СДСМ: Мицкоски крати пари за здравството додека не работат апарати, нема лекови и терапија – хаосот продолжува
2СДСМ: Мицкоски крати пари за здравството додека не работат апарати, нема лекови и терапија – хаосот продолжува
Наскоро треба да се борат во кафез- сите очекуваа кавга, тие страсно се бакнуваа на соочувањето (ВИДЕО)
1Наскоро треба да се борат во кафез- сите очекуваа кавга, тие страсно се бакнуваа на соочувањето (ВИДЕО)
Култура Струшките вечери ќе се одржат од 26 до 30 август.„Струшки вечери на поезијата“ како еден од најстарите и најзначајните светски поетски фестивали ќе се одржи и оваа година, во вообичаениот термин, на крајот на август со целосно почитување на најновите мерки за заштита од коронавирусот.Со најновиот развој на настаните, фестивалот ќе се организира со физичко присуство на домашните поети и на најголемиот дел од поканетите учесници од странство. Помал дел од странските поети што од објективни причини нема да можат да бидат физички присутни ќе бидат претставени преку видео читања, кои ќе бидат составен дел од програмата на фестивалот. Специјално видео обраќање како и видео читање, подготви и годинешниот лауреат на СВП, британската поетеса Керол Ен Дафи, која го најави своето физичко присуство на следното издание во 2022 година. Иако беше првично најавен како специјален гостин на јубилејното издание на СВП, минатогодишниот лауреат Амир Ор од објективни причини беше принуден да го одложи своето физичко присуство за следното издание. Програмата на фестивалот ќе се одвива во периодот од 26 до 30 август и ќе ги задржи препознатливите програмски содржини на фестивалот. Повеќе од 30 домашни и странски поети од постарата но и од помладата генерација ќе учествуваат на фестивалот на главните фестивалски читања. Во склоп на програмата се предвидени меморијални чествувања на доајените на македонската поезија Анте Поповски и Богомил Ѓузел, а како специјален настан е промоцијата на монографскотото издание „Избор од поезијата и кратката проза од Блаже Конески“ како дел од Националната програма со која се одбележуваат 100 години од раѓањето на великанот на македонската култура. Креативниот тим на СВП го подготви дизајнот на годинешното издание кој е претставен на социјалните платформи на СВП заедно со најавите на учесниците. Струшките вечери на поезијата се одржуваат под мотото ИЗВИШЕНИ СВЕДОШТВА, ВОЗВИШЕНИ СТИХОВИ со кое се потенцира значењето на Паркот на поезијата и симболиката на засадување на дрво од страна на лауретите секоја година, како чин со кој се одбележува растежот на фестивалот. Во согласност со најновите мерки за заштита, оваа година, исто како и минатата, свеченото отворање и затворање на Фестивалот ќе се одржи на покриената тераса на хотел Дрим. Во останатите денови, претпладневната програма е предвидена да се одвива во Конгресната сала на хотел Дрим, а вечерната програма на летната сцена на Центарот за култура „Браќа Миладиновци“ Физичкото присуство на публиката ќе биде ограничено поради капацитетот на просторот и поради протоколите за заштита, со задолжително приложување на сертификат/потврда за извршена вакцинација, односно примена најмалку прва доза вакцина или сертификат/потврда за прележан Ковид – 19 во последните 45 дена, сметајќи од денот на оздравувањето, за лица над 18-годишна возраст. Програмата на фестивалот, почнувајќи од изданието во 2019 година, целосно се пренесува во живо на официјалниот Youtube канал на СВП, така што ќе биде овозможено целосно следење од страна на поширок аудиториум. Престојот на учесниците е регулиран согласно протоколите за работа на хотелот во услови на пандемија. Ќе има обезбеден организиран превоз за учесниците на релација Скопје-Струга- Скопје, а избраниот економски оператор е должен да ги спроведува протоколите за превоз на патници во услови на пандемија. Во услови кога голем дел од светски познатите поетски фестивали беа откажани или одложени заради пандемијата со КОВИД-19, Струшките вечери на поезијата ќе го зачува континуитетот на одржување на фестивалот, кој почнувајќи од 1961 година ја покажува моќта на поезијата да го обедини светот.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаВМРО-ДПМНЕ убедливо води во Брвеница на 1 ноември очекуваме рекордни 4.000 гласа во вториот кругВМРО-ДПМНЕ убедливо води во Брвеница на 1 ноември очекуваме рекордни 4.000 гласа во вториот круг, СДС на чело со Филипче е декласиран со 4 спрема 1.ВМРО-ДПМНЕ убедливо победи во Брвеница со предност околу 800 гласа во однос на кандидатот на ДУИ. Во однос на СДС победивме со разлика поголема од 4 спрема 1. Од 6 кандидати, Стојанчо Радичевски од ВМРО-ДПМНЕ освои 2945 гласови. СДС и Венко Филипче доживеја уште еден изборен дебакл во Брвеница. СДС според резултатот во Брвеница доживеа уште еден сериозен изборен неуспех. СДС се наоѓа на четвртото место, со повеќекратно помала поддршка од ВМРО-ДПМНЕ. На СДС им го честитаме освоеното четврто место и им посакуваме уште многу вакви резултати со Венко Филипче на чело. И покрај дебаклот во низа на СДС, Венко Филипче не треба да си поднесе оставка бидејќи се додека тој управува со СДС и е послушник на Заев, граѓаните тоа ќе го препознаваат и ќе се одлучат за работа и резултати, и борба за иднина каква нуди Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ. ВМРО-ДПМНЕ продолжува со работа, одговорност и јасна цел, победа на 1 ноември и иднина со повеќе резултати за сите граѓани на Брвеница, без разлика на нивната етничка припадност. Целта на ВМРО-ДПМНЕ е Брвеница да биде општина на сите нејзини жители, со подобри услови за живот, нови можности и конкретни проекти што ќе донесат вистински напредок. Со почит, Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаСДСМ: Мицкоски крати пари за здравството додека не работат апарати, нема лекови и терапија – хаосот продолжуваДодека пациентите чекаат со месеци за дијагностика, апаратите и скренерарите не работат, терапиите доцнат, нема лекови Владата на Мицкоски со новиот ребаланс ги намалува парите за здравството.Од капиталните инвестиции се кратат 100 милиони евра. Помалку пари се предвидуваат за болниците во Штип и Кичево, но и за ретки болести и за инсулин. Власта ги намалува парите за здравјето на граѓаните, во услови кога здравствениот систем веќе е во хаос. Три недели во Клиничкиот центар не работеше ниту еден компјутерски томограф. Пациентите чекаат прегледи неопходни за навремена дијагноза и лекување. ПЕТ-скенот, неопходен за онколошките пациенти, во изминатите две години е проследен со дефекти и прекини во работата. По последното пуштање во употреба работел само неколку дена, па повторно се расипал. Пациентите чекаат и по пет месеци за преглед од кој зависи понатамошното лекување. Само минатата година биле дијагностицирани 1.000 нови пациенти со рак на дојка. Наместо навремена дијагностика и сигурна терапија, онколошките пациенти во повеќе наврати остануваа со месеци без потребните лекови поради административна неодговорност и незаинтересираност на власта. За овие пациенти секое одложување на прегледот или терапијата може да има животозагрозувачки последици. Дел од клиниките работат со само една операциона сала, со недостиг на медицински персонал и со апарати чија исправност е неизвесна. Граѓаните редовно плаќаат здравствено осигурување, а потоа лутаат од една во друга болница и чекаат со месеци за основна здравствена услуга. Во Гостивар 5.000 луѓе се отруја. До денеска нема одговорност, а јавноста сè уште нема објавени резултати за водата, нема Извештај ниту за Гостивар ниту за над 50 населени места. Во 21 век, додека здравствените системи вложуваат во нови технологии и современо лекување, власта на ВМРО не обезбедува ни исправни основни апарати, редовна терапија и навремени прегледи. Ова е потфрлање во најважната обврска на секоја влада – заштитата на здравјето и животот на граѓаните. Мицкоски и Клековски не можат да побегнат за хаосот во здравството. Клековски треба да поднесе оставка. Скопје, 20.10.2026 СДСМКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЕвропаЗеленски, пристигнува во Осло на разговори за војната во Украина и европската безбедностПретседателот на Украина, Володимир Зеленски, пристигнува во Осло на разговори за војната во Украина и европската безбедност, соопштија норвешката влада и ко-домаќинот Финска.Ројтерс вчера објави дека специјалниот претставник на Трамп, Стив Виткоф, ќе отпатува во Норвешка оваа недела на рунда преговори за прекин на војната во Украина и дека се очекува да присуствуваат Зеленски и европски претставници. „ Зеленски побара од Норвешка и Финска да закажат состанок како дел од тековните дипломатски напори, во ова критично време за Украина“, изјави норвешкиот премиер Јонас Гар Стоере. Финскиот претседател Александар Стаб изјави дека ќе присуствува на состаноци со Зеленски и Стоере за да разговараат за „нелегалната агресивна војна на Русија против Украина и целокупната безбедносна ситуација во Европа“. Во изјавите од Норвешка и Финска не се споменуваат никакви американски или европски делегации.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook