3Дали изневерувате, а не сте ни свесни за тоа? Овие се 7 навики кои можат да ја уништат врската, иако не изгледаат како изневерување
ФудбалВо автобус на фудбалски клуб пронајдени 86,5 кг марихуанаСкандал на векот во фудбалот на Боливија. Во автобус на клуб пронајдени 86,5 килограми марихуана!Фудбалскиот натпревар меѓу Боливар и Сао Паоло падна во втор план поради неверојатниот скандал што ја потресе експедицијата на бразилскиот гигант! Боливиската полиција заплени дури 86,5 килограми марихуана во автобусот што требало да ги превезува фудбалерите на бразилскиот Сао Паоло, а поради целиот случај се уапсени тројца возачи. Инцидентот се случи во близина на Кочабамба, каде што припадници на боливиската полициска единица УМОПАР (UMOPAR) запреле автобус за рутинска контрола. Но, неочекуѕвано во автобусот биле пронајдени четири торби полни со дрога, по што следувла голема полициска операција. Возилото било ангажирано за потребите на експедицијата на бразилскиот клуб, но било запленето пред да може да ги преземе играчите. Сао Пауло за „UOL“ потврди дека превозот бил организиран од боливиската компанија „Buses Cosmos“, која обезбедила втор автобус по полициската акција. Така, експедицијата на бразилскиот гигант го продолжила патувањето без проблеми, додека полицијата ги привела тројцата возачи одговорни за возилото. Според информациите од Бразил, компанијата „Buses Cosmos“ ја презела одговорноста за ангажираните возачи и изјавила дека клубот немал никаква поврзаност со запленетата дрога. Сао Пауло се наоѓа во Боливија за натпреварот од осминафиналето на Копа Судамерикана против Боливар, а клубот изготви посебен план за патување поради надморската височина.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаУставниот суд возврати: Судската независност не може да биде оправдување за непочитување на УставотСудската независност не може да биде оправдување за непочитување на Уставот, одговори Уставниот суд на забелешките на Судскиот совет и Здружението на судии .Судската независност не може да биде оправдување за непочитување на Уставот, одговори Уставниот суд на забелешките на Судскиот совет и Здружението на судии кои побараа воздржаност и внимателност од Уставниот суд за случајот со судијата од Основниот суд Скопје, пријавен за непочитување на нивна одлука за конкеретн предмет... Заедничкиот став на Судскиот совет и Здружението на судии има одредени противречности и уставно-правни апсурдности – се вели во реакцијата на Уставниот суд , кој повикувајчуи се на повеќе членови од Утсавот оценува дека овој суд има посебна уставна положба и не подлежи на начелото на поделба на власта. -Почитувањето и извршувањето на одлуките на Уставниот суд не е прашање на избор, на толкување или пак, согласност на кој било орган или кое било службено лице. // Односот на Уставниот суд кон останатите власти не е однос на надреденост, туку одржување на состојбата на уставноста, и оттука извршувањето на неговите одлуки не претставува извршување на одлука на државен орган, туку претставува постапување во согласност со Уставот. Извршувањето на одлуките на Уставниот суд значи постапување во согласност со Уставот,- - Појаснување во врска со извршувањето на одлуките на Уставниот суд. Уставниот суд појаснува и дека неправосилноста на одлуката не ја менува фактичката состојба дека судијата не ја извршил нивната одлука, а дополнително, ја игнорирал и практиката на Европскиот суд за човекови права, спротивно на ставот на Судскиот совет и на Здружението на судии, кои ценат дека за законитоста на одлуката треба да одлучува Апелација. Правниот експерт Дарко Аврамовски оценува дека во конкретниот случај, има пропусти во одлучувањето и на Уставниот суд и на Основниот, меѓутоа, како што посочи, во државава постои недоволно развиена правна пракса а се уште до крај не се диференцирани колкави се надлежностите на Уставниот суд. -Многу би било добро доколку овој случај е иницијалната каписла која ќе ги седне на иста маса Уставниот суд, Судскиот совет и редовното судство, на која ќе може да се договори некаква предвидливост во постапувањето и на Уставниот суд при одлучување за сторени повреди од страна на редовните судови но и механизмите за примена и давање на практичен ефект на овие одлуки на Уставниот суд од страна на редовните судови. Самиот пропуст на Уставниот суд да наведе дека ги поништува одлуките и како треба да се спроведе одлуката во пракса, не создава имунитет кај редовните судови затоа што одговорноста е префлена кај нив и тие мора да најдат начин како да ги имплементираат одлуките на Уставниот суд,- - Дарко Аврамовски, Коалиција сите за правично судење. Во однос на тоа дали судијата од Основниот суд ќе сноси дисциплинска или кривична одговорност за своето постапување, Аврамовски посочува дека се уште е рано да се зборува дали таква постапка ќе биде покрената, а како клучен аргумент ја наведува токму правната дилема, дали се работи за различно толкување на правото и фактите од страна на Основниот суд во контекст на одлуките на Уставниот суд. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаУтре ќе биде познато дали водата во Гостивар повторно ќе може да се користи за пиењеУтре по истекот на 72 часа од последното лабораториско испитување ќе се знаат официјалнитее резултати од третото тестирање на водата во Гостивар, по кое ако ги потврди претходните два резултати, гостиварци ќе можат да пијат вода од чешма.Ова било констатирано на денешниот состанок на Кризниот штаб во Гостивар. Извори од штабот за Канал 5 велат дека последните микробиолошки тестови се чисти, а по наредбата за намалување на количината на хлор, и двете последователни мерења покажале вредности во рамките на дозволените граници. Сепак според истите извори, одлуката за евентуално укинување на забраната за користење на водата за пиење треба да ја соопштат надлежните институции, најверојатно Агенцијата за храна која и донесе одлуката за забрана. На денешната прес-конференција во Министерството за здравство, заменик-министерот Јовица Андоновски, одговарајќи на новинарско прашање кога би можел да биде прогласен крај на епидемијата во Гостивар, рече дека очекува состојбата наскоро да се нормализира, доколку и следните анализи го потврдат подобрувањето на квалитетот на водата. „Колку што сум информиран, квалитетот на водата е драстично подобрен во однос на последните анализи и очекуваме да се направи уште една анализа. Не сум присуствувал на последниот состанок на Кризниот штаб, но доколку водата биде во ред, се надевам во најбрз можен рок ситуацијата да се нормализира. Во суштина, тоа го прогласува Кризниот штаб заедно со АХВ.“ изјави – Јовица Андоновски, заменик-министер за здравство. Од Министерството за здравство велат дека внимателно се следи здравствената состојба во градот. Дотогаш, гостиварци можат да ја користат водата од водоводот единствено како техничка. Останува на сила забраната за користење на водата од гостиварскиот водовод и за подготовка на храна за сите граѓани, угостителски објекти и оператори со храна Снабдувањето со вода за пиење во Градот се обезбедува преку цистерни, а на граѓаните им се дистрибуира и пакувана вода. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЗдравјеПрогласена епидемија на западно-нилска треска во пет скопски општини- почина 83 годишен пациентПочина 83 годишен пациент со нилска треска на клиниката за инфективни болести. Пациентот возраста имал и други хронични заболувања, потврди директорот на клиниката Фадил Цана. На клиниката од нилска треска се лекуваат 20 пациенти пет од нив се на интензивно лекување. Најчесто симптомите се висока температура, поврќање и дијареа, вртоглавица. Посебно треба да се внимателни возрасните граѓани и оние со хронични заболувања, појаснуваат докторите. Во оштините Кисела Вода, Аеродром, Гази Баба, Бутел и Илинден, а во населните места Драчево, Пржино, Долно Лисиче, Јурумлери и Кадино е прогласена епидемија, потврдија од Центарот за јавно здравје. На терен ќе има редовно прскање од комарци во сите овие општини и населени места, објаснува Арсениевски од центарот за јавно здравје. Досега осум пациенти се излекувале и заминале од инфективната клиника, а вкупно од стратот на нилската треска биле хоспитализирани 29 пациенти. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter