„Златните објективи" доделени на монтажерката Луковска Дончиќ и критичарот Куновски-Доре - Канал 5

„Златните објективи" доделени на монтажерката Луковска Дончиќ и критичарот Куновски-Доре

„Златните објективи" доделени на филмската монтажерка Луковска Дончиќ и филмскиот критичар Куновски-Доре.

„Златните објективи" доделени на монтажерката Луковска Дончиќ и критичарот Куновски-Доре

Кинотеката на Република Македонија по повод својот „роденден" на 29 април, секоја година го доделува признанието „Златен објектив" на филмски работници кои преку својот професионален ангажман придонеле за создавањето, развојот, промовирањето и популаризацијата на македонската кинематографија.

Лауреати на годинешните награди „Златен објектив" се филмската монтажерка Олга Луковска-Дончиќ и филмскиот критичар Благоја Куновски-Доре. Директорот на Кинотеката Владимир Ангелов на лауреатите им ги врачи традиционалните пригодни плакети и значки стилизирани во духот на кинотечните вредности.

Отворајќи ја манифестацијата, Ангелов ги поздрави присутните лауреати и гости и го презентираше историјатот на Кинотеката како национална институција која се грижи за прибирање, чување, обработка и презентација на националното филмско наследство. Тој потсети и на досегашните добитници на наградите „Златен објектив".

Модератор на манифестацијата „Златен објектив" беше д-р Атанас Чупоски, филмолог-советник во Кинотеката, кој ги презентираше деталните портрети на годинешните добитници, филмската монтажерка Олга Луковска-Дончиќ и филмскиот критичар Благоја Куновски-Доре. Чупоски ги запозна присутните со биофилмографијата на Луковска-Дончиќ и биобиблиографијата на Благоја Куновски-Доре од нивната најрана младост, кога биле „заразени" со феноменот на подвижните слики, па се до денешен ден, кога и по повеќе од половина век посветени на филмот не ги напушта страста за новите треднови во седмата уметност.

Олга Луковска-Дончиќ пред почетокот на манифестацијата имаше можност за повторна средба со монтажниот стол од „Вардар филм", каде што го минала целиот нејзин работен век, кој сега се чува во депото на Кинотеката, и на кој има монтирано илјадници километри филмска трака со најзначајните автори на македонската кинематографија од крајот на шеесеттите години па до крајот на минатиот век.

– Пресреќна сум што сум во толку години во животот посветила на монтажа. Многу сум возбудена, ме вративте во едно многу убаво време. Пресреќна сум што на монтажата сум и посветила толку многу години. Во монтажата секоја секвенца може да се измонтира на многу начини, рече Олга Луковска – Дончиќ.

Благоја Куновски-Доре ги потсети присутните на некогашните вредности во седмата уметност и улогата на филмскиот критичар и теоретичар, како сведок и учесник, а се осврна и на новите тенденции во светската кинематографија.

– Луѓето, за жал се помалку одат во кино-сали, иако светските трендови се обидуваат да го спасат филмот како ритуал на излегување од дома. Суштината на филмот е да купите билет и да го гледате во кино-сала. Фестивалите, за среќа се последните кои се на браникот на зачувување на дигнитетот на филмот. Оваа награда е заокружување на една голема маратонска етапа, но мене сето тоа ме исполнува и досега сите иницијативи што сум ги презел успешно се реализирале. Филмот е уметност на визуелноста, на она што ќе го направи камерата, реализирана визија на еден автор. За мене најголемиот автор на сите времиња е Чаплин, рече Благоја Куновски-Доре.

Лично тој како член на ФИПРЕСЦИ (Fédération Internationale de la Presse Cinématographique – FIPRESCI) десетина пати бил член и(ли) претседател на оваа водечка интернационална асоцијација на филмските критичари на филмските фестивали во Кан, Берлин, Венеција (три пати), Лондон, Москва, Карлови Вари... Куновски е член и на Асоцијацијата на европски и медитерански филмски критичари „ФЕДЕОРА" (FEDEORA- Federation of the European and Mediterranean film critics), и автор е на илјадници прилози, критики, есеи, фестивалски извештаи, портрети и интервјуа во македонските и светските медиуми. По негова иницијатива за време на 25-годишното селектирање и директорување на Интернационалниот фестивал на кинематограферите „Браќа Манаки" во Битола продефилираа најзначајните кинематографери на преминот на двата века: Свен Киквист, Јиржи Војчик, Вадим Јусов, Мирослав Ондричек, Тонино Дели Коли, Данте Спиноти, Мирослав Ондричек, Валтер Карваљо, Вилмош Жигмонд, Крис Менџис, Јаромир Шофр, Пјер Лом и десетици други.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Владимир Путин издаде наредба: Ќе се обновуваат објектите оштетени во терористичките напади

Рускиот претседател Владимир Путин ѝ наложи на владата да одобри програма за обновување на објектите на трговската и логистичката инфраструктура оштетени во терористичките напади и да обезбеди нејзино спроведување.

Владимир Путин издаде наредба: Ќе се обновуваат објектите оштетени во терористичките напади

Ова беше објавено денес на веб-страницата на Кремљ.

Наредбата е дел од листата на наредби одобрени од Путин по состанокот на Советот за стратешки развој и национални проекти, одржан на 19 август, објави РИА Новости.

Програмата треба да вклучува и употреба на современи технолошки решенија.

Владата е должна да го достави првиот извештај за спроведувањето до 1 ноември 2026 година, а потоа еднаш на секои три месеци.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Лишени од слобода две лица поради нелегална сеча на дрва, следува кривична пријава

По насоки на јавен обвинител и по целосно документирање на настанот, против двете лица ќе биде поднесена кривична пријава по член 226 од Кривичниот законик „Пустошење шуми“.

Лишени од слобода две лица поради нелегална сеча на дрва, следува кривична пријава

На 16.10.2026 во 17:00 часот во месноста Подгоречки бачила, атар на струшкото село Подгорци, лишени од слобода се Е.А.(46) и Р.А.(45), двајцата од истото село. При преземање координирани мерки, тимови од полициски службеници и од Шумската полиција, ги затекнаа при нелегална сеча на 43 стебла буково огревно дрво кои потоа ги товареле во патнички возила „опел“, „застава“ и „сузуки“ за нелегален транспорт. По насоки на јавен обвинител и по целосно документирање на настанот, против двете лица ќе биде поднесена кривична пријава по член 226 од Кривичниот законик „Пустошење шуми“.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

„Renault“ вели „доста е веќе“: Уморни се од тоа што ги копираат

Групацијата „Renault“ мора да промени нешто - Франсоа Провост, извршниот директор на концернот, изјави дека во иднина, автомобилите од различни брендови ќе мора да бидат поразлични.

„Renault“ вели „доста е веќе“: Уморни се од тоа што ги копираат

Причината за овој пресврт се сè почестите примери на автомобили кои делат техничка основа, но се претставени на пазарот како посебни модели. Иако таквата стратегија ги намалува трошоците за развој, премногу сличност може да го оштети идентитетот на поединечните брендови.

Според списанието „Autocar“, повикувајќи се на извори запознаени со ситуацијата, сламката што им ја скрши чашата на раководителите на „Renault“ беа прекумерните визуелни сличности помеѓу електричната „Nissan Micra“ и моделот „Renault 5 E-Tech“. Ова е донекаде изненадувачки, бидејќи иако делат техничка основа, „Nissan“ ги редизајнираше речиси сите надворешни панели на каросеријата за да ѝ даде на „Micra“ свој сопствен изглед.

Уште поинтересно прашање е како Рено гледа на другите примери на соработка. „Nissan Pixo“ и новиот „Twingo E-Tech“, како и електричните „Mitsubishi Eclipse Cross“ и „Renault Scenic E-Tech“, покажуваат како различните модели можат да се потпрат на заедничка техничка основа. Потегот на „Mitsubishi“ на европскиот пазар е особено впечатлив, каде што моделите „Renault Clio“, „Captur“ и „Symbioz“ добија речиси директни еквиваленти со значката на јапонскиот производител.

На Саемот за автомобили во Париз, Франсоа Провост наговести за промена на политиката во врска со споделувањето платформи и развојот на возила со партнерските компании. Ова важи за „Nissan“ и „Mitsubishi“, членови на алијансата „Renault“, но и за други производители, вклучувајќи го и „Ford“.

За разлика од неговиот претходник Лук де Меа, Провост дава поголемо значење на зачувувањето на препознатливиот дизајн на францускиот бренд.

„Не баравме доволно диференцијација. Сè е поврзано со диференцијацијата на моделите. Погледнете што прави „Dacia Spring: Twingo“ и „Spring“ изгледаат како различни автомобили, но користат иста платформа. Ова е промена од мојот претходник. Никогаш нема да склучувам партнерства без доволно јасни разлики меѓу производите“, изјави Провост за „Autocar“.

Оваа изјава не значи дека производителите ќе престанат да споделуваат платформи, погонски склопови или други скапи компоненти. Напротив, заедничкиот развој останува еден од најефикасните начини за намалување на трошоците, особено во сегментот на мали електрични автомобили.

Клучното прашање е колку слобода ќе има секој производител за да го направи својот модел визуелно препознатлив, а ова се однесува и на „Ford“, кој го развива наследникот на „Fiestа“ во соработка со „Renault“. Извршниот директор на „Ford“, Џим Фарли, сепак, има речиси идентични ставови со Провост кога станува збор за дизајнерскиот идентитет и споделувањето платформи, па затоа не би требало да има такви непријатни изненадувања.

Извор: Б92

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер