Општина Кисела Вода: Игралиштето на улица „Ѓорѓи Сугаре“ кое беше вандализирано, е санирано и повторно безбедно за игра
2Општина Кисела Вода: Игралиштето на улица „Ѓорѓи Сугаре“ кое беше вандализирано, е санирано и повторно безбедно за игра
3Која селекција е најблиску до светскиот трон?! Аргентина, Франција, Шпанија и Англија во битка за трофејот
МакедонијаМисајловски најави дека ќе се реконструира Домот на АРМ, ќе се вложат околу 10 милиони евраЦелосна реконструкција на објект во „Ќојлија“, Домот на АРМ и хотелот „Шар“, реконструкција на воениот стадион и спортските терени, како и изградба на нова спортска сала во Воената академија, најави денеска министерот за одбрана Владо Мисајлов.Целосна реконструкција на објект во „Ќојлија“, Домот на АРМ и хотелот „Шар“, реконструкција на воениот стадион и спортските терени, како и изградба на нова спортска сала во Воената академија, најави денеска министерот за одбрана Владо Мисајловки, кој денеска беше на увид во градежните работи во касарната „Ќојлија“. Мисајловски најави дека реконструкцијата во „Ќојлија“ во кој се вложуваат над 10 милиони денари ќе биде завршена во септември, а паралелно се работи и во Велес, Прилеп и Штип. Вкупно се работи на околу 20 проекти, со вредност од над 3 милиони евра. Тој информираше дека е подготвена техничка документација за повеќе капацитети, меѓу кои домот на армијата, за кој е подготвена проектна документација со проценета вредност од околу десет милиони евра, како и за хотелот „Шар“, а следната година ќе започне нивната целосна реконструкција. Тој посочи дека капиталните проекти ќе продолжат со реконструкција на воениот стадион и спортските терени, како и изградба на нова спортска сала во Воената академија. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаСДСМ: Нов ценовен удар за граѓаните, народот плаќа а на Мицкоски око не му трепнуваНов ценовен удар за граѓаните - горивата денеска повторно поскапеа, втор пат за две недели. Уште едно поскапување после најавите на Мицкоски дека цените ќе се намалат.Ова ново поскапување на горивата ќе значи и поскап транспорт, повисоки трошоци за компаниите и нов бран на веќе поскапените цени на храната за кои Мицкоски не презеде никакви мерки. За 10 илјади денари е поскапена синдикалната кошничка за последните 2 години и надмина 70.000 денари. Сметката повторно ја плаќаат граѓаните, кои крај со крај не можат да врзат во месецот. Луѓето живеат крпен живот. Го бројат секој денар, прават невозможни математики како да го протуркаат месецот, со платата која едвај стигнува за храна, а не па за сметки или други потреби. На Мицкоски баш му е гајле, око не му трепнува. СДСМ со месеци предлага конкретни решенија, замрзнување на маржите на основните прехранбени производи, поддршка за најранливите категории, повисока минимална плата и мерки за заштита на стандардот. Мицкоски и неговата ВМРО одбија се што е во интерес на граѓаните, затоа што не им е грижа за граѓаните, важно им е само како да украдат од народот за да има повеќе за нивните партиски тендери. СДСМТагови: СДСМ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаОпштина Кисела Вода: Игралиштето на улица „Ѓорѓи Сугаре“ кое беше вандализирано, е санирано и повторно безбедно за играДетското игралиште на улицата „Ѓорѓи Сугаре“ од денес е повторно целосно уредено и безбедно за игра на најмладите.По неодамнешниот вандалски чин, во кој реквизитите беа намерно уништени со полевање со моторно масло, екипите на Општина Кисела Вода веднаш излегоа на терен и го санираа оштетувањето. -Детското игралиште на ул. „Ѓорѓи Сугаре“ е повторно безбедно и подготвено за игра. Нашите екипи веднаш по пријавата излегоа на терен и ја завршија санацијата на реквизитите кои минатата седмица беа цел на намерно уништување и полевање со моторно масло. Најостро го осудувам овој чин на намерно уништување. Недозволиво е просторот каде што нашите деца треба да се радуваат и да се дружат, да биде цел на ваков срамен вандализам. Како општина, континуирано вложуваме сериозни средства за изградба на нови и обнова на постоечките игралишта, со цел да овозможиме подобри услови за сите. За жал, кога неодговорни поединци намерно ги оштетуваат овие капацитети, средствата кои треба да се инвестираат во нови проекти, мораме да ги пренасочуваме за поправки и чистење на веќе изграденото. Со цел да се спречат вакви инциденти во иднина, Општина Кисела Вода воведува засилен инспекциски надзор на јавните површини. Воедно, испраќам силен апел до сите граѓани дека чувањето на јавните добра е наша заедничка граѓанска должност. Доколку забележите какво било деструктивно однесување, веднаш пријавете кај надлежните институции, за сторителите да бидат соодветно санкционирани. Да бидеме совесни и заедно да го чуваме просторот каде што растат нашите деца-истакна градоначалничакта Бети Стаменковска Трајковска.Тагови: Кисела Вода Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСин со нож го убил татко си, кој претходно ја нападнал мајка му15:00Убиство во Скопје: Син со нож го убил татко си кој претходно ја нападнал неговата мајка10:58Сиљановска-Давкова: „Охридско лето“ е извор на поетика на мирот и на љубовта, а уметноста е насушна потреба и придобивка08:29По апелот на млада кумановка дека стравува од таткото алхохоличар, тој ќе биде хоспитализиран во Демир Хисар17:5516-годишник со нож тешко повредил 14-годишник во Сарај15:09
Сиљановска-Давкова: „Охридско лето“ е извор на поетика на мирот и на љубовта, а уметноста е насушна потреба и придобивка08:29
По апелот на млада кумановка дека стравува од таткото алхохоличар, тој ќе биде хоспитализиран во Демир Хисар17:55
МакедонијаОпштина Карпош: Целосно реконструирано детско игралиште во У.З. Кузман Јосифовски ПитуОпштина Карпош ја заврши комплетната реконструкција на детското игралиште кое се наоѓа во у.з. Кузман Јосифовски Питу, помеѓу зградите на улицата „Јуриј Гагарин“ бр.25 и 35.Во рамки на реконструкцијата беа обновени сите детски реквизити и пропратната урбана опрема со што игралиштето доби нов, побезбеден и пофункционален изглед. Со оваа инвестиција значително ги подобруваме условите за игра, рекреација и дружење на намладите жители на овој дел од општината. Општина Карпош и во наредниот период ќе продолжи со реконструкција и обновување на останатите детски игралишта на целата своја територија. Алепираме до сите граѓани совесно и одговорно да ги користат и чуваат детските реквизити и урбаната опрема, бидејќи нивното зачувување е заедничка одговорност и придонесува за побезбедна и поуредна средина за сите. Општина КарпошТагови: Општина Карпош Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter