„Само Вистина“ со Илија Димовски - 25.05.2026 - 2 дел - Канал 5

„Само Вистина“ со Илија Димовски - 25.05.2026 - 2 дел

„Само Вистина“ со Илија Димовски - 25.05.2026 - 2 дел
Follow Kanal5 on... • FB: https://smarturl.it/fb5 • IG: https://smarturl.it/Ig5 • ТТ: https://tinyurl.com/59kck7ap • Web: https://kanal5.com.mk/ © & ℗ Kanal5 & IN Media. All Rights Reserved

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Повикани 13 лица поради ширење на лажни информации за водата во Скопје, но не се знае кој прв почнал

МВР засега нема поднесено пријава во случајот со објавите на социјалните мрежи дека водата во Скопје е загадена.

 Повикани 13 лица поради ширење на лажни информации за водата во Скопје, но не се знае кој прв почнал

Досега 13 лица биле повикани на информативен разговор за ширење на паниката со наводноот загадуваењ на водата за пиење..Од МВР велат дека Секторот за компјутерски криминал ќе продолжи да ги следи објавите на социјалните мрежи за евентуално ширење дезинформации и предизвикување паника.

Предмет засега нема отворено ниту Обвинителството. Оттаму за Канал 5 велат дека се чека полицијата да утврди дали во конкретните случаи постојат елементи за понатамошно постапување. Доколку МВР поднесе пријава, Обвинителството ќе постапи во зависност од тоа дали и какво кривично дело евентуално ќе биде утврдено.

И покрај информациите што пред два дена се појавија во јавноста за квалитетот на водата од градскиот водовод и предизвикаа вознемиреност кај дел од јавноста, денеска меѓу скопјани нема паника. Граѓаните со кои разговаравме велат дека не стравуваат и продолжуваат да ја пијат водата од градскиот водовод.

Објавите за наводно присуство на бактеријата „ешерихија коли“ во скопската вода завчера брзо се проширија на социјалните мрежи. Информациите потоа беа демантирани од ЈП „Водовод и канализација“, Министерството за здравство и градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, кои беа децидни дека водата во скопје е безбедна и дека редовно се следи состојбата.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фараж се врати во британскиот парламент — победи на изборите што самиот ги предизвика

Најџел Фараж, лидерот на британската десничарска партија за независност на Обединетото Кралство, повторно освои пратеничко место на изборите што самиот ги предизвика минатиот месец, поднесувајќи оставка поради контроверзиите околу неговите финансии.

Фараж се врати во британскиот парламент — победи на изборите што самиот ги предизвика

Традиционалните партии ги бојкотира дополнителните избори, откако Фараж се обиде гласањето да го претстави како референдум за неговата борба против „естаблишментот“. Поради тоа, негов главен противкандидат беше комедијантот Џонатан Харви преправен во сатиричниот лик „Гроф Бинфејс“, кој успеа да освои повеќе од четвртина од гласовите.

Костимираниот кандидат познат како „Гроф Бинфејс“, кој редовно учествува на избори и овојпат го освои второто место.

Фараж е предмет на парламентарна истрага поради тоа што не пријавил донација од пет милиони фунти, односно 6,7 милиони долари, од инвеститор во криптовалути со седиште во Тајланд, пред изборите во 2024 година.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Загина 19-годишна девојка откако пијан струмичанец со возило удрил во мотоцикл

Деветнаесетгодишна девојка загина, а возач на мотоциклот е повреден во сообраќајна несреќа што се случила синоќа на магистралниот пат Струмица – Граничен премин „Ново Село“, во атарот на селото Турново.

Загина 19-годишна девојка откако пијан струмичанец со возило удрил во мотоцикл

Несреќата била пријавена околу 23:30 часот, а во неа учествувале патничко возило „сеат леон“ со струмички регистарски ознаки, управувано од 29 годишниот С.Б. од струмица, и мотоцикл без регистарски ознаки, управуван од 19-годишниот А.Д. од селото Иловица.

Од здобиените повреди на самото место починала 19-годишната К.Ј., која била сопатничка на мотоциклот, а возачот на мотоциклот бил пренесен во медицинскиот центар во Струмица.

При извршеното алкотестирање, кај 29-годишниот возач на автомобилот било утврдено присуство на 1,75 промили алкохол во крвта, по што тој веднаш бил лишен од слобода.

Полициската истрага, исто така, утврдила дека 19-годишниот возач го управувал мотоциклот без тој да биде регистриран, како и пред да се стекне со право за управување со моторно возило.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер