соработка и можностите за нејзино понатамошно продлабочување во областа на реформата на јавната администрација. Министерот Минчев му посака успешна дипломатска мисија на амбасадорот Малукос, изразувајќи очекување дека досегашното партнерство меѓу двете земји ќе продолжи да се развива преку конкретни иницијативи, размена на искуства и експертска поддршка во реформските процеси. „Нашата цел е јасна, јавна администрација што работи професионално, одговорно и ефикасно, а граѓаните тоа да го чувствуваат преку услугите што ги добиваат. Затоа ни е важна соработката со партнерите кои можат да придонесат со знаење, искуство и добри практики што ќе ги преточиме во конкретни резултати“ истакна министерот Минчев. Посебно внимание беше посветено и на развојот на Академијата за стручно усовршување и обука на административните службеници. Министерот Минчев ги истакна досегашните активности и приоритетите за нејзиниот понатамошен развој. Во таа насока, беа разгледани можностите за вклучување на грчките институции во идните активности преку размена на искуства, развој на програми за обука, усовршување на обучувачите и пренесување добри практики. Министерството за јавна администрација останува посветено на градење партнерства што придонесуваат за развој на професионални и одговорни административни службеници, поефикасни институции и подобри услуги за граѓаните. Целта на реформите е промените да не останат само на хартија, туку да се препознаат во секојдневното функционирање на институциите и во квалитетот на услугите што ги добива секој граѓанин. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаМицкоски: Македонија е посветена на реформите, но неправедно блокирана на патот кон ЕУПотребата од забрзување на европската интеграција на Западен Балкан и постигнување конкретни резултати се во фокусот на денешниот Самит на Берлинскиот процес, кој се одржува во Свети Стефан, Црна Гора. Премиерот Христијан Мицкоски очекува лидерите да испратат јасни пораки за европската перспектива на регионот, но и да понудат суштински решенија за надминување на пречките во процесот. Пред почетокот на самитот, Мицкоски порача дека Македонија одамна ги исполнила очекувањата за да стане дел од Европската Унија, но дека почетокот на преговорите и натаму е блокиран поради, како што оцени, вештачки причини. – Денеска очекувам многу силни пораки во однос на интеграцијата на Западен Балкан во Европската Унија. Секако, тука ја вклучувам и мојата земја. Македонското досие е многу сложено. Одамна заслуживме да бидеме дел од ЕУ, но, за жал, поради одредени вештачки причини, сè уште не сме во можност да ги започнеме преговорите. Но, денеска во моето обраќање ќе ја претставам и ќе ја пренесам пораката за силната посветеност на македонската Влада на реформската агенда на ЕУ и на европската интеграција. Практично, такво е и досегашното дејствување на мојата Влада и ќе продолжиме да се движиме по тој пат и во иднина – изјави Мицкоски. Членството на Црна Гора во ЕУ е реална и достижна цел, порача германскиот канцелар Фридрих Мерц на отворањето на самитот и нагласи дека реформите и регионалната соработка се клучни за европската интеграција на Западен Балкан. -Многу сум среќен што денес имаме можност, и формат за разговор за понатамошен напредок кон ЕУ, да разговараме за европската интеграција преку т.н. Берлински формат. Основан пред многу години на иницијатива на германската федерална влада. Се среќаваме денес во Црна Гора за да го продолжиме процесот. Заедно да разговараме за понатамошниот напредок во соработка меѓу земјите кандидати од Западен Балкан и ЕУ, -германски канцелар Фридрих Мерц. Европската интеграција на Западен Балкан влегува во важна фаза порача Еврокомесарката Марта Кос каде испрати пораки до земјите кандидати, но не ја спомена Македонија. Според Кос Црна Гора се приближува кон завршувањето на преговорите, од Албанија се очекуваат натамошни реформи, Србија се подготвува за избори, а од Косово се бара доследно почитување на меѓународното право и владеењето на правото. Инаку, премиерот Христијан Мицкоски ја предводи македонската делегација на Самитот на Берлинскиот процес во Свети Стефан, Црна Гора, на кој учествуваат лидерите од Западен Балкан и германскиот канцелар Фридрих Мерц. Во фокусот се европската интеграција, економското поврзување, безбедноста и зелената транзиција. Самитот го заокружува црногорското претседавање со Берлинскиот процес, иницијатива покрената од Германија во 2014 година за забрзување на евроинтеграциите и регионалната соработка.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook