Дали ЕК ќе го продолжи рокот и по 6 септември, 9 земји бараат да се олесни воведувањето на новите гранични проверки
1Дали ЕК ќе го продолжи рокот и по 6 септември, 9 земји бараат да се олесни воведувањето на новите гранични проверки
3Бакарот како „нафта на иднината“: Шведска отвора нов рудник и ја предводи европската минерална револуција, Македонија каска
МакедонијаСерискиот убиец од Старо Нагоричане не призна вина На почетокот на рочиштето, обвинетиот за сериски убиства во Старо нагоричане не го потврди сопствениот идентитет.Но, по кратка пазуа судењето продолжи. 25 годишниот Трајче Бојковски не призна вина, судењето продолжува со рочиште на 31 08.Со вперен поглед нагоре, кон ѕидот осомничениот Трајче Бојковски го стартуваше судскиот процес против него, за според обвинението 4 убиства и два обиди за убиства, во главно врз возрасни и немоќни жени, кои живееле сами. Кога судијата го прозва да ги потврди личните податоци Бојковски гледаше кон светлата во ѕидот и не говоше ништо, туку на моменти се смешкаше кон невклучените сијалици. По 10 ти минути и неколку обиди на судијата, обвинетиот да го потврди сопственото име, даде кратка пауза за да се одлучи дали судењето може да продолжи. Главно обвинетиот Бојковски не го потврди сопственото име, по што судијата побара време, за да одлучи дали може да го продолжи рочиштето. Инаку, серискиот убиец Бојковски со полициска придружба и лисици на рацете беше донесен во Обвинителството во Куманово. Според обвинението, тој се товари за четири кривични дела за убиство како и за обид за убиство. Обвинението во судската постапка ќе го застапува јавниот обвинител Љубомир Лапе од Основното јавно обвинителство Куманово. Според претходно објавени информации во јавноста, жртвите се претежно повозрасни жени, со исклучок на една 35-годишна жена.Тагови: СВР Куманово серискиот убиец од Старо Нагоричане Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСерискиот убиец од Старо Нагоричане не призна вина 12:27Видео: Започна судењето за обвинетиот сериски убиец од Старо Нагоричане10:54Средба Мицкоски - Кос во Владата: Пофалби за реформите, но и потврда дека уставните измени остануваа главен услов за ЕУ18:10Средба Кос – Мицкоски во Владата15:14Мицкоски: Македонија продолжува со спроведување на реформите, зајакнување на економијата, институциите и владеењето на правото14:43
Средба Мицкоски - Кос во Владата: Пофалби за реформите, но и потврда дека уставните измени остануваа главен услов за ЕУ18:10
Мицкоски: Македонија продолжува со спроведување на реформите, зајакнување на економијата, институциите и владеењето на правото14:43
ЕвропаДали ЕК ќе го продолжи рокот и по 6 септември, 9 земји бараат да се олесни воведувањето на новите гранични проверкиДевет европски земји бараат Евопската комсија да ги продолжи привремените олеснувања за новиот систем за влез излез , бидејќи државите не биле подготвени за неговата целосна примена.Белгија, Франција, Германија, Грција, Италија, Малта, Холандија, Португалија и Швајцарија во заедничко писмо од 7 јули, како што објавува политико му порачуваат на еврокомесарот за внатрешни работи Магнус Брунер дека првите месеци од функционирањето на системот покажале значителни потешкотии на граничните премини кои не смеат да се потценат. Иако ја поддржуваат имплементацијата на новиот Систем, министрите бараат Европската комисија да им овозможи на земјите и по 6 септември годинава да продолжат да го користат итниот механизам, кој истекува на почетокот на септември.. Итниот механизам им овозможува на граничните служби, во исклучителни ситуации, привремено да го суспендираат земањето отпечатоци од прсти и скенирањето на лицето за да се намалат гужвите на граничните премини, додека и натаму се евидентира секој патник што влегува или излегува од Шенген-зоната. Во писмото министрите бараат Европската комисија навреме да достави и писмени гаранции дека оваа можност ќе остане во сила и по истекот на сегашниот рок. Портпаролот на Европската комисија, Маркус Ламерт, вели дека законодавството веќе предвидува одредени флексибилности, меѓу нив и можноста привремено да се прекине собирањето биометриски податоци во периодите на голем метеж, но нагласува дека Комисијата останува во „близок и конструктивен контакт“ со земјите кои имаат проблеми на одделни гранични премини.Според Ламерт постои силна заедничка волја системот успешно да профункционира насекадеКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаМВР: „Оne stop“ системот веќе функционира со Србија и Косово, а наскоро и со АлбанијаНамалено е времето на чекање на граничните премини со воведувањето на „One Stop“ системот кој веќе фукционира со Србија и Косово, а наскоро се очекува да профукционира и на премините со Албанија, велат од МВР.Веќе ги гледаме резултатите. На Табановце, и покрај тоа што ова лето бројот на патници е зголемен за 15 до 20 проценти, времето на чекање е значително намалено. Истото го овозможивме и на Блаце – Елез Хан, а со пуштањето во употреба на системот на Јажинце – Глобочица ја заокруживме имплементацијата на заедничките контроли со Република Косово. Потпишаниот договор со Република Албанија е следниот важен чекор. Наскоро и таму ќе воспоставиме „One Stop“ систем, со што Македонија ќе стане една од првите земји во регионот што ќе има ваков модел на заеднички гранични проверки со сите соседни држави надвор од шенген зоната. Ова не е само инфраструктурен или административен проект. Ова е инвестиција во побрза комуникација меѓу луѓето, посилна економска соработка, поголема мобилност и уште побезбедни граници, велат од МВР.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаБакарот како „нафта на иднината“: Шведска отвора нов рудник и ја предводи европската минерална револуција, Македонија каскаШведска презеде историски чекор кон зајакнување на својата независност во снабдувањето со суровини, давајќи зелено светло за експлоатација на нов рудник за бакар во планинскиот регион Стекенјок-Леви (Stekenjokk-Levi).Оваа одлука доаѓа во време кога Европа интензивно бара начини да ги преобликува своите индустриски синџири на снабдување и директно го потврдува огромното значење на бакарот и другите стратешки минерали како клучни столбови на модерната економија. Бакарот веќе со право се нарекува „нафта на иднината“. Без овој скапоцен метал е целосно невозможна транзицијата кон чиста енергија. Тој е незаменлив за производство на електрични возила, изградба на обновливи извори на енергија, модернизација на енергетските мрежи, развој на дата-центри и напредна одбранбена технологија. На пример, додека традиционален автомобил со внатрешно согорување содржи околу 24 килограми бакар, целосно електричните возила бараат речиси трипати повеќе, што јасно укажува на неговата незаменливост. Податоците од Геолошкиот институт на Шведска (SGU) сведочат за вистински „минерален бум“. Земјата бележи вкупно 801 активна дозвола за истражување, од кои дури 554 се поврзани со бакар — што е пораст од 52% во последните пет години. Покрај бакарот, огромен скок од неверојатни 1.000% бележат и дозволите за истражување на ретки земјени елементи и други критични минерали како танталот. Овој потег на Шведска ја испраќа клучната порака: иднината на глобалната економија и одржливиот развој зависат директно од стабилното и одговорно рударство. Развојот на домашни европски капацитети за ископување на минерали гарантира економска сигурност, независност од надворешни пазари и побрз технолошки напредок. Минералите не се само суровини под земјата, тие се темелот врз кој се гради позелен, дигитализиран и посигурен свет.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter