СДСМ: Мицкоски панично ја брани Алта банка – Савески веднаш да постапи по кривичната пријава против Славески!
2СДСМ: Мицкоски панично ја брани Алта банка – Савески веднаш да постапи по кривичната пријава против Славески!
3ВМРО-ДПМНЕ: Документите ги демантираат манипулациите на Филипче и СДС, Алта банка немала забрана во ЕУ
ЕвропаБританија и Франција на удар на топлотен бран- рекордните температури достигнуваат и над 40 степениВелика Британија и Франција се соочуваат со интензивен топлотен бран што може да донесе рекордни температури, „тропски ноќи“ и здравствени ризици на почетокот на следната недела, предупредија метеоролошките служби на двете земји.Метеоролошката служба на Велика Британија издаде жолто предупредување за екстремна топлина за понеделник и вторник за поголемиот дел од југоисточна Англија, вклучително и Норфолк, како и делови од Јужен Велс, објави Скај њуз. Температурите во јужна Англија би можеле да достигнат околу 30 степени Целзиусови во недела, додека се предвидуваат понатамошни топлотни бранови за почетокот на следната недела, со максимални температури до 34 степени. Метеоролозите велат дека постои 40 проценти шанса да се сруши јунскиот температурен рекорд од 35,6 степени Целзиусови, поставен во 1957 и 1976 година. Високи температури се очекуваат и во други делови од земјата, вклучувајќи го Манчестер со 29 степени, Њукасл со 27, Глазгов со 25 и Белфаст со 24 степени Целзиусови. Особено загрижувачка е високата влажност, која ќе биде повисока отколку за време на претходниот топлотен бран. Во некои области се очекуваат таканаречени „тропски ноќи“, кога температурата во текот на ноќта не паѓа под 20 степени Целзиусови. Британската агенција за безбедност на здравјето повика на посебна претпазливост кога станува збор за постарите лица и граѓаните со хронични здравствени проблеми. Франција се соочува со уште поизразен топлотен бран, објави BFM. Портокалово предупредување за топлотен бран е на сила денес во 60 департмани, или речиси две третини од земјата. Се очекува максималните температури да бидат помеѓу 35 и 38 степени Целзиусови, додека ноќните температури ќе останат над 20 степени во многу области. Француската метеоролошка агенција Метео-Франс предупреди дека сегашниот топлотен бран може да биде сличен по времетраење и интензитет на оние од јули 2019 и август 2003 година. Експертите велат дека предупредувањето може дополнително да се заостри во наредните денови, при што некои региони ќе се движат кон највисокото, црвено ниво на тревога. Францускиот министер за внатрешни работи Лоран Нуњез предупреди дека дневните температури би можеле да достигнат 40 степени Целзиусови, додека во некои области ноќните температури би можеле да останат околу 30 степени. Поради ситуацијата, францускиот премиер Себастијан Ле Корнеј свика меѓуресорски кризен состанок во Министерството за внатрешни работи, на кој присуствуваат 14 министри. Целта на состанокот е да се координираат владините служби за да се одговори на последиците од екстремната топлина. Метеоролозите во Франција, исто така, предупредуваат дека високите температури во северната половина од земјата би можеле да доведат до локално силни грмотевици. Британските служби за безбедност и спасување ги повторија предупредувањата до граѓаните да бидат внимателни при влегување во морето, езерата и реките. Иако надворешните температури се многу високи, температурата на водата останува значително пониска, што може да предизвика студен шок, паника и отежнато дишење, велат експертите. Според британските власти, за време на претходниот топлотен бран во мај, кога беше забележан нов рекорд за месецот од 35,1 степени Целзиусови, најмалку 15 лица го загубија животот, вклучувајќи девет деца.Тагови: топлотен бран Франција Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаЉупчо Пренџов избран за заменик на генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕПратеникот Љупчо Пренџов е избран за заменик на генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Драган Ковачки. Одлуката ја донел партискиот Извршен комитет на седницата одржана на 12 ноември, објави Пренџов на Фејсбук.Тој му се заблагодари на лидерот Христијан Мицкоски за довербата и на членовите на Извршниот комитет за поддршката, оценувајќи го изборот како ново поглавје во својот политички ангажман. „Довербата е обврска. Одговорноста е да се оправда со работа и резултати“, напиша Пренџов. Пренџов претходно беше организациски секретар на Граѓанската опција за Македонија (ГРОМ), а во март 2017 година беше избран за потпретседател на таа партија. Во Собранието влезе во 2020 година како претставник на ГРОМ, од листата на коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ. Драган Ковачки беше избран за генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ на 6 февруари годинава, кога Централниот комитет го избра и новиот состав на Извршниот комитет.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
РакометВо сабота во малата сала на СЦ „Јане Сандански“ ракометно дерби, Вардар- АлкалоидВо сабота нè очекува уште едно големо ракометно дерби – Вардар против Алкалоид. Видеолотарија и навивачите со силна подршка на трибините за црвено-црните.Дерби-натпреварот меѓу Вардар и градскиот ривал Алкалоид, закажан за сабота, 14 ноември, со почеток во 18:30 часот, ќе се одигра во СЦ „Борис Трајковски“, наместо во малата сала на СЦ „Јане Сандански“. ВЛТ е со Вардар! Ги повикуваме сите навивачи во сабота да бидат дел од црвено-црната енергија и со гласна поддршка да му помогнат на тимот во дербито. Вардарци, се гледаме во СЦ „Борис Трајковски“!Тагови: РК Вардар Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаСДСМ: Мицкоски панично ја брани Алта банка – Савески веднаш да постапи по кривичната пријава против Славески!Колку повеќе прашања за одговорност се отвораат за Алта банка, толку по панично Христијан Мицкоски ја брани. Од што се плаши Мицкоски најмногу? Од вистината. Од тоа што ќе го покажат документите за влезот на Алта банка во Македонија, што ќе се откие потеклото на капиталот, трансакциите и сметките и ќе ги потврдат неговите врски со криминалниот картел на Вучиќ. Мицкоски и Трајко Славески ја донесоа Алта банка во Македонија, ја внесоа пералницата на пари на Вучиќ. Славески јавно призна дека одлуката ја донел по консултации со Мицкоски. Во Србија има истрага, Алта банка е под стечај, сопственикот е приведен, се истражуваат 380 милиони евра. Дури се споменуваат сомнежи и за печатење пари. Во Македонија граѓаните не можат да дојдат до своите пари а Мицкоски и Славески сакаат да го заташкаат скандалот за да се спасат од одговорност. Обвинителот Ненад Савески треба да го прекине молкот и веднаш да постапи по кривичната пријава што ја поднесе СДСМ. Гувернерот Трајко Славески има директна одговорност. Основани се сомненијата за несовесно работење во службата и злоупотреба на службената положба и овластување при одобрувањето на преземањето на банката и спроведувањето на надзорот. Зошто не биле направени потребните проверки на сопственикот Давор Мацура, потеклото на капиталот за кој има инофрмации дека е од криминал и дрога, зошто не се пресметале ризиците? Савески треба да преземе мерки на претпазливост, вклучително привремена забрана за вршење на должноста на Трајко Славески, за да се спречи влијание врз сведоците, уништување на документацијата и доказите. Обвинителството мора да покаже дека работи независно и по закон. Скандалот со Алта банка нема да се заташка. Правдата доаѓа. Од Мицкоски до Славески – сите ќе одговараат! Скопје, 13.11.2026 година СДСМКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСкопје го одбележува Денот на ослободувањето – 13 Ноември08:49По кривичната од Народна банка и СДСМ поднесоа кривична пријава против Славески и одговорни лица во НБРМ 15:00Продолжението на надзорната расправа во Собранието за АЛТА банка ќе биде дополнително утврдено 08:32Мицкоски: Уште во 2023 владата на СДСМ и ДУИ му дава насока на правобранителството да влезе во деловни односи со Давор Мацура18:20Лукаревска до Славески: Го урнисавте банкарскиот сектор, поднесете си оставка 15:16
По кривичната од Народна банка и СДСМ поднесоа кривична пријава против Славески и одговорни лица во НБРМ 15:00
Мицкоски: Уште во 2023 владата на СДСМ и ДУИ му дава насока на правобранителството да влезе во деловни односи со Давор Мацура18:20