Видео: Десетици китови насукани на плажа: Спасувачите се обидуваат да ги вратат преживеаните во водата
2Видео: Десетици китови насукани на плажа: Спасувачите се обидуваат да ги вратат преживеаните во водата
МакедонијаБакарот како „нафта на иднината“: Шведска отвора нов рудник и ја предводи европската минерална револуција, Македонија каскаШведска презеде историски чекор кон зајакнување на својата независност во снабдувањето со суровини, давајќи зелено светло за експлоатација на нов рудник за бакар во планинскиот регион Стекенјок-Леви (Stekenjokk-Levi).Оваа одлука доаѓа во време кога Европа интензивно бара начини да ги преобликува своите индустриски синџири на снабдување и директно го потврдува огромното значење на бакарот и другите стратешки минерали како клучни столбови на модерната економија. Бакарот веќе со право се нарекува „нафта на иднината“. Без овој скапоцен метал е целосно невозможна транзицијата кон чиста енергија. Тој е незаменлив за производство на електрични возила, изградба на обновливи извори на енергија, модернизација на енергетските мрежи, развој на дата-центри и напредна одбранбена технологија. На пример, додека традиционален автомобил со внатрешно согорување содржи околу 24 килограми бакар, целосно електричните возила бараат речиси трипати повеќе, што јасно укажува на неговата незаменливост. Податоците од Геолошкиот институт на Шведска (SGU) сведочат за вистински „минерален бум“. Земјата бележи вкупно 801 активна дозвола за истражување, од кои дури 554 се поврзани со бакар — што е пораст од 52% во последните пет години. Покрај бакарот, огромен скок од неверојатни 1.000% бележат и дозволите за истражување на ретки земјени елементи и други критични минерали како танталот. Овој потег на Шведска ја испраќа клучната порака: иднината на глобалната економија и одржливиот развој зависат директно од стабилното и одговорно рударство. Развојот на домашни европски капацитети за ископување на минерали гарантира економска сигурност, независност од надворешни пазари и побрз технолошки напредок. Минералите не се само суровини под земјата, тие се темелот врз кој се гради позелен, дигитализиран и посигурен свет.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
НБАЛука Дончиќ испишува НБА историја: Го надмина и Џордан – вакво нешто не е видено уште од далечната 1963 годинаЕден од најдобрите светски кошаркари, ѕвездата на ЛА Лејкерс, Словенецот, Лука Дончиќ е на прагот на НБА историјата, со просек од 38,5 поени – достигнување што не е видено уште од 1963 година и Вилт Чемберлен.Словенечкиот кошаркар Лука Дончиќ ја продолжува својата сезона од сништата. Лука ја игра сезоната на кариерата, а синоќа ја демонстрираше својата моќ во победата на Л.А. Лејкерс против Сакраменто (116:103) – тим кој, иако неочекувано, беше неговиот „прв“ избор на НБА-драфтот. Со оглед на тоа што Сакраменто ја пропушти можноста да го избере, Дончиќ секогаш е посебно мотивиран кога игра против „Кингси“, а со оглед на формата во која се наоѓа на почетокот на сезоната, дополнителна мотивација и не му е потребна. Така, Дончиќ повторно ја покажа својата сила и докажа дека во моментов е главен кандидат за МВП-наградата, бидејќи никој не е ни блиску до бројките што ги остварува Словенецот. Дополнително, тимот на Лејкерс изгледа многу подобро отколку минатата година. Претходната вечер, Лука Дончиќ постигна 40 поени, оствари девет скока и седум асистенции. Во играта на Лејкерси, апсолутно сè се врти околу него, па овој пат тој „ги држеше сите конци во свои раце“ додека беше на теренот. Имаше солиден шут од 11 од 23, погоди шест тројки, а единствена негативност беа шесте изгубени топки. Дончиќ стана првиот кошаркар во историјата на НБА кој на шест натпревари по ред остварил повеќе од 35 поени, пет скока, пет асистенции и пет погодени тројки, а никој досега нема постигнато повеќе од 300 поени и 50 асистенции во една НБА сезона побрзо од него. И што е најинтересно – тоа не е сè; Дончиќ е на прагот на бројки какви што во НБА не се видени уште од шеесеттите години на минатиот век. Most PPG over a player's first 8 games of a season, NBA history: Wilt Chamberlain - 52.3 (1962-63) Wilt Chamberlain - 50.0 (1961-62) Wilt Chamberlain - 39.6 (1959-60) Luka Doncic - 38.5 (2026-27) Michael Jordan - 38.4 (1986-87) https://t.co/BremYunAZ6 — Underdog NBA (@UnderdogNBA) November 5, 2026 Поточно, тој има најдобар просек во првите осум натпревари уште од времето на Вилт Чемберлен во 1963 година (52,3 поени), а го надмина и остварувањето на славниот Мајкл Џордан од сезоната 1986/87, кој тогаш имаше просек од 38,4 поени. Лука Дончиќ моментално има просек од 38,5 поени.Тагови: ЛА Лејкерс Лука Дончиќ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Рецепти„Гответе со Дракче“ - ПалентаВо четврток (29.10.2026) во емисијата гостин ни бeше Александар Терца Мишковски.Состојки за денешниот рецепт: 200 гр. палента 100 гр. кашкавал 50 гр. сирење 1 мала кисела павлака 20 гр. путер сол, бибер, сув зачин и свежо нане Погледнете како се подготвува овој рецепт:Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаЗдружение на млади паравници: За несобран отапд испратете фотографии на [email protected]Македонското здружение на млади правници со интересна иницијатива, ги повикува граѓаните да пријавуваат локации во Скопје каде има несобран комунален отпад, со цел да се побара инспекциски надзор и реакција од надлежните институции.За да се документираат проблемите, граѓаните треба да испратат фотографија или видео од отпадот, точна локација, како и датум и време кога е направена снимката. Пријавите може да се достават преку приватна порака или на електронската адреса на здружението.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter