„Златната топка“ заслужено во рацете на Бензема - Канал 5

„Златната топка“ заслужено во рацете на Бензема

Капитенот на европскиот фудбалски шампион, Французинот Карим Бензема по прва пат во кариерата ја подигна „Златната топка“ наменета за најдоброриот светски фудбалер. 

„Златната топка“ заслужено во рацете на Бензема

Искусниот Карим Бензема за прв пат во кариерата ја доби престижна „Златната топка“, на церемонија во Париз.

Најтрофениот клуб има повеќе причини за славење. Покрај најдобриот фудбалер, кралевите од Мадрид го имаат и најдобриот светски голман.

Белгиецот, Тибо Куртоа на церемонијата во Париз беше прогласен за најдобар голман на светот за минатата година.

Мало изненадување преставуваше изборот за најдобар клуб на светот.

Првото место му припадна на Манчестер Сити, а второто Ливерпул, европскиот шампион Реал Мадрид трет!

- Не е лошо во својот тим да го имаш најдобриот играч и најдобриот голман на светот. Честитки, заслужено - напиша Тони Крос на Инстаграм и ги означи Бензема и Куртоа, а потоа додаде: - Исто така, честитки за Реал, третиот најдобар тим во сезоната 2021/22. - саркастично честиташе Крос.

Разочаран беше и поранешниот капитен и голман на Реал, Икер Касиљас. Тој на својот Твитер профил изјави дека наградите на Франс Фудбал се „смешни“.

Реал Мадрид минатата сезона го освои шпанското првенство. Во полуфиналето на Лигата на шампионите успеаја да го совладаат Манчестер Сити со 6:5 со неверојатен пресврт, а потоа во финалето го совладаа Ливерпул со 1:0, двата тима кои завршија пред нив во гласањето за најдобар тим. !

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ЦУК: Сѐ уште се активни пожарите што изминатите неколку дена горат во општините Струга, Македонски Брод и Чучер-Сандево

Сѐ уште се активни пожарите што изминатите неколку дена горат во општините Струга, Македонски Брод и Чучер-Сандево, информираат утрово од Центарот за управување со кризи.

ЦУК: Сѐ уште се активни  пожарите што изминатите неколку дена горат во општините Струга, Македонски Брод и Чучер-Сандево

Во текот на изминатото деноноќие се регистрирани вкупно 34 пожари, од кои седум се ставени под контрола. Во општина Струга пожар има кај селата Буринец, Локов, Селце и Елевци, каде што гори нискостеблеста шума. Во општина Македонски Брод гори кај селото Белица, односно кај местото викано Кајорец кон селото Брезница, а во Чучер-Сандево гори во близина на селото Брест на Скопска Црна Гора. Директорот на дирекцијата за заштита и спасување Стојанче Ангелов, вчера уште еднаш предупреди жителите да внимаваат заради тоа што се уште има опасност од пожари .

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

48 годишниот пејач кој беше застрелан на влезот на Арачиново е во стабилна состојба

48 годишниот пејач кој беше хоспитализиран по повреда од огнено оружје е во стабилна сосотојба велат од Грдска болница за Канал 5. Во план е да се прави втора интервенција кај него велат од таму.

48 годишниот пејач кој беше застрелан на влезот на Арачиново е во стабилна состојба

Од министерството за внатрешни работи информираат дека вчера во 01 часот и 50 минути наутро, во СВР Скопје било пријавено од здравствената установа „Свети Наум Охридски“ дека кај нив е донесено лице со иницијали А.М од Скопје.Според полицијата настанот се случил на влезот на Арачиново , откако од возило едно лице кое го познавало , а било во придружба со друго лице со огнено оружје пукало кон него . Од МВР велат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот .

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

МВР: На граничниот премин Долно Блаце за влез во Македонија се пријавил Перпарим Бајрами, баран со меѓународна потерница

Поранешниот директор на Државна лотарија, Перпарим Бајрами, во раните утрински часови се пријавил кај македонските власти по што бил уапсен информираат од министерството за внатрешни работи. Бајрами беше во бегство од 2024 година.

МВР: На граничниот премин Долно Блаце за влез во Македонија се пријавил Перпарим Бајрами, баран со меѓународна потерница

Од министерството за внатрешни работи информираат дека утрово во 5 часот и 35 минути ,на граничниот премин Долно Блаце за влез во Македонија се пријавил 33 годишниот Бајрами које баран со меѓународна потерница. Тој бил лишен од слобода и спроведен во казнено поправната установа -Скопје. Бајрами е обвининет во кривичниот процес во врска со наводното незаконско работење на Државна лотарија, заедно со поранешниот вицепремиер Артан Груби, кој исто така беше во бегство и исто така самиот се предаде на полицијата. МВР против Бајрами и Груби распишаа меѓународна потерница во декември 2024 година откако Кривичниот суд им определи мерка притвор од 30 дена, но тие не беа достапни за органите на прогонот. Груби се предаде во февруари годинава на граничниот премин Блаце, на македонско-косовската граница и беше во притвор, што подоцна беше заменет со куќен.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер