„YELLOW IS THE NEW BLACK“ НОВИОТ 208 ВЕ ОЧЕКУВА ВО СИТИ МОЛ - Канал 5

„YELLOW IS THE NEW BLACK“ НОВИОТ 208 ВЕ ОЧЕКУВА ВО СИТИ МОЛ

„YELLOW IS THE NEW BLACK“ е новиот слоган со кој оваа недела новиот PEUGEOT 208 ги пречекува посетителите во Скопје Сити Мол!

„YELLOW IS THE NEW BLACK“ НОВИОТ 208 ВЕ ОЧЕКУВА ВО СИТИ МОЛ

Со Active ниво на оременост, Peugeot i-Cockpit, 10” екран на допир, LED светла, заводлива “Agueda” жолта боја и атрактивна цена од 16.990 €. (1.049.982 ден)

Од Еуроимпекс, генерален увозник за Peugeot во регионот, повикуваат да го посетите Сити Мол на локација спроти Play Café во периодот од 25.11 до 1.12.2024 и изјавија:

„Новиот Peugeot 208 е прекрасно освежување на целата гама во моментов.

B сегментот е секогаш интересен за продажба, токму поради целната група на која припаѓа. Ценовно сме конкурентни и веруваме дека ќе успееме да допреме до пошироката публика. Она по кое што се одвојува овој модел е храбрата жолта боја која привлекува сечии погледи, визуелната промена во предната маска и LED светлата, а освежување има и кабинатa со Peugeot i-Cockpit и 10 инчниот екран на допир. Овој градски бензинец навистина може да ги оствари сите ваши очекувања“

Новиот Peugeot 208 е достапен за тест возење кое можете да го закажете на следниов линк https://peugeot.mk/TestDrive/

За повеќе информации обратете се во салоните на Еуроимпекс или на нивната веб страница www.peugeot.mk

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Десет артилериски плотуни за Денот на независноста: Армијата со почесна стрелба во касарната „Илинден“

По повод Денот на независноста, денеска во 19 часот, во касарната „Илинден“ во Скопје, артилерискиот баталјон на армијата ќе изврши почесна артилериска стрелба со 10 плотуни од шест артилериски орудија.

Десет артилериски плотуни за Денот на независноста: Армијата со почесна стрелба во касарната „Илинден“

Според генералштабот на армијата, во 18 часот ќе биде извршена пробна артилериска стрелба, со еден плотун од шест артилериски орудија. Почесната стрелба е дел од протоколарните активности на армијата по повод одбележувањето на 8 Септември – Денот на независноста..

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Во Белград попладнево е погребан Ратко Младиќ (ВИДЕО)

Поранешниот командант на војската на Република Српска, Ратко Младиќ, кој од Хашкиот трибунал беше осуден на доживотен затвор, попладнево со воени почести е погребан на топчидерските гробишта во Белград. 

Во Белград попладнево е погребан Ратко Младиќ (ВИДЕО)

Посмртните останки на Младиќ, кој почина на 27 август во Хаг на 85-годишна возраст, претходно беа изложени во црквата „Свети Лука“ во Белград, каде што опело служеше поглаварот на српската православна црква, Порфириј. Младиќ, по желба на семејството е биде погребан до ќерката Ана. Младиќ во 2021 година беше правосилно осуден на доживотен затвор и беше прогласен за виновен за геноцидот во Сребреница и за други воени злосторства.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Виткоф: Без дијалог со русија шансите за мир во Украина се многу мали

САД се залагаат за дипломатско решение на војната меѓу Украина и Русија, но без дијалог со Москва шансите за мирно решение се многу мали, изјави американскиот специјален пратеник Стив Виткоф по средбата со украинскиот претседател Зеленски во Киев.

Виткоф: Без дијалог со русија шансите за мир во Украина се многу мали

Бараме дипломатско решение за овој конфликт, а не воен договор. Тоа е она што претседателот Трамп отсекогаш го барал“, рече Виткоф, одговарајќи на прашањето дали Путин е подготвен за трилатерална средба со Зеленски и Трамп. Украинскиот претседател Зеленски изјави дека клучните прашања, вклучително и територијалните, можат да бидат решени само на состанок на највисоко политичко ниво. Виткоф заедно со другиот специјален пратеник кушнер претходно беа на средби со Путин во Москва, но не беше постигнат опиплив напредок.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер