Тригодишно дете исчезна во Шпанија- осомничена е мајката, а таткото нуди 100.000 награда - Канал 5

Тригодишно дете исчезна во Шпанија- осомничена е мајката, а таткото нуди 100.000 награда

Малиот Оливер (3) исчезна под мистериозни околности од својот дом во Шпанија.

Тригодишно дете исчезна во Шпанија- осомничена е мајката, а таткото нуди 100.000 награда

Сомнежот веднаш паднал врз неговата мајка, Анастасија, која, според најновите информации, наводно го однела во Русија, од каде што потекнува. Очевидците и семејството се очајни - таткото не го видел својот син повеќе од еден месец. Тој понудил награда од речиси 100.000 евра за информации што би довеле до негово пронаоѓање, објави Блеск.

Семејството, со татко Британец и мајка Русинка, живеело во Шпанија долго време. Оливер исчезнал кон крајот на јули, заедно со неговата мајка, која ја изгубила битката за старателство над него. Полицијата се сомнева дека жената го извршила киднапирањето и избегала во својата татковина.

Родителите се развеле во мај минатата година и оттогаш се борат за старателство над детето.

- Немаме поим каде се. Оливер би можел да биде буквално насекаде - изјавил очајниот татко за весникот „Сан“.

- Анастасија сакала да добие единствено старателство, како и правата за користење на нашиот дом, но не успеала. Судот одлучил дека јас ќе го имам старателството, а на мајката ѝ биле дозволени само ограничени посети под надзор. Наместо да се соочи со последиците, таа одлучи да избега. Се чини дека го прекинала и образованието на нејзината малолетна сестра - додаде таткото.

Судот ѝ дозволил на мајката да се грижи за Оливер до конечната одлука, но ѝ било забрането да патува и морала да го предаде пасошот на Оливер. Таа тврдела дека го изгубила. Мајката и синот последен пат биле видени околу 20 јули. Мајката и сестрата на Анастасија исто така исчезнале. Долго време, очајниот татко не можел да поверува дека мајката ќе биде способна за киднапирање, но кога никој не дал информации, се обратил во полиција на почетокот на август.

Покрај полицијата, таткото директно ѝ се обратил на својата поранешна партнерка:

- Оливер заслужува да ги има двајцата родители во својот живот. Со твоите постапки, го оддалечувате од неговиот татко, пријателите и сè што знае, а со тоа најмногу го повредувате. Знам дека го сакаш и сакаш најдобро за него, но правејќи го ова му штетиш нему, како и на себеси и на твоето семејство. Те молам престани пред да биде предоцна - рече тој.

Тој понудил висока награда од речиси 100.000 евра за пронаоѓање на својот син и ангажирал приватни детективи.

Шпанската полиција интензивно ја бара Анастасија, во соработка со Интерпол, кој издаде меѓународна потерница.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Од ЕУ пристигнуваат вакцините за спас на сточарите од болеста овча сипаница

На почетокот на следнава недела од Европска Унија пристигнуваат вакцините за спас на сточарите од болеста овча сипаница заради која досега се угинати околу 10 илјади овци.

Од ЕУ пристигнуваат вакцините за спас на сточарите од болеста овча сипаница

Веднаш ќе се поделат по ветеринарните амбуланти за на територијата на цела Македонија да започне вакцинацијата која нема да донесе забрана за извоз на нашето јагне за пазарите на Европската Унија.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Предизборен молк во Србија пред клучните избори во недела

Завршни предизборни митинзи во соседна Србија која во недела се подготвува за најнеизвесните избори во последните 14 години. 

Предизборен молк во Србија пред клучните избори во недела

Под реден број еден на гласачкото ливче е коалицијата предводена од владеачката Српска народна партија, насловена „Александар Вучиќ - Обединета Србија“. Својот завршен митинг Вучиќ го оддржа во спортската сала „Ранко Жеравица„ во Белград, а негови поддржувачи вчера излегоа на улиците и во други градови низ Србија.

„Да се подготвиме во недела, пенкало во раката, да го заокружиме она што е потребно и да ги победиме. Да ги победиме и да им пружиме рака вечерта после тоа, но никогаш да не заборавиме она низ кое поминавме. Да не заборавиме како ни ја рушеа државата, и секогаш да ја чуваме и браниме и да ги учиме нашите поколенија за тоа. Напред Белград, да живее Белград. Да живее Србија. Одиме да ги победиме!“

Околу 150 000 граѓани вчера вечер се собраа на централниот градски плоштад во Белград – Славија, во поддршка на протестното младинско движење кои на гласачкото ливче настапуваат под број 3 - „Студентска листа - Студентите победуваат“.Голем дел од 250-те кандидати на Студентската листа кои се кандидираат за парламентот се дел од српската академска и научна фела, или пак се сметаат за политички аутсајдери.

„Пратеничката функција е одговорна јавна функција. Оној што ја добива мора да знае кому му одговара. Знаеме кому ќе одговараме. Нашите мандати ќе бидат во вашите раце, во рацете на народот! Затоа, едно е без сомнение – 25 октомври Србија победува, бидејќи знаете зошто. Затоа што кој победува – студентите победуваат!“

18 изборни листи се натпреваруваат за 250 места во српскиот парламент. Гласањето ќе се одвива на вкупно 8.392 избирачки места, од кои 93 се во странство во 37 земји, меѓу кои и Македонија, 60 избирачки места се на територијата на она што Србија го нарекува автономна покраина Косово и Метохија, додека пак во Босна и Херцеговина ќе бидат отворени 27 избирачки места.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Бугарска новинарка заврши со скршено рамо- ја турнал обезбедувач во собранието

Со скршеница на рамото заврши новинарката на бугарската информативна агенција ПИК, Соња Колтуклиева, откако беше турната од припадник на Националната служба за обезбедување во Софија. 

Бугарска новинарка заврши со скршено рамо- ја турнал обезбедувач во собранието

Инцидентот се случил пред седиштето на „Прогресивна Бугарија“, кога Колтуклиева се обидувала да ѝ постави прашање на претседателката на Народното собрание, Михаела Доцовa, отворајќи ја вратата на автомобилот. Наместо одговор, новинарката беше турната и падна на тротоарот. Доцовa ја посетила Колтуклиева во болница и изразила жалење за инцидентот, но новинарката подоцна изјави дека се сомнева во искреноста на извинувањето.

„Таа почна да искажува жалење но всушност се оправдуваше дека кога излегувала од централата на „Прогресивна Бугарија“ била многу под стрес затоа што само мене ме видела надвор, и непрекинато повторуваше стрес, стрес. Јас и реков да замине, да си оди. Дека ништо од тоа што го кажува не е искрено, а се обидуваат да ме направат мене виновна, јас која сум жртва.“

Припадникот на обезбедувањето е приведен а случајот го презеде Военото обвинителство, додека се утврдуваат сите околности на инцидентот и одговорноста на службеникот. Доцова изјави дека обезбедувањето постапува според утврдени протоколи и дека таа не може да им наредува на припадниците како да постапуваат.

„Претседателот на Народното собрание го обезбедува Националната служба за обезбедување, тие постапуваат по определени протоколи, верувајте ми јас не можам да определам и да им укажувам на колегите од Националната служба за обезбедување што да прават и како да прават. Јас, се разбира, ќе го доставам моето барање до Националната служба за обезбедување ги применат најстрогите можни мерки, целосно да го проверат тоа што се случи и да се применат најстрогите мерки.“

Бугарската претседателка Илијана Јотова го осуди постапувањето на припадникот на обезбедувањето како недозволиво и прекумерно, а најави дека ќе бара оставка од шефот на Националната служба за обезбедување, Емил Тонев.

„Уште од синоќа започнаа проверките во Националната служба за обезбедување, ги чекам првите резултати и во секој момент извештај од началникот. Јас лично гледам пропусти и очекувам оставки. Ќе ја побарам оставката на началникот на Националната служба за обезбедување, Емил Тонев.“

Инцидентот се случува во чувствителен политички момент, непосредно пред претседателските избори во Бугарија, закажани за в недела на 25 октомври. Главни фаворити се актуелната претседателка Илијана Јотова, поддржана од „Прогресивна Бугарија“ и Социјалистичката партија, проевропскиот кандидат Андреј Ѓуров, поддржан од „Продолжуваме со промената – Демократска Бугарија“, и Костадин Костадинов од националистичката „Преродба“, со новинарот Петар Волгин како кандидат за потпретседател.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер