3Која селекција е најблиску до светскиот трон?! Аргентина, Франција, Шпанија и Англија во битка за трофејот
Веб ТВ„Само Вистина“ со Љубомир Гајдов - 22.04.2026 - 1 делFollow Kanal5 on... • FB: https://smarturl.it/fb5 • IG: https://smarturl.it/Ig5 • ТТ: https://tinyurl.com/59kck7ap • Web: https://kanal5.com.mk/ © & ℗ Kanal5 & IN Media. All Rights ReservedКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСин со нож го убил татко си, кој претходно ја нападнал мајка му15:00Убиство во Скопје: Син со нож го убил татко си кој претходно ја нападнал неговата мајка10:58Сиљановска-Давкова: „Охридско лето“ е извор на поетика на мирот и на љубовта, а уметноста е насушна потреба и придобивка08:29По апелот на млада кумановка дека стравува од таткото алхохоличар, тој ќе биде хоспитализиран во Демир Хисар17:5516-годишник со нож тешко повредил 14-годишник во Сарај15:09
Сиљановска-Давкова: „Охридско лето“ е извор на поетика на мирот и на љубовта, а уметноста е насушна потреба и придобивка08:29
По апелот на млада кумановка дека стравува од таткото алхохоличар, тој ќе биде хоспитализиран во Демир Хисар17:55
КошаркаВаланчунас се врати во Европа Литванската кошаркарска ѕвезда Јонас Валанчунас (34) ќе потпише двегодишен договор со Жалгирис.Според локалните медиуми, едногодишната сага е завршена и Валанчунас се враќа во својата татковина. Валанчунас се врати во Европа, по 14 години поминати „преку барата“. Изминатата сезона ја помина во Денвер, каде што пристигна откако неговиот трансфер во Панатинаикос не успеа. Валанчунас ја започна својата кариера во Лиетвос Ритас, најголемиот ривал на Жалгирис. Во НБА, тој ги носеше дресовите на Торонто, Мемфис, Њу Орлеанс, Вашингтон, Сакраменто и Денвер.Тагови: Евролигата Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ТехнологијаАмерика употреби ново оружје против Иран! За првпат се употребени поморски дронови-камиказиАмерика употреби ново оружје против Иран! Изведен е уште еден бран напади, а за првпат се употребени поморски дронови-камикази – како одговор на одмаздата на Револуционерната гарда.САД за првпат употребија поморски дронови-камикази против Иран во нов бран напади, на што Револуционерната гарда одговори со одмазднички акции. Централната команда на американската војска (CENTCOM) соопшти дека го „завршила“ новиот бран офанзивни напади врз Иран, при што биле погодени десетици цели на повеќе локации. „Скај њуз“ пренесува дека според CENTCOM, целта на нападот била да се намали способноста на Иран „да продолжи да го напаѓа меѓународниот поморски сообраќај низ Ормускиот Теснец“. Британската телевизија известува дека САД за прв пат користеле камикази дронови за морнарички напад во најновиот бран напади врз Иран. Морнарички дронови натоварени со експлозив се распоредени заедно со борбени авиони, бродови и камикази дронови за воздушен напад.Тагови: САД Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветОсуден поранешен претседател на Јужна КорејаОкружниот суд во Сеул денес го осуди поранешниот јужнокорејски претседател Јун Сук-јол на две години затвор откако го прогласи делумно за виновен за нелегално примање политички средства во форма на бесплатни анкети на јавното мислење.Централниот окружен суд во Сеул утврди дека Јун го прекршил Законот за политички фондови, што е различна пресуда од посебен судски случај во кој неговата сопруга, поранешната прва дама Ким Кион-хи, беше ослободена од обвинението врз истата основа, објави Јонхап. Специјалниот обвинител претходно поднесе обвинение против Јун, обвинувајќи го него и неговата сопруга дека од април 2021 до март 2022 година добиле вкупно 58 анкети на јавното мислење бесплатно од Мјунг Тае Кјун, кој се претставувал како политички посредник, со проценета вредност од околу 270 милиони вони, што одговара на околу 158.000 евра. Судот утврди дека во тој период Јун бесплатно добил 14 анкети за јавното мислење и, покрај затворската казна, нареди конфискација на имотна корист во износ од 13,9 милиони вони, односно околу осум илјади евра. Според пресудата, прифатено е тврдењето на специјалното обвинителство дека Џун ветил дека ќе ја поддржи кандидатурата на поранешниот пратеник Ким Џонг Сун како кандидат на конзервативната Партија на народната моќ на дополнителните избори во јуни 2022 година во замена за анкети на јавното мислење. Со истата пресуда, Мјунг Тае Кјун е осуден на 18 месеци затвор. Специјалното обвинителство побара казна од четири години затвор за Јун и три години затвор за Мјунг. Бранителите на поранешниот претседател најавија жалба против денешната пресуда.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter