МакедонијаНепоткрепена порака за ешерихија коли во водата за пиење шири паника низ Скопје, остар демант од Град СкопјеЕдна чаша вода како одговор на информациите дека скопската вода не е безбедна за пиење. Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски пред камерите испи вода од чешма, уверувајќи ги скопјани дека нема место за паника, дека во водата нема бактерии и дека таа е целосно безбедна за пиење. Откако изминативе денови на социјалните мрежи се ширеа предупредувања дека во скопската вода има бактерија ешерихија коли, Ѓорѓиевски на вонредна прес-конференција обвини за организирано ширење паника од опозициски структури. Најави дека ќе бидат идентификувани профилите кои ги ширеле дезинформациите и дека за нив соодветно ќе постапува МВР. Дека водата согласно последните испирувања е и хемиски и микробиолошки исправна уверуваат и од ЈП „Водовод и канализација“. Оттаму велат дека водата секојдневно се испитува од околу 40 точки низ градот, а по појавата на информациите била направена и вонредна ПЦР-анализа, која исто така не покажала присуство на бактерии. -Ние имаме една од 5-те најдобри води и извори во Европа и одговорно тврдам и стојам позади тоа. Јас не сум монстум кој што ќе дозволи макар еден живот на моите сограѓани да биде загрозен..Ова е организиран напад за ширење на хистерија, според мене рамно на терористички напад и од утринава се сублимираат сите профили и лажните а и оние приватни а се припадници на опозициските партии и уредно во текот на денот од директорот на Водовод ќе бидат доставени до МВР. - Орце Ѓорѓиевски – градоначалник на град Скопје - Земен е уште еден вонреден примерок од водоснабдителниот систем, од мерно место фабрика Пивара и е направена брза ПСР анализа. Таа е брза анализа која за помалку од 4 часа имаме основни индикаторски параметри каде е констатирано дека не е утврдено присуство на ешерихија коли, ниту на колиформни бактерии, ниту на псевдомонас.- Емилија Јанеска – ЈП „Водовод и Канализација“ Покрај градските власти, информациите дека скопската вода е неисправна ги демантираа и од АХВ, ИЈЗ и од Министерството за здравство. Од АХВ посочија дека немаат информација за незадоволителни резултати од лабораториско испитување на водата за пиење, што е нивна законска обврска, додека од Министерството за здравство велат дека досега нема регистриран ниту хоспитализиран пациент чија здравствена состојба се поврзува со пиење вода од скопскиот водовод. Директорот на Инфективната клиника, Фадил Цана, вели дека дека иако бројот на пациенти е зголемен поради високите температури, кај ниту еден нема индикации дека причината за хоспитализација е водата. -Бројот е зголемен но не е над нормалата, споредбено со другите години тука е во очекуваниот раст, така што немаме податоци дека некој има гастро интестинални тегоби поради пиење на вода. - Фадил Цана – Директор на Клиника за инфективни болести Во меѓувреме, ОЈО соопшти дека по допрен глас оформило предмет за проверка на информациите за енормно загадување со отпад, во заштитено подрачје во близина на изворите Рашче. Ѓорѓиевски ја поздрави одлуката на обвинителството, посочувајќи дека иако депонијата не е во надлежност на Градот, градските служби во моментов ја чистат. Според него, депонијата се наоѓа на значително растојание од изворите Рашче и не може да предизвика загадување на водоснабдителниот систем. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Други спортовиНеготино и СРЦ Младост беа во центарот на балканскиот професионален бокс Во спортската сала Младост во Неготино вчера се одржа елитниот боксерски настан BALKAN BOXING на кој настапија боксери од Македонија и странство.Настанот се одржа во соработка со Про Бокс Македонија, а ваков боксерски спектакл за прв пат се одржува во Неготино и Република Македонија. Целиот боксерски спектакл од Неготино директно се пренесуваше на специјализирани ТВ канал за бокс што овозможи истиот да го проследат гледачи од целиот Балкан.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаВо Скопје опожарен паркиран автомобил пежо Во населбата Аеродорм во Скопје засега непознат сторител опожарил автомобил пежо. На 31.10.2026 во 21:24 часот во СВР Скопје било пријавено дека на бул. „12-та Македонска бригада“ во Скопје, едно лице со употреба на запалива течност опожарил паркирано патничко возило „пежо“ со скопски регистарски ознаки, во сопственост на 62-годишната И.С. од Скопје. Повредени лица нема. Пожарот бил изгаснат со ПП апарат од страна на нејзиниот сопруг. Се преземаат мерки за расчистување на случајот., соопштија од МВР.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиВо Охрид приведен радовишанец поради напад на сопругата11:31Претежно облачно со повремени врнежи од дожд, локално пообилни09:06НБРМ: Банкарскиот систем е стабилен и отпорен, а сите банки во земјава се под непосреден супервизорски надзор15:00ЈО: Се бара нов краткотраен притвор од 48 часа за осомничените за разбојништвата со смртни последици во Ѓорче11:48Признание пред судот: Дашковски ја призна вината за палењето на дипломатските возила - дејствувал сам без туѓо влијание15:00
НБРМ: Банкарскиот систем е стабилен и отпорен, а сите банки во земјава се под непосреден супервизорски надзор15:00
ЈО: Се бара нов краткотраен притвор од 48 часа за осомничените за разбојништвата со смртни последици во Ѓорче11:48
Признание пред судот: Дашковски ја призна вината за палењето на дипломатските возила - дејствувал сам без туѓо влијание15:00
ФормулаЛуис Хамилтон на пол-позицијата на Гран прито во МексикоСедумкратниот светски шампион во Формула 1, возачот на Ферари, Луис Хамилтон ја освои пол-позицијата на трката за Големата награда на Мексико, трка по која може да се промовира новиот шампион во најбрзиот циркус. Хамилтон, седумкратниот светски шампион кој вози за Ферари, беше најбрз, пред Џорџ Расел во Мерцедес и својот тимски колега Шарл Леклер во квалицфикациите пред Гран прито во Мексико. Макс Верстапен е четврти, додека лидерот во генералниот пласман, Кими Антонели, заврши на петтото место, пред Ландо Норис. Трката во Мексико е на програмата во недела во 21:00 часот во европско време, а се очекува дваесетгодишниот Италијанец токму во Мексико да ја потврди титулата. Тој беше блиску до премиерната титула уште минатиот викенд, но сега е навистина тешко да се замисли сценарио во кое тој нема да ја заврши работата. Антонели не зависи од никого. Доколку заврши на едно од првите девет места, ќе ја обезбеди титулата. Дури и ако не освои ниту еден бод, сепак може да стане шампион, под услов Расел и Хамилтон да не остварат добар резултат. До крајот од сезоната се очекува голема борба за местата на подиумот, бидејќи зад Антонели се наоѓаат Џорџ Расел со 242 бода, Луис Хамилтон со 241, Макс Верстапен со 236, Шарл Леклер со 233, па дури и Ландо Норис, кој има 211 бода.Тагови: Луис Хамилтон Формула 1 Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter