3Мицкоски: До крајот на месецов ќе заврши реконструкцијата на Владата, ќе бидат опфатени и пониските ешалони
Веб ТВ„Само Вистина“ со Сафет Бишевац и Иван Анастасовски - 31.03.2026 - 2 делFollow Kanal5 on... • FB: https://smarturl.it/fb5 • IG: https://smarturl.it/Ig5 • ТТ: https://tinyurl.com/59kck7ap • Web: https://kanal5.com.mk/ © & ℗ Kanal5 & IN Media. All Rights ReservedКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
БалканГолем пожар беснее во Грција- го гаснат десетици пожарникари и пет авиони (ВИДЕО)Драматични вести доаѓаат од североисточна Грција, каде што избувна сериозен пожар во земјоделско-шумска област во општина Маронеја. Пожарникарите се во состојба на зголемена готовност.Пожарот избувна попладнево, 20 јуни, во земјоделско-шумска област во областа Палеа Кровили во Родопските Планини, што предизвика итна мобилизација на противпожарните сили, објави Прототема. 42 пожарникари се на местото на настанот, потпомогнати од две пешадиски екипи и десет противпожарни возила, додека пет авиони испуштаат вода од воздух. #Πυρκαγιά σε αγροτοδασική έκταση στην περιοχή Παλαιά Κρωβύλη, στον δήμο Μαρωνείας – Σαπών, #Ροδόπη. Κινητοποιήθηκαν 42 #πυροσβέστες με 2 ομάδες πεζοπόρων της 7ης #ΕΜΟΔΕ, 10 οχήματα και 5 Α/Φ. Συνδρομή από υδροφόρες και μηχανήματα έργου #ΟΤΑ. — Πυροσβεστικό Σώμα (@pyrosvestiki) June 20, 2026 Во клисурата каде што избувна пожарот дуваат силни ветрови. Куќите засега не се во опасност, а пожарникарите вложуваат максимални напори за локализирање и ставање под контрола на пожарот. Тагови: грција пожар Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветСтејт департмент: Наредната рунда преговори меѓу Либан и Израел ќе се одржи во ВашингтонСледната рунда либанско-израелски преговори ќе се одржи од 23 до 25 јуни во Вашингтон, објави Стејт департментот по телефонскиот разговор меѓу американскиот државен секретар Марко Рубио и либанскиот претседател Џозеф Аун.За време на разговорите, Рубио „ја повтори потребата од разоружување“ на Хезболах и ја потврди „поддршката на Америка за напорите на владата во Бејрут за создавање целосно суверена либанска држава која е во мир со сите свои соседи“, изјави портпаролот на Стејт департментот, Томи Пигот, во соопштението, објави Ројтерс. Четвртата рунда разговори меѓу Израел и Либан се одржа на почетокот на јуни во Вашингтон, а денес висок израелски функционер изјави дека прекинот на огнот меѓу Израел и либанската милитантна група Хезболах стапува на сила, под услов Хезболах да не го нападне Израел. Порано, висок американски функционер изјави за Ројтерс дека Израел и Хезболах постигнале договор за прекин на огнот кој требаше да стапи на сила денес во 16 часот по локално време. Иако потпишаниот меморандум за разбирање постигнат меѓу САД и Иран вклучува прекин на офанзивните операции во Либан, Израелските одбранбени сили (ИДФ) порано денес ги продолжија операциите насочени кон членовите на Хезболах и инфраструктурата на југот на земјата. Според либанскиот претседател Џозеф Аун, во израелските напади во јужен и источен Либан загинале најмалку 18 лица, меѓу кои жени и деца.Тагови: Израел Либан Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаМицкоски: До крајот на месецов ќе заврши реконструкцијата на Владата, ќе бидат опфатени и пониските ешалониДо крајот на месецов треба да заврши реконструкцијата на Владата и списокот со измените до 1 јули да се најде пред пратениците, изјави премиерот Христијан Мицкоски.Вчерашната средба со коалициониот партнер ВЛЕН поминала во конструктивна атмосфера, а за денеска, во 14 часот е закажана средбата со вториот коалиционен партнер – ЗНАМ. Мицкоски денеска остана доследен на соопштението од Владата и не сакаше да изнесува повеќе детали од разговорите, но откри дека се разгледуваат и опции за промена на ресори. – Во интерес на процесот не би зборувал премногу околу конкретни кадровски решенија, имиња и слично. Се разгледуваат секакви опции. Се разгледуваат опции за промена на ресори, така што мислам дека многу бргу ќе го затвориме овој прв дел од процесот во условно кажано првиот ешелон. Денеска ќе видиме со ЗНАМ, во два часот имаме состанок со нив. Ќе разговараме отворено за сите добри страни, но и слабости, се разбира така што до крајот на следната недела, како што кажавме и до крајот на јуни да сето ова го формализираме и најдоцна до први јули списокот да се најде во Парламент, рече премиерот. По реконструкцијата на Владата, Мицкоски најавува промени и во другите структури и на локално ниво. – На локално ниво имаме прилично голема бројка на директори на јавни претпријатија и имаме свои мислења за работата на дел од нив. Имаме места каде што можеме подобро. Имаме места каде што сме исклучително задоволни, изјави Мицкоски.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски: До крајот на месецов ќе заврши реконструкцијата на Владата, ќе бидат опфатени и пониските ешалони12:48Мицкоски од Карпош: Започна изградбата на нова детска градинка „Пролет“11:59ИЈЗ: Потврден прв случај на зика вирусот во земјава, пациентот се заразил на Малдивите08:20Закажана па откажана блокадата на бугарско – македонската граница15:00Васев ќе се брани од слобода, по една година помината во затворски притвор10:42
Мицкоски: До крајот на месецов ќе заврши реконструкцијата на Владата, ќе бидат опфатени и пониските ешалони12:48