Во ковид центрите во Скопје за 24 часа се хоспитализирани 56 пациенти

Ковид центрите и понатаму се полнат со болни од коронавирусот на кои е неопходна болничка нега.

Во изминатите 24 часа забележан е највисок број на болнички приеми. Здравствените власти наскоро очекуваат во функција да се стават и дополнителни капацитети меѓу кои и ковид центарот кои го опремија приватните болници.

За тоа каква е состојбата во моментов ја вклучуваме Мирјана Мирчевска Јовановиќ.

Што велат од министерството колку пациенти во моментов се во болница и има ли доволно слободни кревети?

Во видеото погледнете го целиот извештај.

По тригодишна врска, девојката на Дибала признава: Сакам и мажи и жени (ФОТО)

Пејачката и актерка Оријана Сабатини е во врска со sвездата на Јувентус, Пол Дибала, а на социјалните мрежи ја следат 5,5 милиони луѓе.

Дибала ја видел на концертот на Ариана Гранде во Буенос Аирес во 2017 година, каде што Сабатини била танчерка. Тој бил толку маѓепсан што веднаш и го побарал бројот и ја поканил на пијачка по што започнала романсата. Тие се во врска веќе три години.

Сега Сабатини го сврте вниманието кон себе велејќи дека таа сака и жени.

„Ако треба да си ставам етикета - да, мислам дека сум бисексуалка.

Италијанците и Аргентинците пишуваат веќе три години, навестувајќи дека Сабатини сака и мажи и жени, особено по синглот „Остани или бегај“ во чие видео таа се гушка и бакнува со манекенката Соледад Алонсо.

„Нема ништо подобро во животот од чувството за слобода“, одговорила таа тогаш на прашањето дали е личност која сака и мажи и жени.

Руски доктор: Имунитет се создава 45 дена по вакцинацијата

Имунолошкиот одговор на корона вирусот не се развива пред 32-45 дена по вакцинирањето, или максимум 52 дена после тоа, изјави денеска Александар Горелов, заменик директор за наука на Централниот истражувачки институт за епидемиологија.

„Знаеме дека антителата не се произведуваат пред да поминат 32-45 дена, додека максималното количество се развива по четири периоди на инкубација или 56 дена подоцна, кога сите можеме слободно да дишеме. Сепак, тоа не значи дека можеме да престанеме да носиме маски “, рече Горелов, пренесува ТАСС.

Горелов истакнал дека луѓето не треба да се грижат ако поради некоја причина го пропуштат датумот на втората доза.

"Всушност, тоа не е толку критично, бидејќи светот има информации дека одредени земји ја применуваат вакцинацијата во рок од шест недели. Значи, мислам дека времето може да се избере во овој период. Всушност, веќе сме свесни дека ова е класичен пример за 30 -45 дена временската рамка помеѓу вакцинациите да биде прифатлива “, рече експертот.

Русија на 18 јануари започна масовна вакцинација против корона вирусот.

Граѓаните можат бесплатно да добијат една од двете регистрирани вакцини Спутник V или ЕпиВаКорона.

Пејачка тврди дека во својот дом чува череп на шестгодишно девојче (ВИДЕО)

Пејачката Азалија Бенкс тврди дека поседува череп на шестгодишно девојче што го чува во својот дом.

Азалија била гостинка во една австралиска радио станица каде зборувала за нејзината љубов кон коските и човечката анатомија.

За време на разговорот, таа им открила на водителите на шоуто, Кајл Сандилендс и Џеки О, дека е сопственик на черепот на шестгодишно девојче, што го купила преку Интернет.

„Ако ги проверите картичката и возачката дозвола, ако сте донатор на органи, не земаат само здраво срце или црн дроб, туку имаат право на секој дел од телото и некои од нив ги продаваат, на пример черепи, како овој “, рече пејачката, покажувајќи го черепот.

Шокирани од она што го виделе и слушнале, домаќините ја прашале зошто има череп на дете во нејзиниот дом.

"Ова е череп на шестгодишно девојче кое починало од траума на главата. Обожавам коски. Го почитувам задгробниот живот. Мислам дека коските се место каде човек ја задржува енергијата", рече Азалија.

Пејачката гостувала во емисијата за да ги демантира гласините кои кружат на Интернет дека ја изела својата мртва мачка.

Таа објасни дека мачката Луцифер се борела со проблеми со бубрезите многу години, по што починала од лоша исхрана.И откако ја закопала мачката, Азалија рекла дека решила да ја ископа и да го зачува черепот.

"Јас не јадам мачки. Не би јадела мачка која е мртва веќе три месеци", заклучила Азалија.

притисни ентер