„Соседски патроли“ во Карпош – заедничка акција за побезбедна заедница - Канал 5

„Соседски патроли“ во Карпош – заедничка акција за побезбедна заедница

Во рамки на заедничките активности насочени кон унапредување на јавната безбедност и превенција од девијантни појави кај младите, вечерва во Општина Карпош беше спроведена акцијата – „Соседска патрола“.

„Соседски патроли“ во Карпош – заедничка акција за побезбедна заедница

Во акцијата учествуваа градоначалникот на Општина Карпош, Сотир Лукровски, заедно со командирот на ПС Карпош, Стефан Тасевски, началникот на ОКР, Давор Дракуловски, инспектори по малолетничка деликвенција, униформирани полициски службеници и родители на малолетни деца.

Патролата имаше превентивен и советодавен карактер и се спроведуваше на повеќе локации во општината каде што во вечерните часови најчесто се собираат младите, како што се паркови, спортски игралишта и угостителски објекти.

Во рамки на вечерашната партола, беа остварени непосредни разговори со младите, при што им беа упатени препораки за совесно и одговорно однесување во јавниот простор, чување на урбаната опрема и почитување на јавниот мир. Посебен акцент беше ставен на советите за превенција од меѓуврсничко насилство и злоупотреба на алкохол и други ризични однесувања.

Акцијата „Соседски патроли“ е активност која е дел од редовните превентивни активностите на Полициската станица Карпош и се спроведува во заедничка соработка со Општина Карпош, со цел јакнење на партнерството помеѓи институциите, родителите и локалната заедница.

Општина Карпош останува посветена на креирање безбедна средина за сите граѓани преку активности и соработка со сите надлежни институции.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Во Сирија осуден на смрт братучедот на Башар ал Асад

Сирискиот суд го осуди Васим ал Асад, братучед на поранешниот претседател Башар ал Асад, на смрт за сторени „воени злосторства и злосторства против човештвото“, откако поранешниот претседател Асад беше осуден на смрт во отсуство една недела претходно.

Во Сирија осуден на смрт братучедот на Башар ал Асад

Судијата Фар ал-Дин ал-Арјан го прогласи Васим ал Асад за виновен за, „убиства со умисла на повеќе лица, придружени со тортура и бруталност... класифицирани како злосторства против човештвото и воени злосторства“ и објасни дека е „осуден на смрт за тоа“.

Во април, во Сирија започнаа судења против Башар ал Асад, кој избега во Русија, и други функционери, за злосторства извршени за време на граѓанската војна предизвикана од бруталната репресија на продемократските протести.

Сирија го осуди братучедот на Башар ал Асад на смрт

Васим ал-Асад е првиот член на семејството Асад на кој му се суди откако беше уапсен и приведен во близина на сириско-либанската граница во јуни. Војната ја опустоши земјата од 2011 до 2024 година, оставајќи зад себе повеќе од половина милион мртви, милиони раселени и десетици илјади исчезнати.

Трибуналот утврди дека Васим ал-Асад формирал две вооружени групи лојални на поранешниот режим, кои извршиле напади во близина на Дамаск во кои загинале десетици луѓе. Тој беше прогласен и за виновен за поттикнување граѓанска војна. Други обвиненија, вклучително и трговија со дрога, беа отфрлени поради недостаток на докази.

Иако не држел висока функција, Министерството за финансии на САД го санкционираше Васим ал-Асад во 2023 година, велејќи дека тој водел паравоена единица и бил „клучна фигура во регионална мрежа за трговија со дрога“.

Неговата пресуда може да се обжали до Касациониот суд, највисокото судско тело во Сирија. Новите сириски власти, кои го соборија претходниот режим во декември 2024 година, ветија дека ќе ги повикаат на одговорност оние што се одговорни за злосторствата извршени за време на владеењето на Асад.

Тој живеел во луксуз во земја на сиромаштија и војна

За време на граѓанската војна, Васим ал-Асад се фалел со своите луксузни автомобили на социјалните медиуми, повремено појавувајќи се во воена униформа и вооружен. На 11 август, Башар ал-Асад беше осуден на смрт во отсуство за „воени злосторства“ и „злосторства против човештвото“.

Шест поранешни воени и безбедносни функционери беа осудени во отсуство, вклучувајќи го и Махер, братот на Асад, кој командуваше со 4-та дивизија, елитна воена единица.

Единствениот што се појави на суд, Атиф Наџиб, поранешниот шеф на безбедноста на покраината Дараа, лулката на востанието од 2011 година, исто така беше осуден на смрт за злосторства против човештвото.

Башар ал-Асад избега во Русија во декември 2024 година, придружуван само од неколку блиски соработници.

Извор: Индекс.хр

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Пронајдени 10 лица мигранти од Египет, лишен од слобода криумчарот од Латвија

На 17.08.2026 околу 22:00 часот во с.Богородица, гевгелиско, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор и гранични проверки Богородица го лишија од слобода Р.С.(59) од Латвија.

Пронајдени 10 лица мигранти од Египет, лишен од слобода криумчарот од Латвија

При контрола во патничко возило „фиат типо“ со скопски регистарски ознаки, кое го управувал, биле пронајдени 10 лица мигранти од Египет. Мигрантите се сместени во Прифатни транзитен центар „Винојуг“ во Гевгелија, а Р.С. е предаден во Полициска станица Гевгелија и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Вчера 166 санкции за прекршоци што ги прават пешаците на територија на цела држава

При контролата, санкционирани се 166 пешаци од кои, 137 поради небезбедно преминување на улица надвор од пешачки премин.

Вчера 166 санкции за прекршоци што ги прават пешаците на територија на цела држава

Во текот на вчерашниот ден (17.08.2026) во периодот од 09.00 до 15.00 часот Секторот за сообраќајни работи при Министерството за внатрешни работи спроведе сообраќајна контрола на територијата на целата држава за санкционирање на прекршоци што ги прават пешаците. При контролата, санкционирани се 166 пешаци од кои, 137 поради небезбедно преминување на улица надвор од пешачки премин... За време на контролата санкционирани се и 167 други видови на сообраќајни прекршоци.

Сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи. Пешаците да го минуваат коловозот на обележан пешачки премин затоа што непочитувањето на сообраќајните правила ќе биде санкционирано. Сите заеднички, со почитување на правилата, мора да придонесеме за побезбедни сообраќајници.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер