„Volkswagen“ го прекина производството на еден од своите најубави модели - Канал 5

„Volkswagen“ го прекина производството на еден од своите најубави модели

По пет години производство, луксузниот караван „Volkswagen Arteon“ заминува во пензија.

„Volkswagen“ го прекина производството на еден од своите најубави модели

Ова е модел лансиран пред осум години во форма на седан и пред пет години во форма на караван.

Иако понуди и „eHybrid“ верзија, придвижувана од „plug-in“ хибрид, „Arteon“ се повлекува откако се произведени само 190.000 единици.

Ова лично го потврди Андреас Г. Шлајт, шеф за деловна комуникација во компанијата, со објава посветена за заминувањето на овој модел.

Сепак, мора да се каже дека сè е малку неочекувано, бидејќи минатата година Мартин Хубе, портпаролот за „Arteon“, „Passat“, „Touareg “и претстојните модели „ID.2“, изјави дека производството на караван верзијата ќе биде прекинато во 2026 година.

Сепак, производството во фабриката во Оснабрик е суспендирано, па сега таму се произведува само единствениот кабриолет на „Volkswagen“, „T-Roc Cabriolet“.

Овој кабриолет ќе се произведува до средината на 2027 година, а прашање е што ќе биде со самата фабрика потоа.

Со овој потег, „Volkswagen“ уште повеќе се оддалечува од идејата за луксузни автомобили, што веќе беше јасно откако беше откажан проектот од втората генерација на „Phaeton“.

Извор: Б92

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Историски меч за фудбалската селекција на БиХ на СП2026

Фудбалската репрезентација на Босна и Херцеговина вечерва во Санта Клара ќе го одигра најзначајниот натпревар во својата историја.

Историски меч за фудбалската селекција на БиХ на СП2026

Во осминафиналето на Светското првенство, популарните „змејови“ ќе се сретнат со еден од кодомаќините на Мундијалот, Соединетите Американски Држави.

Победникот од овој натпревар ќе обезбеди место меѓу 16-те најдобри репрезентации во светот.

Натпреварот ќе се игра на стадионот „Левис“, со почеток во 17:00 часот по локално време, односно ноќта меѓу 1 и 2 јули во 2-00 часот по наше време.

БиХ стигна до нокаут фазата како една од најдобрите третопласирани селекции, со четири освоени бода, по нерешениот резултат против Канада и големата победа над Катар во Сиетл.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фото: Георгина на Роналдо во бикини без филтери

Вереницата на најплатениот свтески фудбалер Кристијано Роналдо, атрактивната Георгина Родригез е „уловена“ од папараците на плажа во Мајами. 

Фото: Георгина на Роналдо во бикини без филтери

Бујната Георгина Родригез е фатена во одлично беше расположение како ужива на сонцето со група пријатели на плажите во Мајами за време на Светското првенство на кое настапува нејзиниот сакан.

Георгина која со Кристијано има големо семејство од пет деца изгледаше шармантно во црн бикини горен дел што го врза околу вратот, додека околу колковите врзала розова марама.

Сите забележаа дека бујната Георгина на фотките изгледа природно, бидејќи тие не се обработени за објавување на социјалните мрежи.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фото: Најпознатата српска екс снајка во секси бикини

Младата српска пејачка Милица Јокиќ работи напорно и настапува речиси секој ден, а сега реши малку да забави и да си даде одмор.

Фото: Најпознатата српска екс снајка во секси бикини

Атрактивната пејачка која во јавноста е позната и како екс снајка на српскиот министер Ивица Дачиќ, отпатува на море за да ги наполни батериите пред напнатата летна сезона, а нејзините фотографии од плажа предизвикаа општа возбуда на мрежите.

Убавата Милица ги воодушеви фановите со фотки на кои блеска во секси бикини.

Долго време, Милица беше во емотивна врска со синот на министерот за внатрешни работи, Ивица Дачиќ. Милица започна врска со Лука во 2020 година, и иако на почетокот ги криеја своите емоции од јавноста, подоцна се појавуваа заедно на настани и се поддржуваа еден со друг.

Милица постојано нагласуваше дека Лука е голема поддршка за неа, додека редовно присуствуваше на нејзините настапи и важни настани во нејзината кариера.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер