Судски процес против Тотал ТВ и Тасев – одговараат за пиратерија - Канал 5

Судски процес против Тотал ТВ и Тасев – одговараат за пиратерија

Никола Тасев повторно седна во обвинителната клупа, овој пат тој и компанијата каде што до пред два месеци беше управител Тотал ТВ, кривично се гонат поради незаконско реемитување на програмата на Канал 5.

 Судски процес против Тотал ТВ и Тасев – одговараат за пиратерија

Никола Тасев повторно седна во обвинителната клупа, овој пат тој и компанијата каде што до пред два месеци беше управител Тотал ТВ, кривично се гонат поради незаконско реемитување на програмата на Канал 5 повеќе од година и половина, со што ги повредил авторските и сродни права. Рочиштето започна, но веднаш и се одложи од процесни причини, бидејќи не биле уредно доставени доказите на увид на одбранта, како што посочи судијката Ана Давчевска. Сепак, според директорот на Канал 5 добро е што конечно обвинителството оформи обвинение за полека да се застане на патот на пиратеријата која е метастазирана во земјава.

-Ова е можеби еден мал чекор за обвинителството во Скопје, но голем чекор за правдата и за сите оние кои што сме оштетени од страна на луѓето кои што јас љубам да ги наречам телевизиски пирати. Денеска сме сведоци дека после голем број на години борба со јавното обвинителство, јавното обвинителство конечно прифати да напише обвинителен акт, виза ви правното и физичкото лице кое што направи сериозна штета на Канал 5.- -Иван Мирчевски – Директор на Канал 5.

Обвинителката Елена Жакула денеска не сакаше да даде изјави со образложение дека процесот допрва започнува, додека пак адвокатот на Канал 5 – Даниел Ѓорѓиевски, како и директорот Мирчевски, очекува согласно доставените докази да има осудителна пресуда, како за Тасев, така и за Тотал ТВ.

Се надевам дека судот ќе ги земе во предвид сите докази кои што обвинителството ги достави и дека на крајот ќе донесе одлука со која ќе започне борбата против пиратеријата. Авторските права, интелектуалните права се врвот на она што како поединци го имаме и затоа сметам дека тоа треба да биде приоритет и на институциите во постапувањето.

Екипата на Канал 5 побара изјава за процесот и од Тасев, но тој одби со образложение дека тоа ќе го стори подоцна, бидејќи истиот е на самиот почеток.

Следното рочиште е закажано за точно еден месец, на 24 октомври. Според законот, за ова кривично дело се предвидува затворска казна од една до пет години.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Превентивни активности за безбеден сообраќај и спречување на пожари

Во текот на изминатиот викенд, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор Попова Шапка на подрачјето на ПСГН Попова Шапка реализираа превентивни активности за спречување на пожари.

Превентивни активности за безбеден сообраќај и спречување на пожари

Полициските службеници преку непосредна комуникација со граѓаните им укажаа на потребата од одговорно однесување во природа, со посебен акцент на избегнување на палење оган, да не фрлаат отпушоци од цигари и доколку забележат пожар веднаш да пријават на телефонскиот број 112. На земјоделците пак, им беше потенцирана потребата од внимателно извршување на земјоделските работи, со акцент на опасностите од предизвикување пожари од палење на меѓи, стрништа со сува трева и смет на ниви. Исто така, им беше укажано дека предизвикувањето пожари е кривично дело, што соодветно законски се санкционира. На граѓаните им беше поделен и печатен едукативен материјал, изработен во соработка со ЈП „Национални шуми“.

Полициски службеници од Одделението за превенција при СВР Скопје и РЦ ГР Север во Скопје и на Граничниот премин Долно Блаце спроведоа превентивни активности за побезбеден сообраќај, укажувајќи им на возачите за потребата од почитување на сообраќајните правила и прописи, при тоа информирајќи ги за функционирањето на системот „Безбеден град“. На граѓаните им беше поделен и едукативен материјал.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Ристовска Додевски: Левица во Центар во служба на СДС, гласаа против намалување на цените на ПОЦ

Легалниот рекет на ПОЦ врз центарци е овозможен од коалицијата СДС и Левица кои наутро очигледно прва мисла им е, како денес да му слугуваме на Герасимовски и Зоран Заев.

Ристовска Додевски: Левица во Центар во служба на СДС, гласаа против намалување на цените на ПОЦ

Наместо од денес, да ставиме крај на рекетарството на ПОЦ, овие луѓе ја одбија иницијативата на ВМРО-ДПМНЕ за враќање на старите цени на паркинг услугите на жителите на Општина Центар.

На сила остануваат да важат дуплите и тродупли цени и методи за изнуда на пари од центарци. На сила остануваат да важат политиките кои нѐ прават кираџии во сопствените домови, каде треба да плаќаме кирија за сокаците и тротоарите пред нашите згради.

Тоа значи воведување на зонско паркирање. Зонското паркирање значи дека ние центарци можеме бесплатно да се паркираме само во нашата зона, но не и во друга зона. Тоа ако имате дете кое треба да го носите на некоја спортска активност во олимписки базен, вие ако живеете на Водно, ќе го паркирате возилото, ќе мора да плаќате или доколку го носите детето на фудбал во парк повторно мора да плаќате.

Зошто центарци да плаќаат кога веќе плаќаат за својата општина? Зошто дополнителни пари ПОЦ да извлекува на граѓаните?

Ова не е грижа за граѓаните, како што тие велат. Ова е само начин да се посегне подлабоко во џебовите на центарци, од луѓе кои одамна ја изгубија поддршката од народот.

Почитувани,

Герасимовски и коалицијата на СДС очигледно немаат намера да ги решаваат проблемите во Општина Центар.

Нивна единствена намера е до следните локални избори, да соберат што повеќе пари и да ја соголат општината до коска, само за да ги делат тие пари по тендери и фирми блиски до Венко Филипче и фамилијата Заеви.

Ова не се мерки за Центарци, ова се очајни мерки за спас на СДС од пропаст.

YouTube video

Диана Ристовска Додевски, советник во Општина Центар од редовите на ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Во руски напади уништени 12 милиони книги и учебници - Киев тврди дека станува збор за планирана кампања

Руски ракетен напад врз печатница во близина на Киев уништил огромна количина книги наменети за украинските ученици, во момент кога се интензивирало производството пред почетокот на новата учебна година. 

Во руски напади уништени 12 милиони книги и учебници - Киев тврди дека станува збор за планирана кампања

Во нападот целосно бил уништен погон во кој требало да се испечатат околу 1,3 милиони учебници, што претставува приближно 10 отсто од сите учебници планирани за печатење во украина, објави Би-Би-Си. Комерцијална директорка на издавачката куќа „Конви“, смета дека нападите врз печатниците и издавачките куќи се намерни. Во последните недели биле погодени повеќе од 35 објекти поврзани со издавачката дејност, а украинските медиуми известуваат дека во нападите биле уништени околу 12 милиони книги.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер