3СДСМ: Среде криминалниот скандал со Алта банка, судството под контрола на Мицкоски го ослободува Боки 13
Шоу бизСелена Гомез ги измамила инвеститорите? Поп-ѕвездата сега е тужена!Поп-ѕвездата Селена Гомез се најде во центарот на судски спор откако инвеститори ја обвиниле дека не ги исполнила ветувањата поврзани со нејзиниот стартап за ментално здравје. Поп-ѕвездата Селена Гомез е обвинета за измама од страна на инвеститори кои тврдат дека не ги исполнила ветувањата дека ќе ја искористи својата светска слава и огромниот број следбеници на социјалните мрежи за промоција на нејзиниот стартап за ментално здравје, кој пропаднал минатата година. Стартапот Wondermind Global Inc. во 2022 година наводно тврдел дека вреди 95 милиони долари, кога од инвеститорите побарал средства за развој на производи, меѓу кои и мобилна апликација, се наведува во тужбата поднесена во четвртокот пред федералниот суд во Делавер. Гомез, една од основачите, била „главен директор за влијание“ и раководителка за маркетинг, според тужбата. Дали ги измамиле инвеститорите? Според тужбата поднесена од пет инвеститори, Wondermind ги претставувал своите перспективи подобри отколку што биле и никогаш не ги развил производите или не ги остварил приходите што ги ветил. Инвеститорите тврдат дека Гомез ги занемарила своите договорни обврски кон компанијата, делумно поради „долготрајни лични несогласувања“ со нејзината мајка, Манди Тифеј, која била коосновачка и коизвршна директорка. „Иницијативите никогаш не се реализираа. Апликацијата никогаш не беше направена. А во текот на три години, додека компанијата тивко се распаѓаше, ниту еден од основачите, директорите или раководителите не им кажал ништо на инвеститорите“, пишуваат адвокатите во тужбата. Гомез го основала Wondermind во 2021 година со својата мајка и Даниел Пирсон, основачка на билтенот за поп-култура Newsette. Компанијата се фокусирала на таканаречената „ментална кондиција“ и промовирала навики за одржување на менталното здравје, слично на начинот на кој луѓето користат фитнес-центри за физичка форма. Гомез, Тифеј и Пирсон, кои се наведени како тужени, не одговориле веднаш на барањата за коментар. Во првата инвестициска рунда во 2022 година, компанијата собрала 5 милиони долари од инвестициски фондови и компании, меѓу кои фондот на тениската легенда Серена Вилијамс, Lightspeed Venture Partners и Sequoia Capital. Од таа сума, 1,2 милиони долари инвестирале петте лица кои сега ја поднеле тужбата, меѓу кои и поранешниот извршен директор на Allergan, Брент Саундерс. Инвеститорите биле привлечени од ветувањето дека Wondermind ќе може да стигне до публика од повеќе од 500 милиони луѓе преку каналите на Гомез на социјалните мрежи, се наведува во тужбата. Наводни лажни партнерства Во тужбата се тврди и дека компанијата лажно претставувала дека обезбедила институционални партнерства со работодавачи, меѓу кои JPMorgan Chase и Fidelity, како и дека започнала различни иницијативи за остварување приходи. Инвеститорите тврдат дека за финансиските проблеми на компанијата дознале преку напис објавен во септември 2025 година во The Cut. Во тужбата се наведува дека написот открил детали за наводното „занемарување на обврските“ на Гомез кон компанијата и нејзините наводни обиди да се дистанцира од Wondermind. Тужителите ги обвинуваат Гомез и останатите тужени за прикривање на оперативните, финансиските и раководните проблеми на компанијата. Инвеститорите сега преку судска постапка се обидуваат да ги повратат вложените средства. Важно: ова се наводи од тужбата и не значи дека обвиненијата се докажани. Судот допрва треба да ги разгледа тврдењата на страните.Тагови: Селена Гомез Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиНародната банка воведе тримесечна привремена администрација во Алта банка15:08Тројца вработени во Народната банка се именувани за администратори на Алта банка 11:00Драматично пред затворените експозитури на „Алта банка“: Битолчани бараат да влезат внатре и да си ги земат парите15:00Уапсен Давор Мацура: Полицијата повеќе од 30 часа ја пребарувала банката11:39Вториот круг од вонредните локални избори во Општина Брвеница помина без инциденти10:38
Драматично пред затворените експозитури на „Алта банка“: Битолчани бараат да влезат внатре и да си ги земат парите15:00
МакедонијаРекордни 20 милиони трансакции во октомври преку платформите за интероперабилностОд шалтерите до дигиталните платформи.. Само во месец октомври преку Националната платформа за интероперабилност, која овозможува сигурна, брза и автоматска електронска размена на податоци и документи меѓу државните органи, институциите и одредени приватни компании, реализирани биле рекордни 20 милиони трансакции, соопшти министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски. „За споредба, тоа значи дека се реализираат речиси 650.000 трансакции дневно, а во 2024 година имало приближно 700.000 трансакции месечно. Денес достигнуваме број на трансакции што претходно се реализирале за цел месец. Овој раст се одразува и врз користењето на порталот за услуги ,на порталот за е-услуги регистрирани се 30.040 услуги што е нов рекорд по 29 илјади регистрирани во септември“,– Стефан Андоновски, министер за дигитална трансформација. Министерот Андоновски најави дека веќе оваа недела се очекува да биде достапна втората унапредена верзија од апликацијата М услуги со цел поедноставен пристап на граѓаните до електронските услуги. „Ова е еден почеток, јас и при самото лансирање реков дека станува збор за нов почеток на односот меѓу државата и граѓанинот.И драго ми е што над 30 илјади наши сограѓани веќе тоа го препознаваат и се корисници на апликацијата...Тоа се рефлектира и врз зголеменото користење на порталот. Очекувам дека во наредниот период, со воведувањето нови услуги и поширокото прифаќање на апликацијата, таа ќе заземе сериозно место во односот меѓу државата и граѓанинот“ -– Стефан Андоновски, министер за дигитална трансформација. И покрај напредокот на дигитализацијата, готовинското плаќање сè уште има доминантна улога во електронската трговија. Претседателката на Асоцијацијата за е-трговија на Македонија, Нина Ангеловска Станков, посочува дека податоците за картичните трансакции даваат само делумна слика за онлајн купувањето, бидејќи не ги опфаќаат плаќањата при достава. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиНародната банка воведе тримесечна привремена администрација во Алта банка15:08Тројца вработени во Народната банка се именувани за администратори на Алта банка 11:00Драматично пред затворените експозитури на „Алта банка“: Битолчани бараат да влезат внатре и да си ги земат парите15:00Уапсен Давор Мацура: Полицијата повеќе од 30 часа ја пребарувала банката11:39Вториот круг од вонредните локални избори во Општина Брвеница помина без инциденти10:38
Драматично пред затворените експозитури на „Алта банка“: Битолчани бараат да влезат внатре и да си ги земат парите15:00
МакедонијаМинистерството за здравство и СЗО организираа национална консултација за новиот Закон за лековиМинистерството за здравство, во соработка со Светската здравствена организација (СЗО), денеска организираше национална консултација за новиот Закон за лекови. Консултацијата е посветена на усогласувањето со законодавството на Европската унија и на унапредувањето на националната регулаторна рамка. Новиот закон ќе го замени Законот за лекови и медицински средства од 2007 година, кој досега е менуван повеќе од 20 пати. Досегашниот единствен закон се дели на два посебни закона: Закон за лекови и Закон за медицински средства. Во следната фаза ќе се издвои и посебен закон за фармацевтската (аптекарската) дејност. Консултацијата ја отвори министерот за здравство Сашо Клековски. -За пациентот, добро уреден систем за лекови значи навреме да ја добие потребната терапија, да има доверба во нејзиниот квалитет и безбедност и да добие точна информација за нејзината употреба. Според тоа треба да го оцениме и новиот закон, изјави министерот Клековски. Тој нагласи дека успехот на реформата ќе зависи од нејзината примена: „За секоја нова обврска мора да знаеме кој ја спроведува, со какви кадри и средства, по која постапка и во кој рок.“ На консултацијата беше претставена работната верзија на законот, со клучните новини и степенот на усогласеност со европското законодавство: директивата 2001/83/ЕЗ за лекови за хумана употреба, регулативата 536/2014 за клиничките испитувања, регулативата 1234/2008 за измените на одобренијата за ставање во промет и директивата 89/105/ЕЕЗ за транспарентност во одредување на цените. Земена е предвид и конвенцијата MEDICRIME на Советот на Европа за фалсификуваните медицински производи. Во дискусијата учествуваа претставници на надлежните институции, стручната и академската јавност, фармацевтската индустрија, дистрибутерите и здруженијата на пациенти. Тематските сесии опфатија четири области: регулаторниот систем и надлежностите; одобрувањето и ставањето лекови во промет; производството, дистрибуцијата и снабдувањето; клиничките испитувања и фармаковигиланцата. На крајот министерот Клековски предложи осум заклучоци: Забелешки: систематско разгледување на сите забелешки, со образложение за прифаќањето или неприфаќањето на секоја од нив; Усогласеност со ЕУ: јасно разграничување на одредбите што ќе се применуваат со влегувањето во сила на законот од оние поврзани со пристапувањето во ЕУ; Постапки: поедноставни постапки без намалување на стандардите; Снабдување: посилни механизми за континуитет во снабдувањето и јасни обврски при недостиг на лекови; Фармаковигиланца: јасна одговорност и поедноставено, електронски поддржано пријавување на несаканите реакции; План за имплементација: подготовка на план од страна на Министерството и МАЛМЕД; Кривичен законик: координација со работната група за новиот Кривичен законик; Рокови: утврдување временска рамка за доработка и доставување на законот во законодавна постапка. -Новиот Закон за лековите не смее да биде само формална законодавна обврска. Тој треба да биде основа за посилен регулаторен систем, поголема сигурност за пациентите и подобра достапност на терапиите, истакна министерот Клековски.Тагови: СЗО Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаСДСМ: Среде криминалниот скандал со Алта банка, судството под контрола на Мицкоски го ослободува Боки 13Среде оргомниот скандал со Алта банка, судството кое е под целосна контрола на Христијан Мицкоски го ослободува Боки 13.Во Србија истрага за Алта банка, кривични пријави, приведен сопственик, стечај. А во Македонија нема истрага, нема кривични пријави за Мицкоски и Славевски. Трајко Славевски вели „се е во ред“. Народот не може да дојде до своите пари, чека во редици во неизвесност само затоа што се штитат криминалните пари. На Мицкоски му треба некој за нови напади, нови дискредитации, нова црна кампања, нов дефокус. ЗНАМ е потрошен и веќе не постои, сателитите како Левица и ЗНАМ 2.0 не даваат резултат, разобличена е пропагандата на медиумите на Вучиќ и Орбан кои работат за Мицкоски. Затоа е пуштен Боки 13. На Мицкоски му е потребен нов мегафон. На криминалната банда на власт треба да им биде јасно дека ниту дефокус со Боки 13, ниту сателитите, ниту целата пропагандна машинерија нема да го спасат Мицкоски од одговорност. Бандата ќе одговара. СДСМТагови: СДСМ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter