Голема меѓународна полициска акција: Разбиена криминална група за трговија со дрога, запленети околу 300 килограми марихуана
1Голема меѓународна полициска акција: Разбиена криминална група за трговија со дрога, запленети околу 300 килограми марихуана
2 Повикани 13 лица поради ширење на лажни информации за водата во Скопје, но не се знае кој прв почнал
Mладите ракометарки од Ѓорче Петров најдобри во Македонија ќе настапат на меѓународното „Pлазма“ финале во Сплит
2Mладите ракометарки од Ѓорче Петров најдобри во Македонија ќе настапат на меѓународното „Pлазма“ финале во Сплит
Шоу бизБургас ја доби „Евровизија“, а цените за сместување полудеа над 25.000 евра за шест ноќевањаСамо неколку часа откако Бургас беше официјално прогласен за домаќин на „Евровизија“ за 2027, хотелите во градот нагло ги зголемија цените за датумите околу 13 – 16 мај в година.Платформите за резервации веќе покажуваат понуди меѓу 650 и над 4.000 евра по ноќ. Највисоката регистрирана понуда за престој околу неделата на натпреварот, сепак, е 25.000 евра за 6 ноќевања за двајца возрасни. За споредба, тој апартман чини 850 евра за ист број ноќевања во август 2026 година. Општина Бургас потврди дека почнува организациски подготовки за сместувањето и може да понуди 155.000 кревети во хотели со категорија од една до пет ѕвездички.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаГолема меѓународна полициска акција: Разбиена криминална група за трговија со дрога, запленети околу 300 килограми марихуанаСузбиена е меѓународна криминална група осомничена за трговија со наркотици.Во голема меѓународна полициска акција, која во изминатиот период се спроведуваше координирано на територијата на повеќе држави, сузбиена е меѓународна криминална група осомничена за трговија со наркотици, при што се уапсени неколку лица, а запленети се околу 300 килограми марихуана. Во акцијата од македонска страна учествуваше Министерството за внатрешни работи преку Одделот за криминалистичка полиција, во координација и соработка со мешовити полициски тимови од Косово и Грција. Истражните активности се спроведуваа под водство на надлежните обвинители од Македонија, Косово и Грција. Станува збор за меѓународна операција која е резултат на подолготрајна соработка, координација и размена на оперативни информации меѓу полициските и правосудните органи на трите земји. Преку заедничкото постапување биле следени активностите на криминалната група, по што биле преземени координирани полициски дејствија за нејзино сузбивање. Во рамки на досегашните активности се уапсени неколку лица за кои постои сомнение дека биле дел од меѓународната криминална група, а запленети се околу 300 килограми марихуана наменета за нелегална трговија. Полициската операција сè уште не е завршена. Истражните дејствија продолжуваат во текот на денот во Македонија и Косово, како и во наредниот период, со цел целосно расчистување на случајот, утврдување на улогата на лицата опфатени со истрагата и откривање на сите околности поврзани со функционирањето на криминалната група. Поради тоа што истрагата е активна, дополнителни детали за бројот на опфатени лица, начинот на дејствување на групата и останатите преземени активности се очекуваат по завршувањето на соодветните истражни постапки. Акцијата претставува уште една потврда за решеноста на македонската полиција да се спротивстави на организираниот криминал и меѓународната трговија со наркотици, преку сериозен и професионален пристап, оперативна работа и брза размена на информации со меѓународните партнери. Борбата против организираниот криминал не завршува на државните граници, поради што соработката меѓу полициските и правосудните институции од регионот останува еден од клучните механизми за откривање и сузбивање на криминалните мрежи кои дејствуваат на територијата на повеќе држави. Надлежните институции ќе продолжат со активностите, а повеќе информации за резултатите од операцијата се очекуваат по завршувањето на истражните дејствија.Тагови: мвр Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Македонија Повикани 13 лица поради ширење на лажни информации за водата во Скопје, но не се знае кој прв почналМВР засега нема поднесено пријава во случајот со објавите на социјалните мрежи дека водата во Скопје е загадена.Досега 13 лица биле повикани на информативен разговор за ширење на паниката со наводноот загадуваењ на водата за пиење..Од МВР велат дека Секторот за компјутерски криминал ќе продолжи да ги следи објавите на социјалните мрежи за евентуално ширење дезинформации и предизвикување паника. Предмет засега нема отворено ниту Обвинителството. Оттаму за Канал 5 велат дека се чека полицијата да утврди дали во конкретните случаи постојат елементи за понатамошно постапување. Доколку МВР поднесе пријава, Обвинителството ќе постапи во зависност од тоа дали и какво кривично дело евентуално ќе биде утврдено. И покрај информациите што пред два дена се појавија во јавноста за квалитетот на водата од градскиот водовод и предизвикаа вознемиреност кај дел од јавноста, денеска меѓу скопјани нема паника. Граѓаните со кои разговаравме велат дека не стравуваат и продолжуваат да ја пијат водата од градскиот водовод. Објавите за наводно присуство на бактеријата „ешерихија коли“ во скопската вода завчера брзо се проширија на социјалните мрежи. Информациите потоа беа демантирани од ЈП „Водовод и канализација“, Министерството за здравство и градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, кои беа децидни дека водата во скопје е безбедна и дека редовно се следи состојбата. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветФараж се врати во британскиот парламент — победи на изборите што самиот ги предизвикаНајџел Фараж, лидерот на британската десничарска партија за независност на Обединетото Кралство, повторно освои пратеничко место на изборите што самиот ги предизвика минатиот месец, поднесувајќи оставка поради контроверзиите околу неговите финансии.Традиционалните партии ги бојкотира дополнителните избори, откако Фараж се обиде гласањето да го претстави како референдум за неговата борба против „естаблишментот“. Поради тоа, негов главен противкандидат беше комедијантот Џонатан Харви преправен во сатиричниот лик „Гроф Бинфејс“, кој успеа да освои повеќе од четвртина од гласовите. Костимираниот кандидат познат како „Гроф Бинфејс“, кој редовно учествува на избори и овојпат го освои второто место. Фараж е предмет на парламентарна истрага поради тоа што не пријавил донација од пет милиони фунти, односно 6,7 милиони долари, од инвеститор во криптовалути со седиште во Тајланд, пред изборите во 2024 година.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вести Повикани 13 лица поради ширење на лажни информации за водата во Скопје, но не се знае кој прв почнал15:00После повеќе од 33 часа пожарникарите од ТППЕ Битола ги изгаснаа пожарите во повеќе села во Општина Могила, Новаци и Битола12:20Стабилна е состојбата со пожарите изјави утринава директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Стојанче Ангелов08:21Крај на кризата во Гостивар? Од утре се очекува укинување на забраната за пиење вода15:00Шестмина се приведени за пораките дека во водата во Скопје е пронајдена бактерија08:42
Повикани 13 лица поради ширење на лажни информации за водата во Скопје, но не се знае кој прв почнал15:00
После повеќе од 33 часа пожарникарите од ТППЕ Битола ги изгаснаа пожарите во повеќе села во Општина Могила, Новаци и Битола12:20
Стабилна е состојбата со пожарите изјави утринава директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Стојанче Ангелов08:21