Браја Авиа со нов рекорд на Македонија во скок во далечина во младинска конкуренција - Канал 5

Браја Авиа со нов рекорд на Македонија во скок во далечина во младинска конкуренција

Македонскиот атлетичар Браја Авиа синоќа на Светското првенство во атлетика за младинци до 20 години постави нов државен рекорд во скок во далечина.

Браја Авиа со нов рекорд на Македонија во скок во далечина во младинска конкуренција

На шампионатот во Орегон младиот Авиа предводен од тренерот професор Ѓорги Вучков со скок од 7,04 метри што е негов личен рекорд го освои 24 место во конкуренција на 30 скокачи од целиот свет.

Македонската атлетика доби уште едно историско достигнување!

Со овој скок, Брајан го собори досегашниот младински национален рекорд од 7.05 метри, поставен од Славчо Мирчевски во 2010 година.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Мицкоски и Филипче продолжија со размена на аргументи „За“ и „Против“ изградбата на дата центри

Проспертитетна или погубна политика- изградбата на дата центри и денеска во фокусот на премиерот и лидерот на опозицијата.

Мицкоски и Филипче продолжија со размена на аргументи „За“ и „Против“ изградбата на дата центри

Проспертитетна или погубна политика- изградбата на дата центри и денеска во фокусот на премиерот и лидерот на опозицијата, Мицкоски и Филипче. Развојот е неповратен процес, опозицијата се однесува неодговорно и изолирано, изјави Мицкоски, кој рече дека и претседателот на САД Трамп им укажа на тие кои се противат дека економските придобивки од дата центрите се големи. Филипче пак ги повтори неговите аргументи дека загрозени ќе бидат водата и струјата.

-Секогаш кога ќе појдете на Исток, особено во азиските земји, кога ќе ги видите хуманоидните роботи, кога ќе видите како функционираат современите сообраќајни решенија и кога ќе се соочите со тие технолошки достигнувања, тогаш се враќате со воодушевување. А кога овде Владата ќе ви каже: Ајде луѓе ние да направиме нешто’, е тогаш сте против, тогаш работата не чини. Така што, тие нека си продолжат со својот талог и со своето политичко мочуриште. Ние знаеме каде да ја водиме Македонија и ќе ја водиме кон просперитет и иднина.- Христијан Мицкоски – претседател на Влада

-Ќе има ли вода за наводнување на земјоделските површини? Тоа никој не го кажува.. Пото а, ќе има ли потреба од увоз на струја? Јас мислам дека тоа е главната работа. Една од причините зашто ги дислоцираат или не дозволуваат развиените земји е затоа што има енормна неподнослива бука. Има нејонизирачно електромагнентно зрачење околу, кој ќе сака да живее во таква средина? - Венко Филипче – претседател на СДСМ

Премиерот Мицкоски и лидерот на опозицијата разменија обввинувања и за јавниот долг на државата.. Филипче изјави дека вчера на Влада било усвоена потреба за ново задолжување од милијарда и 300 милиони евра, додека пак Мицкоски вели дека сега се враќаат стари долгови од времето на СДСМ и ДУИ.

-Значи Владата повторно ја задолжува земјата, граѓаните, со нови 1,3 милијарда евра. Пари дополнително на оние 2,5 милијарди евра, со кои што го зголемија долгот на државата во изминатите две години. Пари кои што ќе ги враќаме сите ние, зашто поради нивните лоши економски политики.- Венко Филипче – претседател на СДСМ

-2017 во споредба со 2026 година е три спрема еден во делот на каматите, а тоа е долгот што го остави тогашната влада – владата на СДСМ и ДУИ, и долгот што го плаќа оваа Влада, која го наследи од владата на СДСМ и ДУИ.- Христијан Мицкоски – претседател на Влада

Мицкоски ги обвини претходните влади дека не воделе сметка за добра фискална политика и смета дека ја уништиле македонската економија со потези како прогресивниот, а потоа и со солидарниот данок.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Вештакот Горан Марковски: Инспекторот можел и морал да дејствува „Пулс“ да биде затворен

Во судницата во Идризово продолжи судењето за пожарот во кочанската дискотека Пулс.

Вештакот Горан Марковски: Инспекторот можел и морал да дејствува „Пулс“ да биде затворен

Одговарајќи на прашања на обвинетите, вештакот и професор Горан Марковски кажа дека пренамената, реорганизацијата на просторот, промените на електричната, водоводната и на канализациската инсталација и вградувањето несоодветни материјали непосредно влијаеле врз исполнување на основните барања за безбедност на дискотеката „Пулс“ .

Професорот посочи дека во согласност со законот за градењето, надлежните органи морале да реагираат на незаконските зафати, но таква реакција изостанала сè до 16 и 18 март 2025 година кога првпат биле изготвени записници од инспекциски надзор за веќе опожарениот објект.

На прашање на обвинетите Марковски рече дека градежниот инспектор имал право и обврска да побара објектот да се врати во првобитна состојба бидејќи немало проектна документација, немало одобрение од општината и дека објектот бил користен како дискотека, што носи висок ризик за безбедноста на посетителите.

На паузата од рочиштето родителите на загинатите со емотивни пораки побараа одговорност и целосно расветлување на институционалните пропусти.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Кос: Постепената интеграција значи дека земјите кандидатки ќе се стекнат со одредени придобивки пред членството

Не прифаќајте го наративот дека Европската Унија е пропаднат проект.

 Кос: Постепената интеграција значи дека земјите кандидатки ќе се стекнат со одредени придобивки пред членството

По студениот туш од Исланд, кој пред три дена на референдум ја отфрли можноста да се врати на европскиот пат, еврокомесарката за проширување Марта Кос уверува дека Унијата е најмоќниот глобален политички проект. Во пресрет на 30-ти септември, кога Брисел треба да ја усвои новата стратегија за проширување, Кос од панел на Бледскиот Форум во Словенија објасни која е клучната цел на документот кој предвидува постепена интеграција, построги проверки на земјите кандидатки и нова методологија.

-Постепената интеграција значи дека земјите кандидатки ќе се стекнат со одредени придобивки како да се членки, пред да станат земји членки. Денеска треба да имплементирате 100 проценти за да станете членка. Имаме делови како СЕПА И како роаминигот, со кои им овозможуваме да ни се приклучат порано. Можностите се многу поголеми. , изјави Марта Кос, еврокомесарка за проширување.

Кос на панелот ја отфрли можноста неколку земји членки од Западен Балкан одеднаш да влезат во Унијата, посочувајќи дека процесот се заснова на заслуги. Ги повика земјите од регионот да ги остават сенките од минатото и да се посветат на иднината.

-Западниот Балкан е полн со отворени рани. Понекогаш политичарите наместо да користат бетантен крема за да ги залечат раните, тие ставаат сол, повторно и повторно и повторно за да ги отворат раните. Ве молам не прифаќајте го наративот дека ЕУ е изгубен случај. Toa e најдобриот политички проект што некогаш сме го имале во светот. Секако дека имаме проблеми, дека некогаш сме бирократи. , рече Кос

А, токму забелешка дека Брисел проширувањето повеќе го гледа низ бирокатска, наместо низ стратешка логика, синоќа на Бледскиот форум упати и министерот Муцунски.

-Вистинска пресвртница би било неколку земји од регионот да станат членки на Европската Унија. Тоа би било доказ дека термините ‘моментум’ и ‘прозорец на можности’, кои ги слушаме веќе неколку години, конечно се целосно разбрани и сфатени. Нашето единствено барање е европската интеграција да се гледа како модел за трансформација на институциите, а не како обид да се трансформира нашиот идентитет. , вели Муцунски.

Европските медиуми денеска објавија дека 11 земји членки, меѓу кои и Германија и Франција, побарале да се стави крај на опструктивните вета, односно преоѓање од едногласно во гласање со квалификувано мнозинство во надворешната политика.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер