Герасимовски: Со Нацрт ДУП-от „Барутана“ воведуваме плански ред – нема услови за нова „Панорамика“ и дивоградби
2Герасимовски: Со Нацрт ДУП-от „Барутана“ воведуваме плански ред – нема услови за нова „Панорамика“ и дивоградби
Се појави тајното писмо на Инфантино до светските сојузи- им дава 35 милиони евра за продажба на Светското првенство
2Се појави тајното писмо на Инфантино до светските сојузи- им дава 35 милиони евра за продажба на Светското првенство
СветТоплотниот бран однесе повеќе од 5.000 животи во ГерманијаСе проценува дека повеќе од 5.000 луѓе во Германија починале оваа година поради екстремните горештини, соопшти денеска Институтот „Роберт Кох“ (РКИ).Се проценува дека повеќе од 5.000 луѓе во Германија починале оваа година поради екстремните горештини, соопшти денеска Институтот „Роберт Кох“ (РКИ), истакнувајќи дека најголемиот број смртни случаи е регистриран за време на топлотниот бран кон крајот на јуни. Според неделниот извештај на РКИ, горештините се поврзани со приближно 5.120 смртни случаи, при што околу 4.270 од нив се однесуваат на лица постари од 75 години, пренесува Ројтерс. Од РКИ наведоа дека меѓу жртвите имало повеќе жени отколку мажи, првенствено затоа што жените сочинуваат поголем дел од најстарата возрасна група на населението. Европската служба за климатски промени „Коперникус“ објави дека Западна Европа го доживеала најтоплиот јуни досега, со просечна температура од 20,74 степени Целзиусови, пренесува Танјуг. Надлежните органи во Франција, Белгија, Шпанија и Холандија пријавија повеќе од 4.700 смртни случаи над вообичаениот просек во периодот од 20 до 28 јуни, кој ја опфати најинтензивната фаза на топлотниот бран.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаОдржан вториот „Отворен ден“ во Општина КарпошОпштина Карпош го одржа вториот „Отворен ден“, во рамки на активностите насочени кон унапредување на директната и непосредна комуникација со граѓаните.И овојпат беше забележан значителен интерес од страна на жителите на Општина Карпош, поради што “Отворениот ден“ траеше до 18:00 часот. Повеќе од 120 граѓани ја искористија можноста за директна средба со градоначалникот Сотир Лукровски и со раководителите на општинските сектори, при што ги презентираа своите предлози, прашања, иницијативи и барања. Преку ваквиот формат на директна комуникација, граѓаните имаат можност непосредно да ги посочат предизвиците со кои се соочуваат, да ги претстават своите потреби и да добијат конкретни информации и одговори од надлежните општински служби. Општина Карпош останува посветена на транспарентна, отворена и двонасочна комуникација со граѓаните, со цел нивните предлози и потреби да бидат активно земени предвид во процесот на носење одлуки и креирање политики од локално значење. И во наредниот период ќе продолжи практиката на организирање вакви директни средби со граѓаните, со цел дополнително зајакнување на соработката, навремено постапување по нивните барања и создавање пофункционална, поуредна и поквалитетна локална заедница. Сектор за односи со јавностаКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаГерасимовски: Со Нацрт ДУП-от „Барутана“ воведуваме плански ред – нема услови за нова „Панорамика“ и дивоградбиГрадоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, во интервју за Канал 5 ги презентираше клучните аспекти од изработката на ДУП-от „Барутана“.Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, во интервју за Канал 5 ги презентираше клучните аспекти од изработката на ДУП-от „Барутана“, потенцирајќи дека новиот план не го зголемува, туку значително го намалува обемот на градење и воведува јасни правила за заштита на просторот на Водно. Наводите за можни ерозии ги отфрли како нестручни бидејки се темели врз стручни анализи и физибилити студии. „ДУП-от е дете на ГУП-от, кој е донесен со параметри што важат и денес. ГУП-от се темели на стручни проценки, снимања и анализи на теренот, вклучително и оние за ерозивноста“, изјави Герасимовски. Тој нагласи дека неконтролираното и диво градење е главен ризик за појава на свлечишта и ерозија, додека планското уредување обезбедува стабилност и безбедност. „Свлечиштата најчесто се резултат на непланска и самоволна градба. Со овој ДУП воведуваме ред наместо такви практики,“ додаде тој. Градоначалникот демантираше дека се зголемува бројот на градежни парцели, посочувајќи дека тие се преземени од претходниот план. Според новиот нацрт-план, вкупната дозволена изградба се намалува од 43.429 м² на 29.459 м² (за 33%), максималната изграденост се ограничува на 40%, се дозволува само едно подземно ниво, зелените површини се зголемуваат на 40%. „Нема да има изигрувања како во случајот со ‘Панорамика’, каде се градеа повеќе лажни подземни нивоа. Со овој план се дозволува само едно подземно ниво за паркирање, со што се гарантира дека такви злоупотреби нема да се повторат“, истакна Герасимовски. Тој информираше дека и сега е во постојан контакт со реномирани експерти од струката. „Имавме консултации со стручни лица и градежници, денеска се сретнав со професорот и екс градоначалник Грчев. Тој укажа дека многу нестручни лица си даваат слобода да коментираат без елементарно познавање на материјата“, рече градоначалникот. Герасимовски нагласи дека станува збор за план кој има континуитет со постојните решенија. „Се создаде непотребна фама. Ова не е нов план, туку ДУП кој постои од 2002 година. Ние не го зголемуваме обемот на градење, туку го уредуваме просторот и воведуваме јасни правила“, истакна тој. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиНови три случаи на вирусот „западен нил“ кој го шират комарците во Скопје15:00Епидемијата во Гостивар се смирува - водата ќе може да се пие до крајот на неделава 15:00МЗ: Во јавните здравствени установи во Гостивар, вчера се прегледани 71 пациент13:33Забраната за вода во Гостивар останува во сила до добивање три последователни исправни анализи08:55Паѓа цената на нафтата на светските берзи: Барел Брент се стабилизира на околу 85 долари15:00
Шоу бизКети Пери заробена во огромно шише, публиката ја носи насекаде (ВИДЕО)Настапот на Кети Пери на бината во Малта не помина според планот.За време на нејзиниот настап на фестивалот Isle of MTV Malta во среда, пејачката се зароби во големо надувувачко шише додека публиката ја носеше во раце. Планираната креација се претвори во проблем кога фановите почнаа да го туркаат шишето во погрешна насока. Несреќа со огромно шише Додека го изведуваше хитот „I Kissed a Girl“, Пери влезе во реквизит кој потоа се лансираше низ толпата. Планот беше фановите да ја доведат до големата сламка поставена до сцената, но наместо тоа почнаа да ја туркаат подалеку од неа, кон крајот на местото на одржување. На снимките објавени од фановите, Пери може да се види како покажува кон сцената од внатрешноста на шишето и вика: „Турни ме до таму !“ Видеото ги покажува нејзините обиди да го насочи движењето со рацете, но публиката продолжи да ја носи подалеку. „Ајде, продолжи! Врати ме на сцената! О, Боже!“ извика таа. На крајот, публиката успеа да ја врати на сцената, што ѝ овозможи да продолжи со настапот. „Благодарам што ме вративте“, им рече таа на фановите откако ја заврши песната. @clipasaurusrexxx A show in itself #katyperry #waterbottle #fyp #blowthisupforme #concert ♬ original sound - pauline cake Серија сценски инциденти Ова не е прв пат пејачката да има проблеми со реквизитите на настапите. Минатото лето, за време на турнејата „Lifetimes“, се случи несреќа со летачки реквизит. Додека го изведуваше својот хит „Roar“ и леташе над публиката во Сан Франциско на голема механичка пеперутка, реквизитот одеднаш откажа. Видео од настанот ги забележа вресоците од публиката, а самата Пери изгледаше исплашено. И покрај ова, таа брзо се смири и подоцна се пошегува за себе на социјалните мрежи. @voici_mag 🎤🦋 Quand le show prend une tournure imprévue… En plein concert à San Francisco, Katy Perry s’est retrouvée suspendue dans les airs après une défaillance de son papillon géant 🐛➡️🦋. Moment de frayeur... mais elle a gardé le contrôle et a fini Roar comme une queen. 👑🔥 📹 AlexxJennifer TikTok #katyperry #fail #RoarLive #Tour143 #OnStageDrama ♬ son original - voici_mag Пејачката, исто така, ги сподели со јавноста повредите што ги здоби за време на седуммесечната турнеја. Во август 2025 година, таа објави фотографии од крвави и изгребани колена и објасни дека тие се резултат на напорна кореографија. „Тоа беше тој момент кога се лизгам на колена, што обично предизвикува публиката да навива, но овој пат бев единствената што врескаше од болка“, напиша таа шегувајќи се во тоа време.Тагови: Кети Пери Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиНови три случаи на вирусот „западен нил“ кој го шират комарците во Скопје15:00Епидемијата во Гостивар се смирува - водата ќе може да се пие до крајот на неделава 15:00МЗ: Во јавните здравствени установи во Гостивар, вчера се прегледани 71 пациент13:33Забраната за вода во Гостивар останува во сила до добивање три последователни исправни анализи08:55Паѓа цената на нафтата на светските берзи: Барел Брент се стабилизира на околу 85 долари15:00